Шокантно видео: Снимен дух како ја напушта жртвата на сообраќајка

Откако се случила сообраќајната несреќа, и се снимал извештајот за една телевизиска станица, на снимката се забележува како духот го напупта телото на еден од починатите во сообраќајката. На местото се присутни полицајци, брза помош и пожарникари, но никој ништо чудно не забележува.

Од цената на овој парфем ќе ви се заврти во главата

Парфимерија од Емиратите тврди дека направила најскап парфем на светот. Се вика Shamukh и има цена од неверојатни 1.295.000 -еден милион и двеста деведесет и пет илјади долари за количина од три литри. Тие тврдат дека работеле на овој парфем три години и направиле 494 проби

Парфемот е спакуван во шише од Италјански кристал, украсен со златен сокол и арапски коњи, ружи и глобус. Има 3571 дијамант, бисери и два килограма 18 каратно злато и околу 5 килограми сребро. Креаторите со ова сакаат да ја раскажат приказната за Дубаи. Парфемот содржи мошус, турска ружа, индијски агар и друго, се уште не е познато кога парфемот ќе се појави на пазарот меѓутоа сега може да се види на изложбата во Дубаи Маллу до 30 март.

Овој парфем се придружи на листата на скапи парфеми, според Гинис засега најскап е парфемот Clive Christian No.1 Imperial Majesty  кој се појави на пазарот во 2005 година по цена од 205.000 долари за 500 милилитри. 

Во 2011 година се појави парфемот DKNY на Golden Delicious со цена од 1 милион долари, изработен беше од бело и жолто злато и пркериен со 2700 дијаманти и 183 сафири, за количина од 100 милилитри непознат купувач плати  1 милион долари кои беа наменети за хуманитарни цели.

Дали мажите и жените имаат различни фантазии?

Интернет пПортал од Ирска анкетирал 2000 свои членови, за да дознае кои перверзии,  жените и мажите ги „пали“. Меѓутоа понежниот пол изненадил во анкетите.

Иако многу малку луѓе признаваат дека имаат сексуални фантазии кои понекогаш ги прогонуваат, меѓутоа и покрај фактот дека сите имаат различни афинитети сепак има многу совпаѓања кај мажите и жените.

Повеќе од 57 проценти од жените фантазираат за секс со  својот поранешен додека водат љубов со својот моментален партнер, додека 53 проценти од мажите  фантазираат за својата бивша девојка за време на сексот, меѓутоа само 16 проценти од мажите чуствуваат вина заради тоа.

На листата од сексуални фантазии се наоѓа и имитирањето на груби секс сцени од порно филмовите и секс со некоја славна личност.

На последно место во сексуалните фантазии се наоѓа групниот секс со пријателите, а 15 проценти од анкетираните фантазираат за секс на отворено и секс со униформирана личност.

Како тој успеа да украде пари од Фејсбук и Гоогле?

Неодамна беше објавено дека еден Литванец. успеал да ги „опљачка“ големите компании Фејсбук и Гоогле.

Евалдас Римасаускас ја признал вината за неколку финасиски кривични дела со кои од Фејсбук дрпнал 99 а од Гугл 23 милиони долари.

Шемата му била прилично дрска. Регистрирал литванска фиорма со исто име како азискиот производител на компјутерски хардвер Кванта Компјутери па на компаниите- жртви им праќал профактури за производи и услуги кои ниту ги побарале ниту ги добиле. Ама овие некако сето тоа сепак уредно си го плаќале. Фино ја проучил шемата за набавки па профактурите ги праќал проследени со лажни меморандуми, меил преписки и договори потпишани од надлежните во тие служби.

123 милиони долари подоцна, го фаќаат. Ја признава вината, се согласува да врати 50 милиони долари но со остатокот од 73 милиони засега никој точно не знае што ќе се случи бидејќи Римасаускас истовремено бил многу вешт и во перење пари за што му послужиле локации и сметки во Кипар, Литванија, Унгарија, Словачка и Латвија.

Единствен баг во неговата приказна е зашто за делата со кои се товари е предвидена затворска казна до 30 години.

Популарно