ВИДЕО: Најбогатиот Албанец на Балканот мини-град во Скопје

Бизнисменот Самир Мане, кој се смета за најбогатиот Албанец на Балканот, најави изградба на мини-град во Македонија. Тој планира овој град да го изгради на местото на Скопски саем, откако неговата компанија го доби тендерот за негово рушење и реализација на огромен објект во кој ќе бидат вклучени хотели, станбени објекти и трговски центар, пренесуваат медиумите на албански јазик.

 - Ќе почнеме да градиме град, но не во Албанија. Тоа е еден мини-град во Скопје, инвестиција од околу 300 милиони евра. Градот содржи 1.400 стана, голем трговски центар и четири кули со канцеларии. Овој проект ќе го почнеме во мај. Се вика „Смарт сити“ и многу брзо ќе биде присутен во Македонија - изјави Мане на гостувањето во емисија емитувана на албанската телевизија „Клан“. 

Тој истакна дека ова ќе биде амбициозен проект во кој ќе бидат вклучени и Македонци и Албанци и кој ќе започне не подоцна од крајот на мај. 

Мане е познат по тоа што го изгради „Скопје сити мол“ и потоа им го продаде на Британците. Тој е сопственик на корпорацијата „Балфин груп“, која се состои од 18 компании, присутна е во седум земји и има повеќе од 3.000 вработени.

Пренасочување на сообраќајот во Скопје поради протест

Сообраќајот денес од 10 часот во централното подрачје на Скопје ќе биде пренасочен заради поставување бина пред Собранието на Република Македонија, а по повод одржување на протест организиран од група граѓани „Млади за Македонија“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според МВР, Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе изврши пренасочување на сообраќајот на следните улици и тоа: крстосница Даме Груев - Васил Главинов во правец кон „Црвен крст“ и обратно од крстосница „11 Октомври - Кочо Рацин“.

Воедно, се апелира до граѓаните да се воздражат од насилни акти за време на протетсите.

- Министерството за внатрешни работи го почитува правото на слободно и јавно изразување на мислата, но истовремено апелира граѓаните да се воздржат од преземање на насилни активности за да се сочува јавниот ред и мир, стои во соопштението. 

Продолжуваат протестите – за денес најавен голем, сенароден собир

За  денес е најавен „Голем сенароден протест против промена на името Македонија“. Инициран е од движењето „Млади за Македонија“.

„Не можеме да дозволиме оваа квинслишка и предавничка Влада да го уништи постоењето на Македонија со менување на нашето вечно име и идентитет. Нагласуваме дека протестот е непартиски и позади не стои ниту една политичка партија. Ние сме студенти од сите политички спектруми обединети за одбрана на името и идентитетот на Македонија“, велат од Млади за Македонија.

Скопјанец ограбен и оставен на автопат: Му рекле дека возилото треба да се турка, па го нападнале

Во Полициската станица Гостивар, 50-годишниот Ф.И. од Скопје вчера пријавил дека во средата околу 22:20 часот на автопатот Тетово- Скопје лицата Е.Н, Џ.Н. и уште едно непознато лице извршиле разбојништво над него.

На предлог на трите лица, Ф.И. патувал со нивно возило до Скопје. После наплатната станица, Џ.Н. го запрел возилото и им кажал дека останале дефект и дека ќе мора да го туркаат возилото. Кога излегле од возилото, лицата физички го нападнале Ф.И., по што го турнале на земја и од џебот од палтото му го одзеле паричникот во кој имал 9.000 денари и лични документи. После тоа, го оставиле и си заминале со возилото.

Во 17:45 часот, од страна на Полициски службеници од Полициската станица Гостивар, во врска со настанот бил приведен 23-годишниот Ш.Ѓ. од Прилеп, со живеалиште во Гостивар.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на останатите лица и за целосно расчистување на случајот.

Популарно