ВИДЕО: Проба да и го украде телефонот, а заврши на земја во болки

Еден крадец во Бразил лошо ја проценил девојата на која се обидел да и го украде мобилниот телефон.

Имено, тој го зграпчил телефонот од Сабрина Леите (22), не знаејќи дека таа тренира боречки вештини.

„Почна да бега, потрча по него, го стигна и го турна на земја. Додека лежевме на земја го фатила во шкрипец“  - рече таа за локалните медиуми.

Нејзините пријатели го снимија несреќниот крадец како вреска од болки додека девојката му ги врти прстите на раката и го држи прикован за земја.

Како што рече, тие потези ги научила благодарение на тоа што веќе 4 години тренира џиу-џитцу.

ВИДЕО: Македонско знаме и оро на НБА натпревар!

Синоќа се вееше македонското знаме и се играше пајдушко оро во американската престолнина и тоа на НБА натпревар помеѓу Вашингтон и Кливленд.

Настапот заеднички го организираа Американско-турска асоцијација од Вашингтон и најголемата иселеничка организација на Македонци во светот, Обединета македонска дијаспора (ОМД), со седиште исто така во главниот град на САД, пренесува „Експрес.мк“.

Настанот беше во чест на кошаркарот на Кливленд, Џеди Осман, роден пред 23 години во Охрид од татко Турчин, кој игра за репрезентацијата на Турција, а има македонско и турско државјанство.

ФОТО: Крушево синоќа под снег!

Родното место на Тоше Проевски е градот во кој официјално падна првиот снег. Крушево е обвиткано во снежна покривка, а за тоа сведочат фотографиите кои се шират на социјалните мрежи.

Снежна покривка од шест сантиметри е формирана изутринава во Маврово, а во Крушево и Лазарополе четири односно три сантимери. Најниска температута од -5 степени, пак, е измерена во Берово.

Засега на пониските места односно во градовите нема најави за снежни врнежи. Метеролозите го најавија снегот викендов но само на планиските места.

Популарно