(ВИДЕО) Таа е следната голема фудбалска ѕвезда: Потезите на 7 годишната Ариана ги воодушевија сите

Ариана Дос Сантос, како што велат фудбалските познавачи е следната најголема ѕвезда на женскиот фудбал.

За Бразилците многу често знаат да кажат дека се родени со фудбалската топка во рацете, па токму од таму доаѓаат дела од најголемите фудбалски виртуози во историјата.

Пеле, Роналдо, Роналдињо, Зико, Кака… се само дел од фудбалерите кои оставија трага во фудбалската историја, а доаѓаат од оваа јужноамериканска земја.

Фудбалот за многу важи за машка игра, а ова девојче од Бразил ќе не разубеди во тоа.

Ариана Дос Сантос, како што велат фудбалските познавачи е следната најголема ѕвезда на женскиот фудбал.

Таа со своите седум години веќе е интернет сензација, која има повеќе од 70.000 следбеници на Инстаграм.

Девојчето кое што вели дека својата пасија кон фудбалот ја наследила од својот татко, со своите години со топката може да ја жонглира повеќе од 60 пати.

Ариана игра за Канзас Сити во САД, каде е најмлада во својот тим, но во исто време и најдобар стрелец. Нејзините квалитети ги препозна и Барселона, каде што беше поканета во тренинг кампот.

Таа е голем фан на Нејмар и на најдобрата бразилска фудбалерка Марта. За Ариана велат дека е веќе премногу добра за своите години и дека пред неа е блескава фудбалска кариера.

ФОТО: Фалангата ја окупираше Словенија и ја брише „Северна“ на плакатите

Се случува нов бран на бришње на додавката „Северна“ пред квалификацискиот фудбалски дуел во Љубљана меѓу Словенија и Македонија, објави „Спорт1“.

„Фалангата“ веќе се упати кон Љубљана, Македонија поддршка ќе има и од „Комитите“ кои вечерва се во Загреб, каде ќе му пружат поддршка на Вардар. Македонските навивачи ја поддржуваат праксата со „бришење“ на „Северна“, како најава пред утрешниот спектакл.

Елиф Елмас: Горд сум што сум Македонец!

Најголемиот македонски фудбалски талент, Елиф Елмас веќе на секој можен начин го освојува срцето на секој фудбалски фанатик во Македонија. И со партиите кои ги демонстрира на зелениот терен, но и со скромноста, средечноста и однесувањето надвор од арените.

По неговата синоќешна партија против Летонија, Елмас денеска испрати уште една порака преку својот фејсбук профил повторно посветувајќи ја победата за капитенот Горан Пандев но и недвосмислено нагласувајќи дека е горд што е дел од овој национален тим.

„Grande Pandev… Горд сум што сум МАКЕДОНЕЦ“ – напиша Елмас на својот фејсбук профил.

ВИДЕО: Македонија премоќна за Летонија

Фудбалската репрезентација на Македонија со триумф (3-1) над Летонија го стартуваше квалификацискиот циклус за ЕП 2020. Големиот јубилеј на капитенот Горан Пандев е заокружен во победнички стил, а „подароците“ ги поделија Езгјан Алиоски во 12.минута и Елиф Елмас во 30.минута и во 90.минута од дуелот. Летонците постигнаа почесен гол преку Вјачеславс Исајевс во 87.минута.

Капитенот Горан Пандев во петтата минута го имаше првиот обид, шутираше откосо од десната страна барајќи го спротивниот горен агол, но не погоди. Шест минути подоцна, Македонија дојде до водство.

Пандев повлече во противнапад, го проигра на левата страна Езгјан Алиоски, а тој со силен удар ја протна топката под рацете на Ванинс.

И по водечкиот погодок, продолжија нападите на Македонија, шанса имаше Хасани, но во последен момент беше блокиран. Во 23.минута, поради повреда Хасани ја напушти играта, а на теренот се појави Елиф Елмас.

Две минути подоцна, Барди за малку ќе постигнеше гол директно од корнер, но Ванинс во последен момент реагираше и ја исфрли топката во поле.

На Елмас не му требаше многу за да се запише меѓу стрелците. Во 30.минута, Илија Несторовски шутираше, топката од блок се одби до Елмас, а тој умешно ја спроведе во мрежата на Летонија.

Во последните мигови од првиот дел, Пандев имаше одлична можност, шутираше од работ на шеснаесетникот, но Штеинборс успеа да одбрани на феноменален начин.

На почетокот на второто полувреме, Стефан Ристовски се закани, но вториот голман на Летонија уште еднаш добро интервенираше.

Во 67.минута, уште еден одличен удар на Горан Пандев од 20 метри, но Штеинборс повторно не дозволи да се тресе неговата мрежа.

Капитенот го прослави јубилејот со триумф и беше повлечен од игра во 71.минута, да одмори за следното големо искушение, дуелот против Словенија во Љубљана, а на негово место во игра влезе Кире Ристевски.

Македонија сакаше рутински да ја одработи задачата, малки поднамали гас во завршницата, а Летонија тоа го искористи да постигне погодок. По прекин на игра, Вјачеславс Исајевс со удар со глава во 87.минута го надмудри Столе Димитриевски.

МАКЕДОНИЈА – ЛЕТОНИЈА 3-1 (1-0)

Арена „Филип Втори“. Гледачи: 10.000. Судија: Халис Оскаја (Турција). Стрелци: Алиоски 12’, Елмас 30’, 90’ (Македонија), Исајевс 87’ (Летонија). Жолти картони: Циганикс (Летонија).

МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, Ристовски, Муслиу, Велковски, Алиоски, Барди, Николов, Трајковски (83’ Маркоски), Пандев (71’ Ристевски), Хасани (23’ Елмас), Несторовски.

ЛЕТОНИЈА: Ванинс (30’ Штеинборс), Габовс, Дубра, Ос, Максименко, Исајевс, Циганикс, Тарасовс, Ракелс, Караускас (69’ Тоберс), Шабала (79’ Улдрикис).

Во судиското продолжение, Летонците останаа со играч помалку откако беше исклучен Циганикс, а потоа Елиф Елмас стави точка на триумфот со својот втор погодок, за конечни 3-1 за нашиот национален тим.

Популарно