Тежок инцидент во битолско училиште: Хигиеничар турна ученик по скали, момчето заврши во болница

Во саботата во 15.30 часот во Полициската станица Битола, 14-годишник од Битола заедно со негов родител пријавил дека истиот ден околу 15.00 часот физички бил нападнат од хигиеничар во училиштето „Коле Канински“ во Битола. Додека чекал наставник, малолетникот случајно турнал лименка од прозорецот.

Во тој момент хигиеничарот Ј.Т. почнал да му вика, барајќи да ја фрли лименката во ѓубрето.

Откако не го послушал, хигиеничарот најпрвин го турнал по скалите, по што го удирал по лицето.

Малолетникот се здобил со повреди и отишол во Клиничката болница во Битола за укажување лекарска помош, а го известил и родителот за настанот. 

Подоцна, настанот бил пријавен и од директорот за училиштето.

Урко, следен сведок што ќе го брани шефот во „Тенк“

Следното рочиште за „Тенк“ е закажано за 23 април кога искази треба да дадат нови сведоци, меѓу кои и Дејан Митревски – Урко.

Поранешниот премиер Никола Груевски по завршувањето на денешното рочиште за предметот „Тенк“ се пожали дека и денеска судењето траеше по завршување на работното време.

– И денеска, иако не толку како што во претходни прилики што се случуваше судењата да траат по 11 часа, Судот надвор од работното време го продолжи судењето без да образложи зошто е тоа потребно, затоа што случајот нема ниту итност, ниту е сложен, а ниту има притворени, што пак не е случај и со други други личности во овој Суд, рече Груевски.

Според него, сите 11 сведоци денеска сведочеле во полза на одбраната и во исправноста на она што тие го тврдат.

Во „Тенк“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски за набавката на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра.

Шеќеринска: Покана за НАТО е можна во јули

Македонија се надева на покана за членство во НАТО во јули дури и ако спорот за името биде решен во јуни. Министерката за одбрана во пресрет на нејзината официјална посета на САД не отстапува од линијата на оптимизам за решение и добивање покана на Самитот во јули и пчокрај песимистичката изјава од грчќка страна дека нема доволно време за добивање покана на овој самит.

-Ако решение се најде во јуни, тоа треба да донесе пресврт на Самитот во јули. Нам ни е важно процесот да биде успешен. Наша цел е покана и започнување на процесот за ратификација на членството. Сакаме решение до Самитот. Секое одложување може да биде штетно, вели Шекеринска.

Досието на Макеоднија е чисто и земјата повторно ги исполнува сите услови за членство во Алијансата  како и во 2008ма година, оценува министерката за одбрана, потенцирајќи дека прашањето за името е единствениот предуслов за добивање на покана.

Тоа според неа се потврдило и со препораката на европската комисија. Шекеринска потенцира дека Макеоднија мора паралелно да ги движи процесите за членство во НАТО и ЕУ ид а не дозволи раздвојување – смета дека коинцидираат дел од ставовите присутни во Грција да за еу не за нато со ставовите кои ги има и нофицијална Москва.

Македонија ќе работи на обезбедување цврста поддршка од САД во пресрет на НАТО Самитот а токму тоа ќе биде во фокусот на средбата на Шекеринска со државниот секретар за одбрана Џејмс Матис на 1ви мај во пентагон.

Ова е прва официјална посета на макеоднски министер за одбрана на САД по 2012та година.

Судијката му се закани на Груевски дека ќе му го одземе мобилниот!

Судијката Добрила Кацарска на денешното рочиште за набавката на мерцедесот го опомена поранешниот премиер Никола Груевски да го остави телефонот и да не пишува пораки зошто ако го види уште еднаш дека го користи ќе му го одземе.

Тој на паузата и објасни на судијката дека не куцал на мобилен.

Во моментов сведочи осмиот од вкупно 11 сведоци.

Популарно