Руска амбасада: Заев е погрешно информиран

Од Руската амбасада во Скопје на нивниот Твитер профил реагираа на изјавата на премиерот Заев во интервјуто за ТВ 24, каде вели дека „протераниот руски дипломат недозволиво се однесувал во Македонија, дека бил предупредуван неколку пати, но и натаму вршел активности за кои не бил акредитиран и оти доказите и биле презентирани на амбасадата на Русија“.

„Намерно или не, Зоран Заев е погрешно информиран. Протерувањето на нашиот дипломат беше изненадување. Никогаш не сме добиле никави предупредувања ниту „докази“ за кои зборува Премиерот. И понатаму сметаме дека овој чин е неоснован и нанесува штета на руско-македонските односи“, напишаа од Руската амбасада во Скопје, за чинот на протерување на рускиот дипломат, кој македонското министерство за надворешни работ, како што рече министерот Димитров, се направил во координација со западните сојузници и како чин на солидарност со Велика Британија.

Дали Иванов може да ги помилува осудените за 27 Април?

По прecудите на cyдот за терористичко делување на 27-ми април и вкупната затворска казна од 211 години за 16-те обвинети во случајот сеуште не стивнуваат рекациите во јавноста. Мислењата се поделени, дали претседателот Иванов има право да ги амнестира или не. Еве што вели законот.

Доколку има желба, законот му дозволува на претседателот Ѓорге Иванов да ги пoмилyва ocyдените и така целосно да го стопира случајот.

Во законот за помилyвaње, делото за тepopистичко загpoзување на уставниот пopeдок не е помеѓу оние кои се исклучени за пoмилyвање.

–Пoмилyвање не може да се даде и на лица ocyдени за kpивични дела против изборите и гласањето од Глава шеснаесета од Kpивичниот законик („Службен весник на Република Македонија“ број 37/96, 80/9, 4/202, 43/203, 19/204, 60/206, 73/206, 7/208 и 139/208), kpивични дела против половата cлобода и половиот мopал од Глава деветнаесета од Kpивичниот зakoник сторени спрема деца и малолетни лица, kpивични дела против здравјето на луѓето од Глава дваесет и прва: kpивично дело нoeвластено производство и пуштање во промет на нapкотични дpoги, психотpoпни супстанци и прекурсори од членoт 215 и kpивично дело овозможување на употреба на нapкотични дpoги од членoт 216 и за kpивични дела пpoтив чoвeчноста и меѓунаpoдното право од Глава триесет и четврта од Kpивичниот законик – стои во законот.

Бучковски: СЈО се служи со удбашко-сталинистичка манипулација

На денешното судско рочиште обвинителката Лиле Стефанова рече дека доказите кои денеска му ги предочи на тогашниот министер за транспорт и врски Џемали Мехази, се од Комисијата за хартии од вредност од Вашингтон.

„Јас едвај го чекам сведочењето на Слободан Богоевски кое ќе го даде пред наш суд, за да поднесам кривична пријава за давање на лажен исказ. Документот кој денеска го покажала обвинителката Лиле Стефанова ми беше предочен и мене, кога сведочев пред Комисијата за хартии од вредност во Вашингтон во февруари 2014 година. На секого што го видел тој документ со никакви потписи, му е јасно дека станува збор за фалсификат создаден во удбашко-сталинистичката кујна на Богоевски“, изјави експремиерот Владо Бучковски.

Заев: Немам намера да ја менувам Катица Јанева

Јас сум флексибилен човек кој знае дека двете страни треба да имаат разбирање една за друга, но тоа да не биде на штета на државата, на институциите на системот, вели премиерот Зоран Заев во интервју за МИА прашан дали проблемот со СЈО може да биде искористено како аргумент од противниците на отворањето преговори.

– Подготвен сум да разговарам со опозицијата за секое аргументирано прашање. Драго ми е што почнаа разговорите, знам дека до крајот на оваа недела веќе ќе има конкретни писмени материјали околу некои предлози, верувам дека е можно навремено да го донесеме Законот за јавно обвинителство, каде е инкорпорирано СЈО како создаден капацитет. Уште еднаш напоменувам, тоа јавно обвинителство веќе, како што е поставено и во новиот закон, ќе ја гони власта, сегашната власт. Тоа јавно обвинителство е капацитет кон кој ќе тежнеат и другите обвинителства, и материјален и финансиски и со опрема. Да дадеме шанса на еден ваков закон, и сите сме тука во државата со доверба кон институциите, да продолжиме да ги градиме реформите.

На прашањето дали е подготвен да ја смените Катица Јанева, Заев вели:

– Апсолутно не. Тоа е за мене институционално прашање, од причина што навистина Катица Јанева и нејзиниот тим на обвинители, истражители и сите што работат беа во едно многу тешко време трошката надеж на враќање на правната држава, која ете почна да се враќа во нашата земја. Јас сум убеден дека не смееме да испраќаме лоши пораки до оние кои опстоиле, пркоселе, верувајќи во државата, во системот, во уставот и законите, во тешко време. Треба да ги поддржиме нивните капацитети. Јас ги слушам и критиките од опозицијата, и не дека немам разбирање за нив, но предностите на вака создадена институција, со овие луѓе е навистина голема предност за Северна Македонија.

Популарно