(ВИДЕО) Вака изгледа апартманот во кој војвотката од Кембриџ ќе го роди своето трето дете

И покрај тоа што се претпоставуваше дека Кејт Мидлтон треба да се породи после 20-ти повој месец судејќи според она што деновиве се случува пред болницата Света Мери тоа би можело да биде и порано.

Имено, за да бидат подготвени за доаѓањето на војвотката во болницата, поточно во приватниот оддел Линдо, поставена е привремена регулација на сообраќајот и проодот. На знаците за забрането паркирање пишува дека тоа ќе важи од 9 до 30 април 2018 година, а посебни правила има и во самата болница каде веќе е подготвен и луксузниот апартман во кој на свет ќе го донесе своето трето дете. Апартманот во кој ќе престојува Кејт е украсен со уметнички дела и е опремен со соби со приватни тоалети и туш кабини, а како изгледаат апартманите и болницата погледнете во видеото во продолжение.

Таквиот луксуз секако доаѓа и со луксузна цена, па така кралското семејство за приватниот апартман треба да издвои речиси 9000 евра, плус околу 1300 евра за секое дополнително ноќевање. Стандардна соба во оваа позната лондонска болница се наплаќа нешто помалку од 7000 евра.

ФОТО: Сопругата на Ричард Гир го покажа трудничкото стомаче

Непосредно пред првата годишнина од бракот на холивудскиот актер Ричард Гир и неговата трета сопруга Алехандра Силва, брачната двојка ќе го добие првото заедничко дете.

Веста за бременоста е откриена уште во август, четири месеци по свадбата, а 35-годишната Алехандра сега гордо го покажа своето трудничко стомаче.

Третата сопруга на Ричард Гир на својот инстаграм-профил објави фотографија на која позира пред огледалото во бањата во тесен црн фустан, што уште повеќе го истакнува нејзиното трудничко стомаче и под неа на шпански јазик напиша: „Многу сум среќна”.

Гир ја започна врската со убавата публицистка уште додека беше во брак со Кери Лоуел. Но, тоа не го спречи да ја „освои” 33 години помладата Алехандра Силва, ќерка на Игнасио Силва, поранешен финансиски потпретседател на „Реал Мадрид“.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

¡Soy muy feliz! ❤️ ... I’m so happy! #happygirl

A post shared by Alejandra Gere (@alejandragere) on

ВИДЕО од спалната соба на Вељко и вереница Богдана

Вељко Ражнатовиќ, синот Цеца и покојниот Жељко Ражњатовиќ – Аркан, покажаа дека неговото семејство живее како и сите нормални фамилии, а тој сака да ужива во мали, секојдневни работи.

Така, Вељко  многу заштитнички се однесува кон неговата помлада сестра Анастасија, на пример.

Многу грижлив и кон свршеницата Богдани Родиќ, чија рака  неодамна ја побара според традиционалните српски обичаи. Деновиве Вељко со еден гест покажа колку ја сака својата идна сопруга… Откако ќе се вовлече во спалната соба, па додека таа спие тој и го прави ова… Кое? Погледнете во видеото!

ФОТО: Македонската водителка стави силикон и го покажа тоа

Македонската водителка Елена која ја води емисијата Живот со стил, направи корекција и јавно го покажа тоа.

Таа ги пополни усните за да биде уште позадоволна со изгледот и го објави тоа на социјалните мрежи.

Популарно