Тепачка во скопско Усје: Ја тепала со клешти и ја давела зошто пружила алишта на нејзиното лозје

Вчера во 14.00 часот било пријавено дека во нива во село Усје, скопско, С.С. (47) од село Усје, го нарушила јавниот ред и мир со физички напад врз лицето Л.С. (59) од истото село.

Додека Л.С. работела во нивата заедно со нејзиниот сопруг,  алиштата ги ставила на столбовите од лозјето на С.С.. Таа (С.С.) ги фрлила алиштата и започнала со клешти да ја удрира Л.С. во пределот на главата по што и нанела видлива повреда. После тоа, ја турнала на земја и почнала со раце да ја дави.

По целосно документирање на случајот против С.С. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Кучиња нападнале полицајци во Кисела Вода

На 14.03.2024 во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода, двајца полициски службеници, додека извршувале службени задачи, биле нападнати и каснати од неколку кучиња сопственост на М.Г.(54) од Скопје, за кој претходно било пријавено дека во дворот на небезбеден начин ги чувал кучињата. 

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Драма во скопска Кисела Вода: Групна тепачка меѓу дедовци

На 03.03.2024 во 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу З.Н.(79) и Т.Н.(79), од една страна и Л.Ш.(64) од друга страна, сите од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Приведена Американка која полудела во зграда во Кисела Вода

Вчеравечер во 23.15 часот, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода ја привеле К.А.Р.(49) од САД затоа што во зграда на подрачјето на Кисела Вода го нарушила јавниот ред и мир и агресивно се однесувала кон дел од станарите.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР.

Популарно