Лидер: Талат Џафери и Мирослав Грчев си ги вработиле децата во ЕЛЕМ

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери и Мирослав Грчев си ги вработиле своите деца во ЕЛЕМ – објави Лидер повикувајќи се на извори во оваа државна компанија.

Како што пишува Лидер, Бесија Џафери, ќерка на претседателот на Собранието Талат Џафери во АД ЕЛЕМ е вработена како референт за правни работи од петти месецов.

Од истиот датум, како инженер за животна средина, вработен е и Димитар Грчев, кој е син на архитектот Мирослав Грчев кој во исто време е советник во Министерството за култура и голем промотор и подржувач на политиките на власта.

Децата на функционерите се вработени со договор за привремено вработување, што било потврдено и од анонимни извори од Агенцијата за вработување.

ВИДЕО од дрон: Колку народ маршираше со ВМРО ДПМНЕ во Кавадарци?

Река народ денеска маршираше во Кавадарци. Повеќе илјади граѓани присуствуваа на протестниот марш во организација на ВМРО-ДПМНЕ и порачаа дека Македонија ќе победи!

Свое обраќање имаше лидерот на партијата Христијан Мицкоски.

-Кога ве гледам вака насобрани, со гордо кренати глави дојдени овде во Кавадарци, со бајраците на сонцето кој е наш белег, ќе му порачам на Зоран Заев- ова е Македонија, рече тој меѓу другото.

СДСМ: Десетици илјади граѓани излегоа и прославија ширум Македонија

„Во 15 градови ширум Македонија, со повеќе од 40 музичари и со македонска музика,  граѓаните се сплотија околу националните интереси и го прославија огромниот успех, покана за влез во НАТО и датум за почеток на преговори за членство во ЕУ“ пишува СДСМ во денешното соопштение.

Од партијата наведуваат дека ВМРО-ДПМНЕ со денови водеше организирана хајка против националните и стратешки интереси на државата, против домашната, македонска музика, против домашните македонски музичари. На крајот, не им успеа, настаните се одржаа, музиката ечеше низ цела Македонија, граѓаните прославија гордо и достоинствено.

„Десетици илјади граѓани, без притисоци, без списоци и уцени како што тоа своевремено го праваше ВМРО-ДПМНЕ, слободно и по сопствена волја излегоа и прославија ширум Македонија.ВМРО-ДПМНЕ мора да се одважи и да престане со создавање поделби и сеење омраза кон граѓани и музичари. Без разлика дали  тоа му се допаѓа или не на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните даваат силна поддршка за интеграциите на Македонија во НАТО и ЕУ. СДСМ им се заблагодарува на сите граѓани што беа дел од синоќешните прослави и изразува благодарност до сите вклучени страни кои ги поддржаа настаните“ стои во соопштението од СДСМ.

Дали владата ќе го тужи Лозано?

Владините служби утре ќе одлучуваат дали ќе го тужат музичарот Влатко Лозаноски-Лозано кој што вчера одби да настапи на прославата по повод добивањето на условната покана за влез во НАТО.

Лозано беше еден од четириесетината артисти, како што ги нарекува владата кои што требаше да ја забавуваат публиката. Тој требаше да да настапи во Охрид но пред концертот одлучил да не настапи затоа што најважна за него е публиката која што овој пат не ја поддржа најавата за негов настап на политички собир.

Во своето обраќање до јавноста Лозано вели дека е свесен за тоа дека може да биде тужен од страна на владата, но е подготвен за сите последици.

За непочитување на потпишаниот договор Владата може да покрене тужба за непочитување на договорот при што Лозано и останатите кои одбија да настапат или се повлекоа во текот на настапот поради малиот број на публика ќе треба да платат високи пенали. Во владата се размислува и за опцијаата артистите кои бојкотираа само да ги вратат парите ако веќе ги добиле или да се согласат на писмено дека нема да ги бараат затоа што сами го прекршиле договорот.

Неофицијално, владини извори велата дека ќе се направи обид за мирно надминување на проблемот затоа што Лозано е многу популарна и влијателна личност и Владата не треба дополнително да влегува во конфликти со јавноста пред референдумот за името.

Популарно