Рпдител на убиено момче кај Смилковско: Заев да се донесе во судница со полиција!

Таткото на убиеното момче Александар Наќевски кај Смилковското езеро, се обрати пред судот на денешното рочиште за случајот „Монструм“, пишува Фокус.

-На една од средбите, сегашниот премиер Зоран Заев ни кажа дека тие броеви се на пет функционери од ДУИ, а ни покажа и транскрипт од разговор воден помеѓу потпретседателот на ДУИ, Невзат Бејта со обвинетиот Фејзи Азири. Не ни ги даде транскриптите бидејќи ни рече дека ќе сторел кривично дело, но затоа бараме од судот да изврши претрес во СДСМ и да ги одземе овие документи. Бараме и Заев, ако треба и стражарно да се донесе во судница, па тука да се соочи со сите родители за да видите дека ја зборуваме вистината. Исто така, Заев ни рече дека Опел Омегата, или возилото со кое се превезувале извршителите е на МВР. Заев не ни исполни многу ветувања, ни ветуваше дека ќе се дознае вистината, но тоа не се случи. Тој со доказите што ги поседува манипулира и уценува, истакна Наќевски пред судот, пренесува Фокус.

ВИДЕО од дрон: Колку народ маршираше со ВМРО ДПМНЕ во Кавадарци?

Река народ денеска маршираше во Кавадарци. Повеќе илјади граѓани присуствуваа на протестниот марш во организација на ВМРО-ДПМНЕ и порачаа дека Македонија ќе победи!

Свое обраќање имаше лидерот на партијата Христијан Мицкоски.

-Кога ве гледам вака насобрани, со гордо кренати глави дојдени овде во Кавадарци, со бајраците на сонцето кој е наш белег, ќе му порачам на Зоран Заев- ова е Македонија, рече тој меѓу другото.

СДСМ: Десетици илјади граѓани излегоа и прославија ширум Македонија

„Во 15 градови ширум Македонија, со повеќе од 40 музичари и со македонска музика,  граѓаните се сплотија околу националните интереси и го прославија огромниот успех, покана за влез во НАТО и датум за почеток на преговори за членство во ЕУ“ пишува СДСМ во денешното соопштение.

Од партијата наведуваат дека ВМРО-ДПМНЕ со денови водеше организирана хајка против националните и стратешки интереси на државата, против домашната, македонска музика, против домашните македонски музичари. На крајот, не им успеа, настаните се одржаа, музиката ечеше низ цела Македонија, граѓаните прославија гордо и достоинствено.

„Десетици илјади граѓани, без притисоци, без списоци и уцени како што тоа своевремено го праваше ВМРО-ДПМНЕ, слободно и по сопствена волја излегоа и прославија ширум Македонија.ВМРО-ДПМНЕ мора да се одважи и да престане со создавање поделби и сеење омраза кон граѓани и музичари. Без разлика дали  тоа му се допаѓа или не на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните даваат силна поддршка за интеграциите на Македонија во НАТО и ЕУ. СДСМ им се заблагодарува на сите граѓани што беа дел од синоќешните прослави и изразува благодарност до сите вклучени страни кои ги поддржаа настаните“ стои во соопштението од СДСМ.

Дали владата ќе го тужи Лозано?

Владините служби утре ќе одлучуваат дали ќе го тужат музичарот Влатко Лозаноски-Лозано кој што вчера одби да настапи на прославата по повод добивањето на условната покана за влез во НАТО.

Лозано беше еден од четириесетината артисти, како што ги нарекува владата кои што требаше да ја забавуваат публиката. Тој требаше да да настапи во Охрид но пред концертот одлучил да не настапи затоа што најважна за него е публиката која што овој пат не ја поддржа најавата за негов настап на политички собир.

Во своето обраќање до јавноста Лозано вели дека е свесен за тоа дека може да биде тужен од страна на владата, но е подготвен за сите последици.

За непочитување на потпишаниот договор Владата може да покрене тужба за непочитување на договорот при што Лозано и останатите кои одбија да настапат или се повлекоа во текот на настапот поради малиот број на публика ќе треба да платат високи пенали. Во владата се размислува и за опцијаата артистите кои бојкотираа само да ги вратат парите ако веќе ги добиле или да се согласат на писмено дека нема да ги бараат затоа што сами го прекршиле договорот.

Неофицијално, владини извори велата дека ќе се направи обид за мирно надминување на проблемот затоа што Лозано е многу популарна и влијателна личност и Владата не треба дополнително да влегува во конфликти со јавноста пред референдумот за името.

Популарно