Поранешната менаџерка на Мараја Кери ја тужи за сексуално злоставување

Стела Булочников Стоплер, споменатата менаџерка, навела дека Мараја Кери често шетала гола или полугола пред неа, како и дека во нејзино присуство правела „непристојни сексуални“ работи.

Како што пренесуваат странските медиуми, поранешната менаџерка на Мараја подготвува и тужба, додека тимот на пејачката тужбите ги нарекува „неосновани“.

Стела во тужбата ќе наведе дека Марија има проблем со зависноста, и дека не ги зема редовно своите лекови за биполарно пореметување.

Таа наведува и дека на суд ќе тврди дека пејачката неправедно ја отпуштила, додека трае договорот кој бил потпишан на три години, но и дека ќе и даде шанса да ги „поправи работите“ пред да одат на суд.

Елена Ристеска прозборе за смртта на Влатко Илиевски

Елена Ристеска нашата македонска музичка ѕвезда деновиве летува на Миконос, а за порталот Независен.мк прозборе за смртта на Тоше и Влатко Илиевски.

- Од колегите изгубивме прерано премногу од нив, со оглед на тоа што сме малобројни на сцената. Ама ова со Влатче беше ужасно шокантно. Последните негови контакти со нас создаваат дополнителна болка поради неговата загуба. Ова треба да нè научи сите да се цениме додека сме живи. Откако ќе се преселиме на друг свет, веќе е предоцна за сè. Влатче беше обожавано дете, од сите, и затоа после многу несоодветни коментари, едно треба да знаеме, ние како колеги секогаш си помагаме, дуети, соработки, подарување песни итн., но најголемата помош за сите нас се очекува од публиката, да се слуша македонска музика, да се посетуваат концертите, да се купуваат албумите. Ако сами не си го цениме своето, никој нема никогаш да нè цени, вели Елена 

Бреговиќ: „Би сакал да знам, ако умрам, дека децата ми се обезбедени“

Популарниот Горан Бреговиќ е жива музичка легенда на Балканот, која може да има се’ што ќе посака, но Брега се сеќава на детството во кое не било така.

Целиот мој живот имам страв од сиромаштија. Тоа не е како кај нас, кога сте на улица, немате тетка да одите на ручек, немате вујко да позајмите пари.

Војна е и во војната сте изгубиле сè што сте имале во еден ден. Долго време се плашев од сиромаштија. Гледајќи наназад, од страв купував премногу работи.

Пред војната имав куќи, станови, бродови, автомобили. Сега веќе не се грижам за себе, имам деца и го имам истиот страв и за нив – вели Бреговиќ и додава дека поради стравот, се обидува да ги обезбеди и децата.

Ин мемориам: „Кралицата на соул музиката“ замина во легендите

Арета Френклин, која го поседуваше еден од најмоќните гласови во музичката историја, издиша за последен пат во својот дом во Детроит. Имаше 76 години.

Талентираната музичка дива подолго време имаше здравствени проблеми. Шпекулациите се дека страдаше од рак на панкреасот. Во последните месеци од животот, нејзината телесна тежина драстично опаднала и семејството пред неколку дена ја извести јавноста дека таа е на смртна постела.

Кариерата на Френклин е извонредна. Уште во 60-тите години таа беше наречена „Кралица на соул музиката“, има освоено 18 Греми награди и стана првата жена во „Куќата на славните на рокенролот“.

Популарно