Како Заев го спечалил богатството?

Во секоја приказна за милионер или успешен бизнисмен, најинтересен е почетокот. Како да се започне, посебно ако почетокот е скромен. Во интервју за „Репортер.мк“ премиерот Зоран Заев откри како го заработил првиот џепарлак. Кога бил средношколец и имал 15 години заработувал продавајќи во Србија на пазарот во Горњи Милановац. Тоа било во 1989 година кога со своето семејство заработувале од продажба на земјоделски производи.

„Досега многу пати имам кажано дека се занимавав со земјоделство, е тоа ми ги донесе и првите заработени пари, лично, со свој труд и со свои раце“.

„Продавав од земјоделските производи, наши, што ги произведуваше моето семејството. И јас помагав, ако бев млад и ако бев ученик. Радост ми беше тоа, не обврска“, вели премиерот.

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Полицијата во Охрид го приведе А.И.(48), затоа што го фотографирал гласачкото ливче на избирачкото место 1271 во Охрид.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР Охрид.

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право

Во канцеларијата на Народниот правобранител, денеска од 7 до 19 часот, на денот на одржување на првиот круг за избор на Претседател на државата, граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321.

Како што соопшти Народниот правобранител, освен на бесплатната телефонска линија,  граѓаните ќе можат да пријават повреди на избирачкото право и лично во главната канцеларија во Скопје, што се наоѓа на улицата „Македонија“ бр.19 во зградата на ТД „Макошпед“ (спроти Спомен куќата на Мајка Тереза).

Повреди на избирачкото право може да се пријават и во подрачните канцеларии во Струмица на тел.бр.(034)329-996,  Кичево на тел. бр (045).228-586, Тетово  на тел. бр.(044) 344-082, Битола  на тел. бр.(047) 242-310, Штип на тел. бр. (032) 389-701 и во Куманово на тел. бр .(031) 431-488.

Народниот правобранител најавува дека со цел заштита на избирачкото право на граѓаните ќе презема итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои, потенцира, се должни да им обезбедат заштита на граѓаните остварување на нивното загарантирано избирачко право.

Популарно