Ако ја сонувате старата љубов, погледнете што тоа значи

Соништата за старата љубов се ретко пријатни. Вообичаено ви го расипуваат расположението. Но, неретко се случуваат. Зошто е така?

Одговорот го даде страницата DreamsCloud, откривајќи ги петте најчести сонови за бившите, како и научно поткрепено објаснување на секој од нив:

1. Секс со бившиот

Очекувано или не, ова е еден од најчестите сонови. Меѓутоа, ќе ве изненади податокот дека сексот со поранешниот партнер и нема толкава врска со него. Вам всушност не ви не недостасува бившиот, туку чувството на вљубеност. Па, сонувајќи дека сте во постела со старата љубов, одново ги преживувате „пеперутките во стомакот“. Поточно – сензациите кога сѐ ви било ново и убаво. На јаве, пак, тоа може да ви го разбуди сосема друга личност.

2. Смрт на бившиот

Иако самиот сон делува прилично тажно и драматично, смртта на бившите партнери во суштина има мошне позитивна конотација. Тоа е знак дека конечно сте продолжиле понатаму со животот. Ваквиот сон е само одраз на вашата психа, која ви говори дека сте ја преболеле старата љубов.

3. Смирување со бившиот

Психолозите се децидни дека ниту овој сон нема негативно значење. Дури ни кога сонувате дека сте се смириле со лошиот екс партнер, којшто ужасно се однесувал кон вас. Остварувањето среќна врска со бившите на сон, сигнализира дека личноста ги согледала сите лоши страни во односот што веќе не сте постои. Полека почнала да си простува на себеси што се задржала во една таква врска.

4. Домот на бившиот

Доколку го „обиете“ и „влезете“ во станот на поранешниот партнер, тоа е знак дека сте желни за одговори на прашањата, кои сѐ уште ги немате добиено. Зошто сте раскинале? Кој е виновен за прекинот на врската? Постоела ли можност да се спречи крајот? Сите овие прашања може да ве натераат на сон да се вратите во домот на бившата љубов. Па – макар и скришум.

5. Очекување дете од бившиот

Сонот за бременост со поранешниот партнер, нема никаква врска со старата љубов. Напротив. Се однесува исклучиво на вас, навестувајќи дека во вашиот живот се раѓа нешто ново.

Никола Роквиќ тргна пеш на пат долг 1.150 километри на хумана мисија

Никола Роквиќ пеш тргна кон Грција и треба да помине 1.150 километри, а сето тоа во хуманитарна мисија.

Тој и неговата сопруга Бојана неодамна ја основаа „Фондација за семејство“, а за да им помогне на оние на кои им е потребна помош, реши да направи неверојатен чекор достоен за восхит.

Треба да стигне до Егина, каде што ќе се поклони на Свети Нектариј Егински. Пред заминувањето тој со семејството ја посети црквата Свети Сава каде се помоли.

„По овој пат решив да тргнам од љубов кон луѓето и се надевам дека ќе биде за радост на многумина, се надевам дека ќе биде за радост на многумина, се надевам дека ќе биде за помош на многумина. Првенствено да помогнам на многу семејства, на многу деца, но најважно да им помогнам на болните деца, поради што во голема мера го започнав ова патување. Започнавме фондација која ќе му помага на семејството, која ќе помага на талентирани деца, на многудетно семејство, но и на болни деца“, изјави Никола во храмот Свети Сава за „Телеграф“.

Никола последниве месеци се подготвуваше за овој потфат со големи планинарски тури.

(Фото) Раста итно хоспитализиран

Српскиот рапер Стефан Ѓуриќ Раста денеска е итно хоспитализиран, а фотографијата од Итната помош ја објави на социјалната мрежа Инстаграм.

Раперот дошол во болница со силни болки во грбот придружуван од својата девојка Марија Балабан, која се фотографирала заедно со него, додека тој лежел на креветот покриен со јакна.

(Фото) Водителот Марко Новески стана татко на близначиња

ТВ и радио водителот Марко Новески денеска стана татко на близнаци.

Неговата сопруга Цена на свет донесе момче и девојче, а гордиот татко веднаш  се пофали на социјалните мрежи.

– Добредојдовте Вања и Веда и фала ти Цена што ми го оствари најголемиот сон ТЕ САКАМ, напиша Марко во прилог на фотографијата од близнаците.

Познатиот македонски водител стапи во брак со саканата Цена Плавевска во август 2021 година.

Популарно