ФОТО: Она што Ване Маркоски го направи за својот најдобар пријател вреди за пример!

ТВ водителот Ване Маркоски од пред извесен период живее заедно со својот најдобар пријател. Тој несебично ги отвори вратите од својот дом за да му помогне да има подобар живот од оној претходно. Имено, станува збор за најдобриот пријател на човекот, а и на Ване – кучето.

Како што во една прилика раскажа, Ване на сега своето милениче му помогнал да се излекува и го вратил во живот.

 

A post shared by Vane Markoski (@vanemarkoski_) on

Сега живеат заедно и секој слободен момент тој го користи да му го посвети своето внимание и да му пружи удобен живот. И додека се повеќе луѓе настојуваат да купат расни кучиња, наместо да вдомат од беспомошните животни оставени на улица, Ване за пример го направи токму спротивното.

Нека овој негов чекор да се помогне биде за пример и на останатите, бидејќи љубовта со љубов се враќа!

ФОТО: Славната манекенка веќе една година не пие алкохол погледнете како изгледа

Кејт Мос пред два дена го прослави својот 45 роденден, а помина една година откако не пие повеќе алкохол.

Некогаш познатата манекенка на светот беше позната по разузданиот начин на живот, а пророците ѝ создавале огромни проблеми во работата и животот.

Фотографиите од пијаната и дрогираната Кејт пред неколку години биле вообичаени во медиумите, но поранешната манекенка одлучила сосема да го промени начинот на живот. Денес живее здраво, не пие, не се дрогира, а промената е очигледна и на нејзиниот изглед.

Нејзините фотографии покажуваат дека изгледа свежо и одморено и дека едната година без алкохол ѝ го врати сјајот на лицето.

ФОТО: Убавата Анџелина конечно си најде замена

Убавата Анџелина Џоли сака мултиталентирани уметници, па и нејзиниот избраник е еден од омилените актери и музичари во Холивуд.

Иако разводот од поранешниот сопруг Бред Пит уште не е завршен, Анџелина најде нова љубов.

Џоли, наводно, е во врска со Џаред Лето. А, според странските медиуми, тие веќе со години се добри пријатели. Но, очигледно има и нешто повеќе од пријателство.

Извор близок до актерите вели дека Анџелина сред разводот побарала утеха во својот пријател. А, очигледно ја пронашла кај Џаред и актерот решил да и понуди улога во нов филм.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

✌🏻

A post shared by JARED LETO (@jaredleto) on

Популарно