Најбрзата диета: Слабеете килограм дневно

Нутриционистот Кенан Мандра од Босна и Херцеговина, со оваа диета изгубил 40 килограми за само 2 месеца. Тој е воедно и креаторот на оваа диета.

Исхраната треба да се состои од месо, риба, јајца, полномасни млечни производи, а забрането е да се конзумира индустриски преработена храна, алкохол и кафе.

- Во поширока смисла липосукција диетата значи да се консумираат само масти и протеини, а никакако не смеат да се внесуваат шеќери и јаглехидрати. Бидејќи од мастите и протеините добиваме многу повеќе енергија отколку од истата количина на внесени јаглехидрати, телото е создадено најпрво да ја троши енергијата од мастите. Очигледно е дека природата предодредила мастите да се нашиот главен извор на енергија, а не јаглехидратите. – вели Мандра

Оваа диета за многу кратко време ги освои познатите личности како Сузана Манчич, Тијана Дапчевиќ, а наводно и Џенифер Анинстон и Моника Белучи, кои имаат совршена фигура благодарение на липосукција диетата.

Популарната пеачка на никој не му останува должна

Поради  објавеното „порно“ видео на Дара Бубамара се огласи Сека Алексиќ, експресно возврати Дара Буба Мара.

ИакоСека не ја прозва директно својата колешка, но се претпоставува дека пораката била наменета токму за нејзе.

-Поединци да се изгаснат од социјалните мрежи, напиша Сека.

Меѓутоа, реакцијата на Бубамара била многу пожестока. Таа исто така коментарот не го насочи директно кон Сека Алексиќ, но се верува дека пораката се однесувала токму за нејзе.

-Дебела, дудлај го тој клип и ќути, напиша Дара БУбамара.

Напиток кој го закрепнува целиот организам

Ви препорачуваме  да пробате мешавина од цвекло и морков, а ако ви станува мака уште на самата помисла на оваа комбинација, не сте единствени.

Веќе со децении наназад овој сок им се препорачува на сите оние кои одат на хемотерапија, бидејќи совршено се бори против сите последици од ваквиот вид на лекување на карциномите. Иако сите велат дека има грозен вкус, никој сепак не престанал да го пие бидејќи резултатите се фантастични.

Токму затоа велат дека овој сок буквално „подига од мртвите“ – и не е наменет само за оние кои имаат здравствени проблеми.

Доколку се чувствувате преморено, немате енергија и депресивни сте, можеби токму овој домашен сок е она што ви е потребно.

Се подготвува многу едноставно:

Состојки:

– 1 кг цвекло

– 1 лимон

– 1/2 кг моркови

– 3 портокали

– 3 јаболки

– 1 килограм мед

Подготовка:

Сите состојки едноставно исчистете ги и ставете ги во блендер. Ќе добиете сок со црвена боја, кој потоа може да го распределите во шишиња или тегли, внимавајте тоа да не бидат пластични садови. Смесата би требало да ја чувате во фрижидер. Сокот дава најдобри резултати доколку го консумирате наутро, на празен желудник и доволно е само половина чаша.

А ако го пиете овој сок секој ден, веќе за десетина дена ќе почувствувате неверојатни промени, пред се кога се работи за вашата енергија, но и вашето расположение.

Со овој тип на овошје бидете внимателни

Иако има доста благотворни дејства цитронот, со него треба да бидете многу внимателни доколку пиете лекови, бидејќи оваа комбинација може да предизвика несакани реакции.

Предностите на цитронот се бројни, – го штити срцето така што го намалува лошиот холестерол, го зајакнува имунитетот бидејќи изобилува со витамин Ц, го забрзува метаболизмот… Сепак бидете многу внимателни со ова овошје доколку пиете лекови бидејќи само еден цитрон дневно е доволен да предизвика несакани дејства од медикаментите.

Бидете особено внимателни кога пиете лекови кои се користат за намалување на холестеролот. Според извештајот на американската агенција за храна и лекови, паралелното консумирање на цитрон и лекови за намалување на холестеролот, го зголемува ризикот од заболување на црниот дроб, бубрезите и опасноста од откажување на мускулите.

Не се проблематични само овие лекови. Во потенцијално опасната група се и лековите за крвни садови и за заболено срце. Цитронот реагира и со лековите кои се препишуваат за анксиозност, заболување на централниот нервен систем, инфекциите на уринарниот тракт.

Затоа, пред да започнете со консумација на ова прекрасно овошје, проверете дали тој има штетно влијание на лековите кои ги користите. Најчесто во упатството на лекови е наведено доколку со одреден лек не се препорачува да консумирате цитрон, но и доколку не е наведено вие консултирајте се со вашиот лекар или доколку терапијата е кратка тие денови избегнувајте го ова овошје.

Популарно