Уништувањето на Југославија било само експеримент!

Американскиот политиколог, Фил Батлер, тврди дека цепкањето и распадот на Југославија биле дел од поширокиот план на НАТО сојузот, со кој сакале да ги ослабат геополитичките противници од западниот блок во регионите од Третиот свет и да ја проголтаат здравата економија на народите од овие простори.

Можете ли да ја замислите денес Европа со Југославија како клучен играч помеѓу народите? Јас можам. Југославија всушност беше една од најголемите културни и општествени експерименти во историјата. 

Основана на територијата на некогашниот конфликт помеѓу Австро-Унгарското и Османското царство, Југославија ги обединила двете култури на начин кој не е забележан уште од времето на Александар Велики, кој по големите завојувања ги асимилираше народите. 

Експериментот, ако може така да го наречам, траел нешто повеќе од пола век. Идеален токму од причина што во една држава живееја сите јужнословенски народи.

Создавањето на Југославија делумно бил и геостратешки потег на Британија и Франција, за да се забави и блокира Германија. Одредбите, т.н. "Крфските декларации" ги удриле темелите на уставната монархија која по ништо не се разликувала од Велика Британија. Правата и правото на глас, почитувањето на основните принципи на Илирското движење биле ветувачки аспекти од раната Југославија. Но, тогаш кралот Александар го укина уставот и изборите, но заедничкиот живот на етничките и културните заедници и понатаму давал надеж за иднината. 

Војната, политичките сплетки, внатрешниот и надворешниот притисок во тоа време тешко ѝ влијаеле на оваа нова светска сила во зачеток. Како што е случај со многу вакви експерименти, на крајот авторитарната власт станала неопходна, можеби и пожелна. Националниот херој Јосип Броз Тито стана тој "диктатор", но се здоби со светска слава и цврсто ги држеше работите под контрола, а Југославија играше голема улога на светската сцена.

Меѓутоа, кога неговата моќ ослабнала, спротивните сили си го најдоа своето упориште. Нема научник или политичар кој не зборува за тоа денес, но улогата на Тито во формирањето на Движењето на неврзаните национални држави е неверојатно голема и исклучително значајна, особено за луѓето кои сега живеат во Хрватска, Србија, Црна Гора и останатите поранешни југословенски земји. 

Во суштина, Движењето на неврзаните се стремеше кон самостоен развој на народите помеѓу големите сили со идеја која ја негира "Студената војна". Секако, големите сили кои се занимаваа со идеолошки војни и имаа свои стратегии кои вклучуваа апсорпција на секоја од овие сиромашни, независни земји. Како што можеме да видиме денес, стратегијата била со цел да се предизвикаат битките кои водат кон делење и создавање на беспомошни земји и народи низ светот. Распадот на Југославија е најдобар пример дека денес ниту една земја не покажува наклонетост кон Движењето на неврзаните.

Наместо тоа, ЕУ и НАТО биле гравитационата сила која ја привлекла Словенија, Хрватска и останатите. Ги гледаме остатоците од стратегијата на Студената војна  и фактот дека Белорусија и Азербејџан се единствените две преостанати членки на движењето во Европа, а Фиџи како најнов член се приклучи во 2011-та година. Меѓутоа, во 2012-та година самитот на Движењето ан неврзаните имаше повеќе посетители од билокоја година претходно, што можеби е и знак за кризите на Западот. 

Гледајќи од далечина на распадот на Југославија, јасно е дека станува збор за заокружување на геостратегијата на Вашингтон која се спроведува насекаде и со тешки методи. Акциите на Клинтоновата администрација во тоа време биле тајни за јавноста, како што се и денес. Во текстот "Одлука за интервенција - Како да се стави крај на војната во Босна" од 1998-ма година, авторот Иво Х. Далдер вели "Иако денес многумина пишуваат елоквентно и страсно објаснувајќи го неуспехот на Вашингтон и Западот да го запрат етничкото чистење, концентрационите логори и масакрот на стотици илјади цивили, малку се оние кои го поставија ова прашање летото во 1995-та година, кога САД конечно одлучи да ја преземе водечката улога во ставање крај на војната во Босна.

Но, вистината е многу поедноставна од реалноста. На никој не му треба длабоко размислување за да сфати зошто претседателот Бил Клинтон се двоумеше да интервенира во Босна. Клинтон, впрочем ја продолжуваше политиката на својот претходник Џорџ Буш, чија цел беше дестабилизација на југословенскиот социјалистички успех.

Сега знаеме дека кај нас тајно се обучувале бунтовници кои одиграа клучна улога во распарчување на регионот преку организациите познати како "Атлантска бригада", кои се бореле во војната во Косово од страна на Ослободителната војска на Косово (ОВК), а оваа организација броела околу 400 вооружени борци, како што пишува Кристијан, Science Monitor 1999. Овој извештај открива дека САД под лажен изговор воделе посредничка војна во поранешна Југославија. (/proxy war) "

Што се однесува до Бил Клинтон и неговата неподготвеност во мешањето во регионот некогаш познат како Југославија, може да се каже дека ова е една валкана историја на геноцид и бескрајни лаги. Приказната која ја пронајдов е приказна за еден Французин кој ја обучувал Атлантската бригада, која во сѐ наликува на Украина, Либија и Сирија. 

Погледнете ги "шемите" кои не водат до вистината. Стравичните стрелишта на легитимната држава Југославија послужиле во поделбата на преостанатите парчиња од земјата, со помош на американските претседатели, британското кралство и германските индустријалци. 

Атлантската бригада делувала во различни посреднички војни на Балканот, а значајни претставници ѝ биле смртоносните убијци од странство. Американските претставници на врвот добри ги знаеле и управувале со нив, влечејќи ги конците на Косово и ширум Балканот. Југославија стана прототип и шаблон за делување во Авганистан и Ирак, Арапската пролет. 

Имињата Медлин Олбрајт, Хавиер Солана, генералот Весли Кларк, а други се споменуваат и понатаму. Во поранешна Југославија, пријателите на клучните играчи во владите буквално планирале да ги преточат народите и земјите во кредитори и инвестициски "Елдорадо".

Приказната за овој геноцид во име на демократијата е страшен. Поголемиот дел од народите на овие простори се вратени 200 години наназад во еден вид на средовековен живот без надеж. Единствениот зрак надеж за поголемиот дел "Југословени" е - сосема природно - ЕУ и НАТО сојузот. 

Додека јас го пишувам ова, американските, британските и германските планери веќе ја уредуваат Сирија. Имаше злосторства и геноцид од двете страни во конфликтите, од Косово до останатите војни на Балканот. Но тоа не е поентата поради која се фокусирав на оваа катастрофа.

Пред сѐ, ниту еден од народите на поранешна Југославија денес нема право на глас. Друго, поделбата меѓу овие народи доведе до смрт или пренаселување на милиони луѓе. Но, мојата "фантазија" за Југославија можеби би можела да биде изненадување. Да заклучам. Југославија е изградена на идејата дека во неа јужните Словени нема да останат слаби и поделени народи. Обединети во Југославија тие не би биле лесен плен на империјалистички намери, како што се случува денес. 

Факт е дека по Втората светска војна, социјалистичка Југославија стана еден вид на европска приказна за успех. Помеѓу 1960-тите и 1980-тите, земјата имаше една од најголемите и најважните стапки на економски раст во светот, пристоен животен стандард, бесплатна здравствена заштита и образование, загарантирано право на работа, едномесечен платен годишен одмор, стапка на писменост од над 90% и просечен животен век од 72 години. Колку што знам, денес ниту една држава од Балканот не може да сонува ниту за половина од овој просперитет. Таквиот напредок помеѓу западните сили ја предизвика желбата да се уништи Југославија. Мултиетничкото население на земјата имаше достоен јавен превоз, домување и комунални услуги. Непрофитната економија беше воглавно во сопственост на државата, што не е случај во Западната демократска љубов. Во тоа време, од ресурси далеку беа Германија, Франција или Велика Британија, а банкарите од Лондон и Луксембург не беа во можност да извлечат милијарди од социјалистичкиот систем. Југославија мораше да умре, а Реган, Буш, постариот и помладиот Клинтон помогнаа ова да се случи. 

Политикологот Мајкл Паренти, често зборуваше за катастрофата во Југославија. Според него, целта на Америка беше да ги претвори југословенските народи во народи од Третиот свет, а тоа можеше да се оствари само со поделбата на земјата која потоа ќе ја отвори својата економија кон корпоративната елита и западните банкари.

По распадот на Југославија, земјата се очекуваше да се претвори во неспособна да го следи сопствениот курс на својот развој. Разнишаната економија и природни ресурси им станале целосно достапни на мултинационалните корпорации, експлоататорите, вклучувајќи го и огромното минерално богатство на Косово. 

Осиромашено, но писмено и квалификувано, населението беше присилено да работи за минимална плата, која ќе претставува евтин работен базен, а со чија помош ќе биде полесно да се намалат и платите во Западна Европа и на други места. 

Затворената автомобилска индустрија, нафтата, тешката опрема, рударството и петрохемијата како и останатите индустрии не смееа да им бидат конкуренција на постоечките западни производители. 

Дали Украина, Донбас и Крим го сфатија ова пред "ЕвроМајден"? Кој беше планот за Русија на крај? Иако ова звучи претешко, жал ми е, но тоа е светот во кој живееме денес. Светот го преземаа тирани. Но што доколку Југославија "преживееше"?

Што доколку големиот етничко-социјалистички експеримент се уште работеше? Сигурно целиот свет ќе беше многу поинаков отколку сега, Уште една работа, Европската унија со Движењето на неврзаните би делувала во рамките на своите некогашни граници. Би била помалку моќна и далеку помалку геополитички влијателна. Цела Европа можеби би доаѓала во Белград, а сега шест републики се борат за трошки леб од Брисел", заклучува Батлер. 

Точка.ком.мк

Видео: Страшни поплави во Дубаи, поплавени аеродромот и автопатите

Застрашувачки видеа се шират на социјалните мрежи откако силно невреме, проследено со пороен дожд денеска го зафати Дубаи. Поради дождот поплавена е аеродромската писта, а авионите едвај се движат по неа.

Одложени или откажани беа бројни летови, а властите испратија цистерни на улиците и автопатите за да ја испумпуваат водата.

-Операциите на меѓународниот аеродром во Дубаи во вторникот беа прекинати на 25 минути поради силно невреме, се вели во соопштението на аеродромот, пренесе Ројтерс.

Имено, заклучно со 12:02 часот утринава откажани се вкупно 21 појдовен и 24 дојдовни летови, а три лета се пренасочени кон други соседни аеродроми, изјави за Gulf News портпаролот на Дубаи.

Фон дер Лајен го осуди иранскиот напад врз Израел

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен го осуди воздушниот напад на Иран врз Израел.

Во објава на мрежата Х утринава, Фон дер Лајен го повика официјален Техеран веднаш да ги прекине воздушните напади.

„Силно го осудувам бесрамниот и неоправдан напад на Иран врз Израел и го повикувам официјален Техеран и неговите претставници веднаш да ги прекинат овие напади“, порача Фон дер Лејен.

Крвав пир во Сиднеј во трговски центар, маж избоде до смрт шест луѓе

Маж со нож убил шест, а ранил уште осум лица, меѓу кои и деветмесечно бебе, во трговски центар во Сиднеј, пред полицијата да го застрела и да го спречи во неговиот крвав поход.

Меѓу избодените има и деветмесечно бебе, чија мајка исто така била прободена од напаѓачот по што таа во болница им подлегнала на повредите. Напаѓот бил убиен од полицајка која сама пристигнала на местото на настанот и го лоцирала напаѓачот.

Полицијата потврди дека напаѓот убил четири жени во шопинг центарот и еден маж, додека една жена починал од здобиените повреди во болница.

Меѓу осумте повредени кои се пренесени во болниците во Сиднеј, е и деветмесечното бебе врз кое бил направен оперативен зафат во обид да му се спаси животот.

Очевидците на настанот сведочат за ужасот кој се случува во шопинг молот, но и за моментот кога полицијата успеала да го запре напаѓаќот да продолжи со масакрот.

СЕ ВРАЌАВ ДОМА ОД РОБОТА И САМО ШТО СВРТЕВ НА АГОЛОТ И ВИДОВ ЧОВЕК ВО ЖОЛТО-ЗЕЛЕНА МАИЧКА КАКО ОДИ ВО ИСТИОТ ПРАВЕЦ. НО НАЕДНАШ ТОЈ ТРГНА ВО ДРУГ ПРАВЕ И СЛУШНАВ ЛУЃЕ КАКО ВИКААТ, ВРЕСКААТ И ТРЧААТ. СИ РЕКОВ, ВО РЕД, ТОЈ МОРА ДА ИМА НЕШТО ШТО СЕ СЛУЧУВА. ТОГАШ ЈА ВИДОВ ПОЛИЦАЈКАТА И СИ РЕКОВ ЌЕ ЈА СЛЕДАМ. ЈА СЛЕДЕВ ЦЕЛО ВРЕМЕ И САМО ШТО СВРТЕВМЕ ЗАД АГОЛОТ, БИДЕЈЌИ ГИ ВИДОВ КАКО ДОАЃААТ ОД ТАМУ, ТОЈ БЕШЕ ТАМУ. И ТРГНА КОН НАС. И СЕ СШТО СЛУЧНАВ БЕШЕ „СПУШТИ ГО“ И ТОГАШ ГО ЗАСТРЕЛА. ДА НЕ ГО ЗАСТЕЛАШЕ ТОЈ ЌЕ ПРОДОЛЖЕШЕ ДА ОДИ. ТОЈ БЕШЕ ВО ПОХОД. ТОЈ БЕШЕ ВО КРВАВ ПОХОД. ТАА ТОГАШ МУ ПРИЈДЕ И СЕ ОБИДЕ ДА ГО ОЖИВЕЕ. ТОЈ ИМАШЕ ГОЛЕМ НОЖ СО СЕБЕ. ТАА ГО ОТТУРНА НОЖОТ ПОНАСТРАНА, ИЗЈАВИ ОЧЕВИДЕЦ НА НАСТАНОТ.

Тие сведочат и за хорор кој се случувал во шопинг молот.

ИЗГЛЕДАШЕ КАКО ТОЈ ДА Е ВО УБИСТВЕНА ТРЕСКА, БИДЕЈЌИ КОГА СЕ СИМНАВМЕ ДОЛУ ПО СКАЛИТЕ ИМАШЕ ДВЕ ДРУГИ ТЕЛА ВО БЛИЗИНА НА ПРОДАВНИЦА ЗА СВАДБИ, ИЗГЛЕДАА КАКО, МОРА ДА БЕА ПРОБОДЕНИ. ЕДНОТО ИЗГЛЕДАШЕ ДЕКА Е ЖЕНА, А ВТОРОТО МАЖ. ДРУГИ ИМАШЕ ВО ПРОДАВНИЦАТА, РЕЧЕ ДРУГ.

Осомничениот нападот го извршил во „Вестфилд шопинг центарот“ во источното предградие на Сиднеј, Бонди Џанкшн и според помошник полицискиот комесар на Ноџ Јужен Велс, Ентони Кук, се верува дека тој дејствувал сам. Полицијата, засега, тврди дека не го знае идентитетот на напаѓачот. Според Кук, на местото на масакрот немало ништо што би упатувало на некаков мотив или идеологија за нападот, но од полицијата не ја отфрлаат можноста и за терористички напад.

По нападот на јавноста и обрати и премиерот на Автралија, Антони Албанез, според кого за разорните сцени од Бонди Џанкшн нема зборови и разбирање.

ОВА БЕШЕ УЖАСЕН ЧИН НА НАСИЛСТВО, НЕСЕЛЕКТИВНО НАСОЧЕНИ КОН НЕВИНИ ЛУЃЕ КОИ ОДАТ ВО ШОПИНГ ВО ОБИЧНА САБОТА. ВЕЧЕРВА, СИТЕ МИСЛИ НА СИТЕ АВСТРАЛИЈЦИ СЕ СО ЖРТВИТЕ НА ОВОЈ УЖАСЕН ЧИН И НИВНИТЕ НАЈБЛИСКИ, СЕ ОБРАТИ ПРЕМИЕРОТ НА АВТРАЛИЈА, АНТОНИ АЛБАНЕЗ.

На видеата на очевидците кои се споделуваат на социјланите мрежи може да се види телото на убиецот како лежи во локва крв додека лекарските кипи од брзата помош се обидуваат да им помогнат на жртвите кои лежат по подот на шопинг молот.

Популарно