Само еден потег е доволен - на овој начин лесно проверете дали некој ви го прислушкува телефонот

Бројни корисници на модерната технологија се загрижени дали некој им го прислушкува телефонот, а на овој начин лесно ќе можете да се ослободите од тој сомнеж.

Доколку се обидувате да го исклучите вашиот мобилен телефон, но осветлувањето сѐ уште работи во позадина или телефонот едноставно одбива да се исклучи, можно е некој да ве прислушкува.

Со помош на вируси, хакери управуваат со вашите мобилни уреди, па многу е важно да проверите дали имате чудни појави, звуци, осветлувања или пак апликации кои го успоруваат мобилниот.

Потребно е да проверите дали вашиот мобилен телефон е топол и кога не го држите во раце. Доколку разликата во топлината е воочлива, тоа знали дека мобилниот е подложен на некоја активност и затоа треба да се направат два чекори.

Напишете *#06# по што ќе се појави IMEI код, кој наликува на бар код.

Отворете ги поставките, побарајте ја опцијата статус или пребарајте IMEI. Ако последните две цифри се еднакви како во претходниот код тоа значи дека не ве прслушкуваат. Доколку вашите броеви се разликуваат тоа значи дека сте биле или уште сте под нечиј надзор.

Колку интернет се троши со една минута мината на „Јутјуб“?

Иако износот на мегабајти што го трошите од мобилниот интернет за гледање видеа на платформата „Јутјуб“ зависи од квалитетот во кој ја гледате снимката, тој во никој случај не е мал.

Доколку квалитетот на сликата е автоматски прилагоден, тогаш на вашиот телефон ќе трошите над 4 мегабајти во секунда. Тоа значи дека еден час гледање е еднаков на 240 мегабајти, или цел гигабајт по 4 часа. Се разбира, количината на потрошениот интернет зависи од квалитетот на снимката на видеото што го гледате – доколку тој е поголем, ќе ве чини и повеќе мегабајти.

Видео со лош квалитет (240p) троши 1,6 MB во минута, но снимка во висока резолуција (1080p) троши повеќе од 12 мегабајти.

Со автоматското прилагодување на „Јутјуб“, одредено е платформата да ги пушта видеата со резолуција од 480p.

Погледнете колку мегабајти во минута може да ви потроши секоја резолуција за гледање видеа која е достапна на „Јутјуб“:

240p – 1,6 MB

360p – 2,66 MB

480p – 4 MB

720p – 7,4 MB

1080p – 12,4 MB

Инаку, покрај тоа што има автоматско прилагодување, „Јутјуб“ им овозможува на корисниците и самите да го одберат квалитетот во кој во иднина сакаат да ги гледаат сите видеа. Тоа се прави на тој начин што во самата платформа, во опцијата мени се избира можноста select quality, а потоа се одбира посакуваниот квалитет за емитување на видеата (доколку е тој понизок, ќе троши и помалку мегабајти од вашиот интернет).

ФЕЈСБУК воведува нова опција: Флертување, но со нов профил

Среде најголемиот скандал со податоци во историјата на фирмата, шефот на Фејсбук, Марк Закерберг, изненади со најавата дека најголемата социјална мрежа добива нова, флерт-функција. Тоа веднаш се одрази на берзата.

За да ја користат функцијата за флертување, членовите на Фејсбук ќе мора да направат посебни профили кои ќе бидат видливи само за оние кои исто така се заинтересирани за флерт, најави основачот на Фејсбук, Марк Закерберг. Фејсбук сака да го надгради она што на социјалната мрежа веќе и онака постои – запознавање и договарање состаноци.

Дали со новата функција мрежата сака всушност да стигне до многу податоци за членовите, со цел да им дава предлози за соодветен партнер? Тоа шефот на Фејсбук не го кажа. Досега е само познато дека профилот за флерт не би требало да биде видлив за Фејсбук-пријателите на корисникот. Тие, исто така, нема да можат да бидат предложени како потенцијални партнери. Комуникацијата меѓу две лица би требало да се одвива преку нова чет-форма.

Марк Закерберг зборуваше пред програмерите на Фејсбук

Инвеститорите очигледно веруваат дека Фејсбук може да предизвика промени на пазарот на онлајн-флертување и посредување партнери, затоа што акциите на Меч Груп, која е мајка фирма на апликацијата за флертување Тиндер, по најавата на Закерберг загуби повеќе од една петтина од својата вредност.

Шефот на Фејсбук особено потенцираше дека во развојот на новата функција за флертување ќе се внимава на тајност на податоците. По најновиот скандал со податоци, тоа на Закерберг веројатно му е особено важно. Скандалот околу протекување информаци за корисници на фирмата за анализа Кембриџ Аналитика, играше централна улога при настапот на Закерберг на состанокот на програмерите на Фејсбук. Социјалната мрежа од откривањето на скандалот е под огромен притисок за ја подобри заштитата на податоците.

Закерберг најави и дека Фејсбук ќе им го олесни на корисниците бришењето на некои собрани информации, како листата на посетени веб-страници или кликнати линкови. Тој функцијата „Clear History“ ја спореди со отстранување слични информации на веб-браузерите.

Основачот на Фејсбук претстави и неколку други новини, како видеочет-функција за Инстаграм и вграден преведувач за Фејсбук Месинџер, а даде и сигнал за старт на продажбата на ВР-очила Окулус Гоу, кои треба да се продават по цена од 219 евра.

Популарно