Што има Вардар, а го нема никој друг?

Сонот продолжува, но од Скопје се сели во Келн. Европскиот шампион РК Вардар, иако поразен пред своја публика, повторно во најдобрите 4 на стариот континент. Пред нов голем предизвик, да го направи она што никој досега не успеал. Да го одбрани тронот на Европа и дасе запише во историјата како првиот тим што не ја предал титулата.

Кога нешто такво не им успеало на Кил, Барселона... кога најбогатиот ПСЖ секогаш силниот Веспрем, сеуште немаат титула... станува уште појасно колку сонот на до пред неколку години „малиот“ Вардар е ГОЛЕМ, но не и неостварлив.

Ништо од ова, сепак, не е случајно. Нема Вардар којзнае колку вистински суперстар играчи. Да, Штербик е таков, веројатно и Дибиров и можеби Циндриќ. Еден ден ќе биде и Борозан, но засега не е во тој ранг. Останатите се момци кои, иако злато вредат, никогаш не биле во ниту еден избор за најдобри. Но, Раул Гонзалес токму такви бараше и доби. Доби играчи со ОГРОМНИ срца, кои никогаш не се штедат. Изгради тим и створи хемија што ракометниот свет досега не ја видел. Затоа лани Вардар во Келн беше изненадување. Никој не очекуваше пехарот да замине во Скопје. Барселона и ПСЖ беа фаворити, а од сенка се надеваше Веспрем, но најпрво Циндриќ, а потоа Чупиќ ги расплакаа Шпанците и Французите и највеќе нас, Македонците. Ни покажаа овие момци дека и не мора да се биде супер стар. Не мора да се биде најскап, најбогат, најценет, ако имаш срце и си спремен да го дадеш и последниот атом за своите соиграчи и својот тим. Ни покажаа што значи да се сака црвено црната, а ние му покажавме на светот колку го цениме тоа. Јане Сандански е салата во која никој, освен Вардар, не сака да игра. И повторно, има поголеми сали, има повеќе публика, имаат и реквизити и традиција на големи мечеви, но НЕ, го немаат она што го има Вардар. Никој нема публика како Вардар! Го покажаа тоа и девојките кога пред 10тина дена го одиграа последниот меч во Скопје и плачеа заедно со најверните. Нема пари што можат да го купат тоа. Нема ѕвезди кои можат да доживеат посилен момент во своите кариери. Кога публиката плаче со тебе, кога крајот ги боли сите во салата, тоа е врвот.

Сега не чекаат два Фајнал фор турнири и како и лани, така и сега, на двата Вардар со свој тим. Девојките како најголем фаворит за пехарот, за цреша на тортата и за пречек за збогум на плоштадот во Скопје. Момците овој пат како ШАМПИОНИ! Сами против 3 француски екипи. Богатиот ПСЖ, Нант со Кире Лазаров и изненадувањето на сезоната Монпеље. Ги нема Веспрем и Барселона од лани, го нема ниту Киелце, втор пат по ред нема германска екипа. Го губат Германците приматот за најсилна ракометна лига од Французите, но тоа нас не не интересира. Вардар оди во Келн во битка со историјата за остварување на невозможното. По одбрана на титулата и две Европски титули во ист град! Црвено-црна ракометна Европа и преполн плоштад за се што ни приреди најголемиот македонски спортски бренд!

Се гледаме во Келн и ве чекаме на плоштад,  Пацифист

Ќе има ли последна битка за името или се е веќе загубено?

Последниот мој текст го завршив со „Сега го чекаме 16ти Октомрви и тестот на интегритет на пратениците од ВМРО ДМНЕ.“ Знаеме што се случи и како помина тестот. Искрено се надевав дека ќе соберат храброст, но мојот оптизам и покрај животното искуство, некогаш се покажува претеран. Ми требаа неколку дена да се соземам од ударот врз народот од страна на пратениците во Собранието. Неколку дена во кои одбивав да зборувам или да пратам што се случува, но шокот помина. Време е да се погледне на реалноста во очи, иако воопшто не е светла.

Во 11 те години владеење на ВМРО ДПМНЕ, имаше неколку ситници кои ми се допаѓаа. На пример, дел од Скопје 2014. Не цело, не парите потрошени за целиот проект, не цените на одредени проекти или квалитетот на градба. Но, мал дел ми се допаѓа. Поубаво ми е Скопје со тие нови мостови (иако би сакал да имаше помалку споменици на нив), поубав ми е кејот на Вардар со градбите карши плоштадот (ќе беше фино да не пропуштаа дожд), поубав ми е плоштадот со „Воинот на коњ“ и фонтаната (уште да работеше).... Ситници, но сепак имаше. 99% од владеењето на ДПМНЕ го пронаоѓав како не планско, криминално и делумно автократско. Во последните 2 години Груевски и дружината заличија на италијански мафијаши од амерички филм од 60тите. Јасно беше дека мора да паднат, но партизираната држава и никаквата понудата од опозицијата ги оставаа на власт. За ова поопширно имам пишувано во тоа време. Сепак паднаа, но на начин за кој ќе се каеме со генерации.

Паднаа од криминал, но не својот, туку туѓ. Паднаа со рушење на уставниот поредок и правната држава. Од цунами на државните институции и нелегално прислушкувани разговори. Предупредував дека ако ова еднаш се дозволи, ќе стане пракса и бидна така. Следеше 27ми април и незаконскиот „избор“ на претседател на собранието, но и упадот на толпата во собранието. Шест месеци подоцна дознаваме која била целта на тој ден. Очигледно СЈО и криминалот на ДПМНЕ не беа доволни за уцени врз пратениците, кога за тоа ќе има потреба, па на истите им беше дадена прилика да станат терористи и тие ја прифатија. Пишував на 28 ми Април и го пофалив Ѓорчев, затоа што покажа што значи прво да се биде човек, а потоа политички ривал. Да беа сите како Ѓорчев тој ден, никој немаше да ја отвори вратата, никој немаше да ги упатува влезените граѓани кон салата каде се пратениците на ДУИ и СДСМ... да беа сите како Ѓорчев, немаше да имаме 27ми Април...но имаме. Имаме и страшни последици врз народот од истиот тој ден. Токму 27 ми Април им овозможи на СДСМ да ја прегазат волјата на мнозинството граѓани, изразена на референдум и да тргнат во менување на уставното име на државата по своја желба. Како што пишав и минатиот пат, за прв пат една власт во Македонија, јасно и отворено тргна против својот народ. Можат како сакаат да го прекриваат тоа. Со 630.000 гласа ЗА, со поддршка од Европа и САД, со „Европска Македонија“, но историјата ќе запише дека овој потег е потег на ДИКТАТОРИ! Автократски систем во кој „различните“ од нив се буткаат на маргините или се санкционираат. Вакво нешто, дури ни во најлудите денови не направил Груевски. Ако тој беше мафијаш, Заев е Хитлер.

Очекувано, повеќето од оние кои пиштеа „ДИКТАТУРА“ и „РЕЖИМ“ во времето на ДПМНЕ, сега молчат. Сега не им пречи што собранието укинува одлука на народот. Не им пречи што ЈАСНО КАКО ДЕН, Заев уценуваше и потплаќаше пратеници на ДПМНЕ за да добие 2/3 мнозинство (да, 80 пратеници се 2/3 мнозинство) во Собранието. Не им пречи што немаме уставен суд, а една иста судика осудува се што СЈО има потреба да осуди. Не им пречи што на моменти судењата траат и по 16 саати на ден или тоа што на обвинетите им беа набркани и казнети адвокатите. Еве вчера не им пречеше ниту приведувањето на новинарот Миленко Неделковски и претресот во неговиот дом, за ФБ статус. Можете да го сакате, мразите или да немате никакви чувства кон Миленко, но човекот е новинар, приведен за свој став на ФБ! Всушност потполно е небитно што е Миленко, важно е делото и постапката на државта. Актер, оперски пејач и блогер, сеуште се гонат за терористичко загрузување на уставниот поредок, иако е и повеќе од јасно дека за тоа нема никакви докази, ниту индиции. Се забранува филм. Секојдневно се напаѓаат сите кои на ФБ ќе изнесат став против Заев и „Северна“... се прави се за да се замолкнат сите кои мислат поинаку од Заев, а таквите не се малку.

На другата страна од фронтот го имате расцепканото ДПМНЕ (по 19ти октомври сами треба да си го избришат ВМРО од името). Партијата во моментиве личи на здружение на претседатели на класови од 4 одделение во основно училиште. Треба само малку да им викнеш и се ќе прифатат. Може не сите, но доволен број од нив. Искрено, НИКОГАШ, ама НИКОГАШ нема да го заборавам говорот на полноќ на 19ти октомври на лидерот на ДПМНЕ. Само 2 часа по кршењето на сите принципи на демократијата, кршењето на законот и уставот на Р. Македонија од страна на пратениците на собранието, Мицкоски се обрати кон народот и рече дека ќе го победи Заев на избори!!! Во моментот кога засекогаш ја губиме историјата, губиме дел од идентиетот и ЦЕЛСНО се простуваме од историското и уставно име. Во моментот кога ги газиме коските на сите генерации кои дале крв за ова парче земја, ликов вели ќе гопобеди Заев на избори! Внимавајте, не бара избори, туку кога и да се случат, тој ќе победел! Тоа стратегијата! Не кажа ни што ќе се случи „кога“ ќе победи на изборите. Дали ќе го врати уставот? Дали ќе има нов АСНОМ? Дали ќе побара од Грција други услови (да ова звучи лудо, но барем да излажеше)? Не кажа НИШТО!!! Избори и „народот ќе ти суди“. Ма не го ни кажа ова, туку го прочита! Христијан, не те познавам како човек, но од до сега виденото како политичар, дај брат батали! Иди гради или купуј хидроцентрали!

Сепак, еве синоќа, ДПМНЕ конечно со драстичен потег. Од партија исклучи неколку големи ликови, меѓу кои и Мијалков. Драстичен потег, дораснат на моментот во кој се наоѓаме. Што ова ќе им донесе на Мицкоски и реководството, како истото ќе се рефлектира кон народот и дали воопшто има некаков план во ДПМНЕ, останува да видиме. Засега, како народ, не смееме да бараме водство кај нив.

На линијата на огнот, во овие неколку години, пополека но сигурно се позиционираат неколку мали политички партии, од кои најсериозен играч е „Левица“. Засега цврсто стојат на своите ставови, но и покрај решителноста, нивната моќ е сериозно ограничена. Што од материјални средства, што од бројност на членство и игнор од повеќето медиуми, но и јавната АНТИ НАТО политика. Сепак, се покажа во историјата дека и малите можат да направат огромни промени. Парите се надоместуваат со одлични идеи, вистински план и перфектна реализација. Масата се привлекува многу брзо ако народот ја добие довербата и помисли на вас кога му треба надеж. АНТИ НАТО ставот се „решава“ со референдум. Дали „Левица“ има капацитет за вакво нешто...не знам.

Тука е и претседателот Иванов. Со сите свои маани, Иванов веројатно е единствената личност што го дава максимумот, иако и до него стигнале многу уцени (ова самиот го кажа пред 2 години). Сепак, претседателската функција има ограничувања, а Македонија е парламентарна демократија. Нема уште многу џокери во „ракавот“ на претседателот.

На крајот останува НИЕ. Народот. Мнозинството е против овој договор. Против Северна, против диктатура. Сепак, седиме дома, скриени во сопствената немоќ или незаинтересираност. Исплашени од диктатурата што не гази, наоѓаме безброј изговори за пасивност. Не се исклучувам ни себе од горе напишаното. И кај мене почна да се појавува апатија. И јас посакав да дигнам раце. „Направив се што можев, не сум јас крив што го гласаа Заев. Објаснував, молев, убедував...но не слушаа“. Прочитав многу слични исповеди деновиве на ФБ и Твитер. Се простија луѓето од Република Македонија, истрошени од поразот по последната битка. Битка на која исходот бил јасен уште на 27ми април, а ние никако не можевме да влијаеме на резулатот. Ги разбирам, иако се надевам дека повторно ќе застанат во одбрана на нашето. На името, историјата, идентиетот, правото да сме она што сакаме! МАКЕДОНЦИ од МАКЕДОНИЈА! Ве разбирам и вас кои чекате некој друг да ја почне битката, да тргне во одбрана, да застане на патот на диктатурата... Моќен лидер како што Македонија некогаш имала. Но, годините ропство и комунизам го избришаа тој ген во нас. СЕГА мораме сами заедно. СЕГА или ќе бидеме запишани како генерацијата што го загуби името, што ја загуби Македонија! СЕГА или никогаш!

Автор: Пацифист

ЈЕБАЛА ТЕ ВОЉАТА НА НАРОДОТ!

Нема поедноставен популистички рецепт на телевизија да излезеш и да се повикаш на ‘‘ вољата на народот‘‘ додека и кучињата скитници ти псујат и племе и се по список, а да изгледаш како херој! Добро де, дека си убав на телевизија убав си, ама подјебуеш интелигенција на цела популација. Имаш ли ти попис у дуќан бе да видиш колку крастајци имаш на лагер! Немааш!  Е кој клинац планираш да праиш таратур кога не знаеш! Не ми се повикувај на тие миљон и двеста што не искочиле на референдум ( демек, бојкотирале и биле против). Против е да излезеш и да кажеш – ПРОТИВ. Овака, жалим случај ама јас тоа не можам поинаку да го толкувам освен како – МОЛК! А, народ што молчи, значи дека – НЕМА СТАВ! А ако нема став, значи и дека НЕМА ВОЉА! И затоаке вриснам јако во етерот со едно кратко.

ЈЕБАЛА ТЕ ВОЉАТА НА НАРОДОТ!

Ке се пребројаваме ли бе? Ке има ли ‘‘итен попис‘‘? Ке има стап. На никого не му одговара уште затоа што сите ке се шашардисаме коа ке видиме дека сме правеле ‘‘ рачун без крчмара‘‘. И турско и каурско. Ама кјути сеа, не таласај дур не положиме испит кај јабанџиите, па после од кога ке ни речат дека сме убај, ке се повлечеме у соба и ке си псуеме мајка броејки се по системот на маалски касап со калемот зад увце, демек, ‘‘ колку сме, толку сме, за у курац сме‘‘. Ама ќути си, зашто ако се дознае дека не сме тие што сме, и колку сме, го ебавме ежот.

Ултранационалистите милуваат да се повикаат на вољата на народот како фраза која се помалку има тежина за целиот нормален свет. Лудилото на повикот дека Македонија е бездруго ‘‘ поробена‘‘ и дека повторно треба ВМРО да ја ослободува од клетите предавници го гледа цел свет и не си верува на сопствените очи што се случува. ПР принципот во кој се растураат фрази дека Македонија е повторно онаа од времето на Солунските атентатори, веќе не проааѓа ни кај пијаниците пред самопослуга кои ждригаат од ‘‘златен Даб‘‘ и се гребат цигара.

‘‘ А КОЈ ГО ТОА РЕЧЕ‘‘,… ВОЉАТА НА НАРОДОТ! А НА ГРАЃАНИТЕ?

Па и албанците ( е де, шиптарите нали) се народ! И шупрајме? За кој народ збориме? За делот на македонците кои заедно со албанците, србите, турците, ромите и останатите гради современа европска Македонија, кои покажуваат историска зрелост и доблест и позитивна еволуција, или за оние кои сметаат дека ако не заличиш така на средновековен рицар кој повикува на покољ ти не си човек. Ако само два грама зборуваме за искреност, ке приметиме дека позицијата на власт ( вклучувајки ги албанците) фразата ја преформулира во ‘‘ вољата на граѓаните‘‘! Тоа е сосема поинаква и посодржајна дефиниција која кореспондира со вистината. Како?! Еве како! Дали ке бидеме искрени и реални ако кажеме дека,…

Пишува: Агим Јонуз

Целиот текст прочитајте го на Либертас.мк

Миленко Неделковски: Сашо Мијалков - Шиптар

Најнапред, без шокирање.

Сите новонастанати тазе дојдени скопјани треба да знаат дека од тинејџерски години, уште од дискотека Технометал, Сашо Мијалков си имаше прекар Шиптар. Тоа тој ниту го криеше, ниту се срамеше. Напротив сметаше дека е ОК.

Толку околу насловот.

Сега за суштината:

Како се раскурца државата, парламентот и системот, така луѓето се повеќе се охрабруваат да ги пишуваат работите со име и презиме.

Секој просечен следач на социјалните мрежи може да види дека се избиструваат имиња и настани што подоцнежната историја ќе ги обработи и класифицира во графата национално предавство.

Без навивачка еуфорија и со трезвени глави мора да се признае дека “од нашите си патиме”.

Не ни е виновен Заев! Виновни се оние што се преправаа дека се патриоти, кои се ословуваа со сердаре и комито, кои беа нарекувани началници – а глатко му ја предадоа власта и државата на Зоран Заев.

Јас, како Миленко Неделковски Македонски, нема да дозволам да се заборават имињата и “делата” на оние што не пуштија низ вода.

Постојано ќе ги преобјавувам за да имаат перманентно реметење.

Еве, за вечерва, можам да извадам заклучок дека најверните кадри на Никола Груевски, избрани и безрезервно поддржувани од Никола Груевски, на нас МАКЕДОНСКИОТ народ најдлабоко ни го зачукаа.

Зоран Јолевски кој во ташна однесе 2 милиони долари за донација за кампањата на Хилари Клинтон. Нај антипатичен створ кој се што одработи го направи тоа на штета на државата. Кој за сметка на своите синови измислуваше американски консултантски фирми што Кирил Божиновски дебело ги плаќаше.

Нино Тодоров перманентниот министер во труд и за здравство, откако ја урна државата со двата Пржински договори, со образ ѓон излезе да каже дека ќе гласа на референдум. Му беше интересно 10 години да е министер, ама му се здосади 3 месеци да е пратеник. Немаше доволно тендери и рушвет.

Елизабета Камчевска Милевска која во Москва си шопингуваше во дуќанот за Харли Девидсон со кредитната карта на министерството што го водеше. Откако 11 години беше неорикосновена министерка, откако децата и се расфрлаа со пари во елитни локали во друштво со комуњарчиња, реши да се спасува себе си и своето азно.

Крајно, Сашо Шиптар кој беше апсолутна власт во државата, се сведе на нивото да ги притиска, убедува и уценува пратениците да гласаат во корист на Зоран Заев. За возврат може да си го задржи хотелот Мериот, СЈО да ги повлече доказите против него и АКМИС системот да не му ја додели Кацарска за судија. Ах да, и да го жртвува за таа цел својот братучед Груевски

Да не заборавиме, овие сите беа несменливи. А се покажаа најголеми промашувања во селекцијата што ја правеше “шефот”.

Дудинка.орг

Популарно