ФЕЈСБУК воведува нова опција: Флертување, но со нов профил

Среде најголемиот скандал со податоци во историјата на фирмата, шефот на Фејсбук, Марк Закерберг, изненади со најавата дека најголемата социјална мрежа добива нова, флерт-функција. Тоа веднаш се одрази на берзата.

За да ја користат функцијата за флертување, членовите на Фејсбук ќе мора да направат посебни профили кои ќе бидат видливи само за оние кои исто така се заинтересирани за флерт, најави основачот на Фејсбук, Марк Закерберг. Фејсбук сака да го надгради она што на социјалната мрежа веќе и онака постои – запознавање и договарање состаноци.

Дали со новата функција мрежата сака всушност да стигне до многу податоци за членовите, со цел да им дава предлози за соодветен партнер? Тоа шефот на Фејсбук не го кажа. Досега е само познато дека профилот за флерт не би требало да биде видлив за Фејсбук-пријателите на корисникот. Тие, исто така, нема да можат да бидат предложени како потенцијални партнери. Комуникацијата меѓу две лица би требало да се одвива преку нова чет-форма.

Марк Закерберг зборуваше пред програмерите на Фејсбук

Инвеститорите очигледно веруваат дека Фејсбук може да предизвика промени на пазарот на онлајн-флертување и посредување партнери, затоа што акциите на Меч Груп, која е мајка фирма на апликацијата за флертување Тиндер, по најавата на Закерберг загуби повеќе од една петтина од својата вредност.

Шефот на Фејсбук особено потенцираше дека во развојот на новата функција за флертување ќе се внимава на тајност на податоците. По најновиот скандал со податоци, тоа на Закерберг веројатно му е особено важно. Скандалот околу протекување информаци за корисници на фирмата за анализа Кембриџ Аналитика, играше централна улога при настапот на Закерберг на состанокот на програмерите на Фејсбук. Социјалната мрежа од откривањето на скандалот е под огромен притисок за ја подобри заштитата на податоците.

Закерберг најави и дека Фејсбук ќе им го олесни на корисниците бришењето на некои собрани информации, како листата на посетени веб-страници или кликнати линкови. Тој функцијата „Clear History“ ја спореди со отстранување слични информации на веб-браузерите.

Основачот на Фејсбук претстави и неколку други новини, како видеочет-функција за Инстаграм и вграден преведувач за Фејсбук Месинџер, а даде и сигнал за старт на продажбата на ВР-очила Окулус Гоу, кои треба да се продават по цена од 219 евра.

Ќе се бришат милиони сметки на Gmail

Ако имате неактивна сметка што сакате да ја зачувате, сè уште имате време да го сторите тоа.

Google уште во мај објави дека ќе започне со бришење на сметките кои се неактивни две или повеќе години.

Пред ова, компанијата би ја бришела само содржината зачувана на сметката, а не самата сметка. Промената би требало да ја зајакне безбедноста, бидејќи неискористените сметки се подложни на компромитирање.

Google соопшти дека бришењето ќе започне во декември 2023 година, што е само еден месец од сега.

Ако имате неактивна сметка што сакате да ја зачувате, сè уште имате време да го сторите тоа. Технолошкиот гигант го започнува процесот во фази, почнувајќи со сметки кои се креирани и никогаш повеќе не се користат.

Одлуката за бришење се однесува само на личните сметки, но не ги вклучува сметките од организации како што се училишта и бизниси. 

Ватсап наредниве недели овозможува два профила на еден телефон

За луѓето кои имаат приватен и деловен профил на „Ватсап“ или пак два профила од иста природа, наскоро нема да им требаат два мобилни телефона.

Апликацијата ќе им овозможи на своите корисници да имаат два профила на еден уред. Но, условот е корисникот да има два телефонски броја или мобилниот телефон да поддржува е-СИМ или двојна т.е. повеќенаменска СИМ-картичка.

Од „Ватсап“ велат дека сега веќе нема да треба да се одјавите од еден профил за да влезете во друг, туку ќе биде овозможен истовремен пристап до двата профила. За тоа се бира опцијата „Сетингс“ во апликацијата, се кликнува на стрелката до името и се бира „Додај профил“.

Секој профил има посебни поставки за приватност, па може да се избере примање известувања само од една сметка. Ова е полезно доколку корисникот е на одмор и не сака да добива пораки од работа.

Годинава претходно на корисниците им беше дадена можност да пристапат до еден профил од повеќе уреди. Новото ажурирање ќе пристигне на уредите со „Андроид“ наредниве недели.

Икс воведува опции кои корисниците долго време ги посакуваа

Социјалната мрежа Икс почна да ја воведува услугата за аудио и видеоповици. Опциите може да се најдат во делот „Поставки“ за „Директни пораки“, а новите функции може и да се исклучат.

Оваа новина во август ја најави извршната директорка Линда Јакарино, истакнувајќи дека ова е само чекор во еволуцијата на платфрмата кон тоа да стане „апликација за секого“, исто како што напомна и сопственикот Илон Маск.

Корисниците ќе имаат можност да изберат опција за одобрување повици само од одредени корисници, по избор.   

Популарно