(ФОТО) Социјалните мрежи горат: Би-Би-Си се помајтапи со модната креација на македонската претставничка

Македонската претставничка групата „Ај кју" настапуваше под редниот број 11, а нашата пејачка Марија со нејзината модна креација стана цел на потсмев на социјалните мрежи.

Еден од највпечатливите коментари кој се појави на Твитер беше објавен од Би-Би-Си:

„Не е наопаку облечено мамо, тоа е мода која ти не ја разбираш", стои во нивната објава.

Елена Ристеска прозборе за смртта на Влатко Илиевски

Елена Ристеска нашата македонска музичка ѕвезда деновиве летува на Миконос, а за порталот Независен.мк прозборе за смртта на Тоше и Влатко Илиевски.

- Од колегите изгубивме прерано премногу од нив, со оглед на тоа што сме малобројни на сцената. Ама ова со Влатче беше ужасно шокантно. Последните негови контакти со нас создаваат дополнителна болка поради неговата загуба. Ова треба да нè научи сите да се цениме додека сме живи. Откако ќе се преселиме на друг свет, веќе е предоцна за сè. Влатче беше обожавано дете, од сите, и затоа после многу несоодветни коментари, едно треба да знаеме, ние како колеги секогаш си помагаме, дуети, соработки, подарување песни итн., но најголемата помош за сите нас се очекува од публиката, да се слуша македонска музика, да се посетуваат концертите, да се купуваат албумите. Ако сами не си го цениме своето, никој нема никогаш да нè цени, вели Елена 

Бреговиќ: „Би сакал да знам, ако умрам, дека децата ми се обезбедени“

Популарниот Горан Бреговиќ е жива музичка легенда на Балканот, која може да има се’ што ќе посака, но Брега се сеќава на детството во кое не било така.

Целиот мој живот имам страв од сиромаштија. Тоа не е како кај нас, кога сте на улица, немате тетка да одите на ручек, немате вујко да позајмите пари.

Војна е и во војната сте изгубиле сè што сте имале во еден ден. Долго време се плашев од сиромаштија. Гледајќи наназад, од страв купував премногу работи.

Пред војната имав куќи, станови, бродови, автомобили. Сега веќе не се грижам за себе, имам деца и го имам истиот страв и за нив – вели Бреговиќ и додава дека поради стравот, се обидува да ги обезбеди и децата.

Ин мемориам: „Кралицата на соул музиката“ замина во легендите

Арета Френклин, која го поседуваше еден од најмоќните гласови во музичката историја, издиша за последен пат во својот дом во Детроит. Имаше 76 години.

Талентираната музичка дива подолго време имаше здравствени проблеми. Шпекулациите се дека страдаше од рак на панкреасот. Во последните месеци од животот, нејзината телесна тежина драстично опаднала и семејството пред неколку дена ја извести јавноста дека таа е на смртна постела.

Кариерата на Френклин е извонредна. Уште во 60-тите години таа беше наречена „Кралица на соул музиката“, има освоено 18 Греми награди и стана првата жена во „Куќата на славните на рокенролот“.

Популарно