Секое второ дете во Македонија се воспитува со ќотек

Секој второ дете во Македонија се воспитува со ќотек, предупреди УНИЦЕФ. Според претставникот на организацијата во земјава тепањето им штети на нивниот психофизички развој. Почесто се разболуваат, а голем дел од нив стануваат криминалци, објави Сител.

-Тие деца во школо поспоро учат, вокабуларот им е послаб од децата кои доаѓаат од функционални семејства, изјави Бенџамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ во Македонија.

Од ЕУ сметаат дека сериозна е состојбата со насилството врз децата во земјава. Министерката за труд и социјала признава дека многу често сите гледаме физичко малтретирање на деца од страна на родителите, но премолчуваме.

- Јас многу пати сум била сведок кога родител ќе го потчукне детето, ќе го потскубне, па дури и ќе го потклоцне и тоа се случува на јавни места, во училиштата и во градинките, истакна Мила Царовска, министер за труд и социјална политика.

Иако тепањето на децата е честа слика минатата година во полиција имало само 903 кривични пријави за семејно насилство.

- Во кои се евидентирани 976 жртви, жените се поголем дел или речиси две третини од регистрираните жртви. Евидентирани се над 90 деца жртви на семејно насилство, изјави Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи.

Инаку само во последниот период јавноста беше згрозена од случаите како соученички тепаат малолетничка во Неготинско училиште. 13 годишно девојче од Домот “25 мај” беше сексуално злоставувана, а завчера наставник во училиште во Бутел со стап претепал ученик.

За да не се случува ова Извештајот кој беше промовиран денеска треба да биде поттик за надлежните институции да ја подобрат алармантата состојба.

ФОТО: Момче со рак во терминална фаза го теши својот брат

Фотографијата од 15-годишно момче со рак во терминална фаза како го теши својот расплакан брат стана вирална.

Во 2019. година, на тинејџерот Иан му бил дијагностициран остеосарком. По операцијата и неколкумесечната хемотерапија, дознале дека е излечен. Но, во ноември 2021. година, болеста се вратила и се проширила низ телото. На Јан и неговото семејство им било кажано дека ништо повеќе не може да се направи и дека ќе умре.

Кога Јан ја споделил страшната вест со својот помлад брат Питер, тој се расплакал и липал. Иан силно го прегрнал, да го утеши и му се извинил што не можел да го победи ракот.

Потресната фотографија од трогателниот момент меѓу двајцата браќа на Фејсбук ја објави Бенџамин Елиот од Орегон.

„Иан реши сам да им каже на своите пријатели и помалиот брат дека ракот неизбежно ќе го убие. Мислам дека оваа фотографија го покажува доброто за кое Иан сакаше и се веруваше дека ќе биде споделено. Дури и со катастрофални прогнози, Јан е тој што ги теши другите. Вистината е дека тој одбива да живее за себе. Избра да живее за другите до моментот кога ќе го земе последниот здив“, напишал Елиот.

Стотици ја коментирале фотографијата и признале дека сцената ги скршила.

„Мразам рак“, „Срцето ми е скршено“, „Неверојатен пример за љубов и понизност. Моите молитви се со ова момче и неговото семејство“, напишале некои.

Рецепт за денешен ручек

Рибина чорба

Одберете некое поголемо парче риба или две помали. Ако има во неа икра уште поубаво, ќе ја ставите и неа во чорбата. Рибата исчистете ја, пресечете ја на половина и ставете ја во тенџере со вода на оган, само да ја фати еден клуч, да можете да ја исчистите.

Потоа внимателно исчистете ја од коските. Tаму каде можете, на пр. од долниот дел оставајте поголеми парчиња, не ја ситнете многу. Тргнете го месото настрана. Кромидот изрендајте го и ставете го во тенџерето каде ќе ја варите чорбата.

Таму ставете го и другиот зеленчук. Јас секој од нив го сечкам различно, морковот на тркалца, целерот на ситни коцкички, пашканатот на подолги лентички, лукчето ситно исечкано. Сето ова со малку масло ставете го да се запржи. Потоа турете вода, компирот на најситно изрендајте го и ставете го и него, ставете ја рибата, зачинете и варете се додека не се свари зеленчукот. На крајот прелијте ја чорбата со малку црвена запршка, (ако не ви е доволно густа може и малку брашно да ставите во запршката) и исечкајте го магдоносот. Уживајте, ова ми е една од омилените чорби, особено во зимско време. 

Рецепт за денешен ручек

 Ручек со зелка.

СОСТОЈКИ:

1 главица кромид

1 праз

1 морков

2 чешни лук

1 кг. свежа зелка

1 коцка супа

1 лажиче оригано

2 лажици маслиново масло

1 л. доматно пире

2 л. вода

сол

ПОДГОТОВКА:

Кромидот и празот ситно се сечат, па се ставаат во тенџере да се динстаат со масло. Се додава и половина шолја вода и се остава вака 5 минути.

Лукот се сече, морковот се лупи и ренда, па се додаваат на кромидот и празот, и се става уште една шолја вода. Се додава и коцка за супа и оригано.

Зелката се сече ситно, па и таа се става во тенџерето.

Се ставаат доматното пире и водата.

Се динста се околу еден час, па се додава и сол по вкус.

Не и е потребна запршка, убава е вкусна и здрава.

Популарно