Скопјанка херој: Сема Џеладини спаси петгодишно девојче од Вардар

Сема Џеладини во петокот вечерта, околу 20 часот, ризикувајќи го својот живот, не се двоумела да помогне во спасувањето на 5 годишно девојче кое паднало во надојдениот Варадр.

Како што пишува порталот Алмакос, Сема излегла на пауза, но одеднаш слушнала повици за помош:

-Во петокот вечерта излегов околу 20 часот, седев на клупа,  гледајќи го брегот на реката Вардар. Одеднаш, по 10-15 минути , слушнав извици. Ја свртев главата кон брегот. Видов девојче на  околу пет години, како ја губи контролата над својот велосипед, не можеше да закочии и падна во Вардар, раскажува Сема.

За да ја спаси својата ќерка, прва во Вардар скокнала нејзината мајка. Сема го видела тоа, но мајката не можела да излезе надвор заради брзаците на реката. Таа притрчала и влегла внатре.

Девојчето било многу исплашено, но Сема успеала некако да го фати за рака. Потоа, притрчале уште неколку мажи, кои им помогнале на сите да излезат надвор, пишува Алмакос.

“ Се спуштив од работ. Девојчето беше многу испаничено, многу уплашена. Ми ја подаде раката за да ја спасам. Се бореше. Ја фатив за рака. Бидејќи работ беше многу лизгав, за да не ја испуштам од рака и јас заедно со неа влегов во вода.”

Сема сеуште се сеќава на извиците на девојчето, вели дека зборовите на малата ќе ги запамети цел живот.

“ Дадо, дадо, те молам спаси ме, и ми ја подаде раката. Дадо, те молам не ме оставај. Не ме оставај да умрам. Те молам помогни ми.”

Откако Сема заедно со девојчето, со големи маки стигнале до работ на кејот, на помош дошле и тројца мажи. Тие помогнале Сема и мајката на девојчето да излезат од Вардар. Девојчето ја прегрнала Сема и така прегрнати стигнале до Ургентниот центар на болницата.

Таму девојчето било прегледано. Немала никакви проблеми. По контролите, било пуштено дома.

Во овој момент дали би го направиле истото, Алмакос ја прашува Сема. Таа е категорична.

“Истото би го направила.”

Таа во тој момент чуствувала само едно, дека мора да го спаси девојчето. Не ни помислила на својот живот.

“Битно беше млад живот да се спаси“.

Кучиња нападнале полицајци во Кисела Вода

На 14.03.2024 во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода, двајца полициски службеници, додека извршувале службени задачи, биле нападнати и каснати од неколку кучиња сопственост на М.Г.(54) од Скопје, за кој претходно било пријавено дека во дворот на небезбеден начин ги чувал кучињата. 

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Драма во скопска Кисела Вода: Групна тепачка меѓу дедовци

На 03.03.2024 во 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу З.Н.(79) и Т.Н.(79), од една страна и Л.Ш.(64) од друга страна, сите од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Приведена Американка која полудела во зграда во Кисела Вода

Вчеравечер во 23.15 часот, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода ја привеле К.А.Р.(49) од САД затоа што во зграда на подрачјето на Кисела Вода го нарушила јавниот ред и мир и агресивно се однесувала кон дел од станарите.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР.

Популарно