Подарокот за свадба на Прија и Филип од Бобо и Брена боли глава, тоа е нешто баснословно!

Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ наголемо се подготвуваат за свадба која е закажана на 21 јуни.

Меѓутоа младенците и не сонуваат какво изненадување подготвуваат Лепа Брена И Бобо Живојиновиќ. Како што дознава Курир, газдарицата на Гранд и некогашниот тениски ас на Прија и Филип им купуваат куќа, во која брачниот пар ќе живеат во неа после свадбата.

- На Александра и Филип се им е стокмено. Тие двајцата имаат се во животот. Млади се и успешни во своите професии. Бобо и Брена горди се на нив и долго размислувале како да ги израдуваат и што да им подарат на така важниот ден. Бидејќи две години живеат во станот на Александра, тие сакале да ги израдуваат така што ќе им купат куќа. Ни Филип ни Александра не знаат за тоа, бидејќи Брена и Бобо сакаат да ги изненадат на свадбата – вели извор близок на семејството Живојиновиќ.

Тој вели дека веќе разгледувале неколку куќи и дека најмногу им се допаднала една која се наоѓа на Бежанија.

- Куќата е по нивен вкус. И Брена и Бобо се сигурни дека ќе им се допадне на младенците. Во прашање е нова градба, модерна, и добро средена куќа која се наоѓа во нивното сосетство, па ќе бидат близу. Направена е по светски стандарди и не е воопшто ефтина, но тоа за нив не претставува проблем, бидејќи ја купуваат со љубов и сакаат да им биде удобна и убава – вели соговорникот.

- Двајцата воделе сметка за секој детал. За нив битен е датумот и желбата да се чуствуваат убаво, како и нивните гости.

На Филип мајката и сестрата се пресреќни бидејќи нејзиниот син се жени со жена со која одлично се согласуваат.

Се обидовме да стапиме во контакт со Пријакович, но таа не одговорила на повиците и пораките, како ни Брена.

ФОТО: Татјана Стојановска не се плаши од годините,но..

Таа важи за една од најубавите жени во Македонија, а многупати медиумите и го дадоа епитетот дека старее како добро вино.

Од неодамнешните содржини на Вистина.мк можевте да прочитате за деталите од љубовниот живот и заедничкиот живот со саканиот Михаил, како и тоа дека се уште не ја официјализирале врската во матично со брак.

Меѓудругото таа проговори и за убавината, дека не се плаши од староста и годините, но и за тоа дека почнала да употребува ботокс и филери за да го освежи својот изглед.

-Немам тајна формила како ја одржувам убавината и изгледот, вообичаени некои третмани, процедури што ги спроведувам, но ништо специјално. Јас не сум противник на естетската хирургија, сметам дека секој кој што мисли дека отстранувањето на некои недостатоци ќе му ја зголеми довербата и ќе го подобри нивното расположение, треба да го сторат тоа. Немам направено естетски зафати. Јас велам дај Боже да остареме, да ги добиеме тие брчки и се што доаѓа со годините, затоа што тоа е вредност во животот. Сега има такви процедури кои што можат на некој начин годините малку да ги избришат, да се подмладиме. Не се плашам од стареењето, зашто би било убаво и кога би остареле, заклучува Стојановска во интервјуто за „Бекстејџ“.

Таа на својот профил на Инстаграм објави токму една таква фотографија на која е пред постапката на ставање филери, а ги предложи за соврешени усни за Денот на вљубените.

ФОТО: Синот на Лепа Брена покажа како изгледал порано,а како сега

Помладиот сина на Лепа Брена, Виктор Живоиновиќ пред две години реши да ослабне. Ја смени исхраната, почна да тренира, а сега се видливи и резултатите кои се просто неверојатни.

Тој е на семеен одмор од каде објави фотографија и покажа на сите како сега изгледа, а она што сите го забележаа е дека Виктор целосно се трансформирал.

Процес на слабеење, напишал тој крај фотографијата „Некогаш и сега“.

ФОТО: Кога познатите жени се фотографираат без шминка

Никој не сака кога е фатен неподготвен за фотографирање, особено познатите жени кога се ненашминкани. Некои имаат повеќе храброст, некои помалку со своите следбеници да споделат како изгледаат опуштени и задоволни со својот изглед. Во галеријата погледнете како изгледаат тие без шминка:

Популарно