Ова ви ги уништува бубрезите. Запамтете на време!

Бубрезите се меѓу најважните органи во телесниот систем, тие ја филтрираат крвта, произведуваат хормони и апсорбираат минерали. Една од нивните најважни улоги е да се однесуваат како заштитници на телото од отрови затоа што ги елиминираат токсините и ги неутрализираат киселините. Овој мал орган дневно прочистува околу 200 литри крв.

Поради се што прават за нашето тело треба да ги чуваме. Но истражувањата покажуваат дека бубрезите секојдневно се на удар на одредени штетни навики кои ги ослабуваат и оштетуваат. Болестите на бубрезите спаѓаат во збирот на т.н. „тивки болести" чии симптоми не се покажуваат на самиот почеток на болеста туку дури кога ситуацијата ќе стане сериозна. Научните истражувања и искуствата на пациентите покажуваат дека бубрезите можат со години да ја извршуваат својата функција со намален капацитет (па дури и да работат само со 20%) без пациентот воопшто да забележи. Затоа превентивата и навременото реагирање се најважни за здравјето на бубрезите. Според мислењето на експертите овие штетни навики можат да ги оштетат вашите бубрези и ако ги практикувате размислете што треба да промените.

Недостаток на вода во организамот

Најважна задача на бубрезите е филтрирање на крвта и елиминирање на токсините од организамот. Во извршување на оваа функција на бубрезите им помагаат течностите, поточно водата. Ако не внесуваме доволно течности бубрезите работат послабо и доаѓа до собирање на токсини во организот што може да дојде до оштетување.

Вишок на сол во исхраната

Златното правило вели дека не треба да се внесуваат повеќе од 5 грама сол дневно. Се што го надминува ова количество може да влијае на оштетување на бубрезите. Кога внесуваме солени продукти бубрезите работат повеќе бидејќи мораат да го излачат натриумот кој се наоѓа во солта. Вишокот на сол влијае и на крвниот притисок, како и на бројни други болести.

Задржување на урина

Често се случува одењето во тоалет да го одложуваме поради тоа што не сакаме да одиме во јавни тоалети или пак имаме обврски. Честото задржување на урина го зголемува притисокот на мочниот меур, а може да доведе и го откажување на бубрезите, појава на камен во бубрег и инконтиненција.

Премногу шеќер

Неодамнешните истражувања покажуваат дека е доволно да се испијат два засладени пијалоци за да се зголеми нивото на протеини во урината. Појавата пак на протеините во урината е еден од првите знаци на потешкотии со бубрезите. Понекогаш внесуваме и до 10 пати повеќе шеќер од препорачаната доза, со што бубрезите се на постојат удар.

Недостаток на витамини и минерали

Недостатокот на витамини и минерали е преуслов за појава на бубрежни болести. Витаминот Б6 и магнезиумот го смалуваат ризикот од добивање камен на бубрег, па затоа во исхраната редовно вклучувајте намирници кои се богати со овие витамини и минерали.

Животински протеини

За здрави бубрези исхраната треба да изобилува со овошје и зеленчук. Секое внесување на протеини, особено од животинско потекло додатно ја оптеретува работата на бубрезите. Со тек на време тоа може да доведе до оштетување и намалување на функциите на бубрезите.

Недостаток на сон

Во текот на спиењето телото го обновува оштетеното ткиво на бубрезите, па затоа редовниот сон е нужен за одржување на здравјето на бубрезите.

Премногу кафе

Како солта така и кафето ги оптеретува бубрезите. Кофеинот може да го зголеми крвниот притисок со што бубрезите се под особен стрес, а со тек на време тоа може да доведе до нивно оштетување. Потрудете се да не пиете повеќе од две шолји кафе дневно.

Лекови против болка

Искуството на пациентите покажува дека користењето на лекови против болка (како што се аспирини, ибопрофени и други слични лекови) може да доведо до нагло оштетување на бубрезите. Обидете се првенствено да бирате природни методи за ублажување на болка и заштитете ги вашите бубрези.

Конзумирање алкохол

Бубрезите нема да страдаат ако испиете една чаша вино, но долгорочната претерана конзумација на алкохол ги оштетува бубрезите. Алкохолот е токсин кој бубрезите мораат да го преработат и исфрлат од организмот. Како диуретик на телото му ја одзема драгоцената вода и така двојно неповолно влијае на работата на бубрезите.

Што прокоментира славниот глумец на фотографијата од неговата ќерка?

Ќерка на познат актер го сликаше својот задник, а потоа нејзиниот татко ЈАВНО коментираше на фотографијата

Ќерката на популарниот актер Алек Болдвин е позната по нејзиното контроверзно однесување, а нејзиниот татко немолчеше овој пат и реагираше на најновата фотографија што ја објави.

НЕ едноставно НЕ и порача Алек Болдвин на ќерката.

Откажувањето од пушењето го подобрува здравјето, дури и ако се здебелите

Откажувањето од пушењето го подобрува здравјето, дури и ако се здебелите.

Ако не сакате да престанате да пушите цигари поради страв дека ќе се здебелите, една нова студија открива дека подобро да се здебелите отколку да пушите. Во споредба со пушачите, дури и оние кои здебелиле имале 50 отсто помал ризик од прерана смрт од срцеви болести и други причини, откри студијата предводена од Харвард.

Д-р William Dietz, експерт за јавно здравство на Универзитетот Џорџ Вашингтон, тврди во студијата која е импресивна според бројот на опфатени испитаници и дека треба да ги сруши митовите  за здравствени проблеми кои се јавуваат по престанување со пушење и зголемување на телесната тежина.

"Студијата јасно покажува дека вашето здравје се подобрува кога ќе престанете со пушењето, дури и ако се здебелите", рече Dietz

Студијата беше објавена од страна на  магазинот The New England of Medicine. Во истото списание објави шведска студија која откри дека престанок со пушењето е најдоброто нешто што дијабетичарите  може да го направат  за да го намалат ризикот од предвремено умирање.

Никотинот во цигарите може да го намали апетитот и да го зголеми метаболизмот. Многу луѓе кои престануваат со пушењето најчесто јадат повеќе и добиваат тежина до 4,5 килограми, а некои дури и три пати повеќе. Големата тежина предизвикува дијабетес, но тоа може да предизвика голем број на проблеми, како што се слепило, оштетување на нервите, срцето и бубрезите, и сиромашните протокот на крв во нозете.

Во американската студија опфатени биле  170.000 мажи и жени над 20-годишна возраст, проверувајќи ги  на секои две години што одговориле во здравствените прашалници. Тие проверувале кои испитаници престанале да пушат и следеле дали станувале дебели и развиле дијабетес, срцеви заболувања или слично. Утврдено е дека ризикот од дијабетес кај овие лица се зголемил за 22 проценти за време на шестгодишно прекинување на пушењето. И претходните истражувања покажале дека луѓето кои се откажале од пушењето се изложени на зголемен ризик од развој на дијабетес, но овој ризик, велат истражувачите, не е постојан и никогаш не може да доведе до зголемување на ризикот за прерана смрт, за разлика од пушењето.

Истражувачот заклучува дека без оглед на зголемувањето на телесната тежина, луѓето кои престануваат со пушењето секогаш имаат помал ризик да умрат.

Детално: надуеност и гасови, летна траума и решавање на траумата

Подуеноста на стомакот, подригнувањето и интестиналните гасови знаат да бидат непријатни и да направат да се почувствувате засрамени. Следуваат причините за нивната појава како и начините за нивна превенција.

Сите овие наведени "непријатности" се природна појава и најчесто се предизвикани од голтањето на воздух и од варењето на храната. Можете ретко да почувствувате гасови, но понекогаш тие знаат да се јават и во текот на целиот ден. Во случајот кога интестиналните гасови и соодветно асоцираните болки влијаат на секојдневните активности, тоа може да биде индикација за нешто посериозно.

Подуеност на стомакот: Натрупување на гасови во стомакот и интестиналниот тракт

Кога гасот нема да се исфрли преку устата или анусот, тој може да се натрупува во стомакот и интестиналниот тракт, што доведува до појава на болки и подуеност на стомакот. Болките кои што би се јавиле можат да бидат тапи и слаби или остри и интензивни. Испуштањето на гасот може да ја намали болката.

Подуеноста на стомакот може да биде поврзана со следново:

– Консумирање на мрсна храна. Маснотиите го забавуваат празнењето на стомакот и го зголемуваат чувството на исполнетост

– Стрес или анксиозност

– Пушење

– Гастроинтестинална инфекција, блокада на гастроинтестиналниот тракт или болест на истиот

– Синдром на иритабилни црева, состојба која што се карактеризира со абдоминална болка и промени во функцијата на цревата

– Состојби како што се целијачната болест или нетолеранцијата на лактоза, каде што цревата не се во можност да ја сварат храната или да апсорбираат некои од нејзините компоненти.

За да ја намалите подуеноста на стомакот, можете да пробате да ја избегнувате или да го намалите внесот на храната која што предизвикува гасови. Многу јаглехидрати можат да предизвикаат гасови и следните се некои од нив:

– Грав; Брокула; Зелка; Газирани пијалоци; Карфиол, Гума за џвакање, Јаболко, Праска, Тврдо чоколадо, Зелена салата

Подригнување: Ослободување на вишокот воздух

Подригнувањето претставува начин со кој што телото го отстранува дополнителниот воздух од стомакот. Можно е да голтате дополнителен воздух ако пребрзо јадете или пиете, зборувате за време на јадење, џвакате гума за џвакање, пиете газирани пијалоци или консумирате пијалок преку сламка.

Ацидниот рефлукс или гастроезофагеалната рефлуксна болест (GERD) се карактеризира со истите ефекти. Ако стомачната киселина се врати назад во езофагусот, можно е дополнително да голтате со цел да го исчистите материјалот. Притоа, можете да проголтате дополнителен воздух кој што пак, ќе доведе до понатамошно подригнување.

Некои луѓе голтаат воздух при нервоза – дури и кога ништо не јадат ниту пијат. Во другите случаи, хроничното подригнување е поврзано со воспаление на облогата на стомакот (гастритис), пептична улцерозна болест или задоцнето празнење на стомакот (гастропареза).

Можете да го намалите подригнувањето ако:

– Побавно јадете и пиете. Со побавното јадење ќе ја намалите количината на проголтаниот воздух. Избегнувајте пиење со сламка.

– Избегнувајте газирани пијалоци и пиво. Тие ослободуваат гас – јаглерод диоксид.

– Избегнувајте ги гумите за џвакање. Кога џвакате, голтате повеќе од нормално. Еден дел од тоа што го голтате е дополнителен воздух.

– Не пушете. Кога пушите, освен чад, вовлекувате и воздух.

– Проверете ги забите (вклучително и вештачките). Забите кои што недоволно пасуваат, предизвикуваат дополнително внесување на воздух при јадење и пиење.

– Третирајте ја градната болка. За повремената градна болка со слаб интензитет, можат да помогнат антацидите кои што можат да се земат без рецепт. Лекувањето на GERD може да побарува употреба на лекови кои што се препишуваат исклучиво на рецепт.

Интестинален гас: Натрупување на гас во колонот

Интестиналниот гас типично е предизвикан од ферментацијата на храната во колонот која што не е сварена, како што е случајот со растителните влакна од зеленчукот и овошјето. Гасовите исто така можат да се формираат кога дигестивниот систем во целост не го разредува глутенот или шеќерот во млечните производи и овошјето.

Другите причини за појава на интестиналните гасови вклучуваат:

– Остатоци на храна во колонот

– Промени во цревните бактерии како резултат на земање на антибиотици или други лекарства

– Недоволна апсорпција на јаглехидрати, која што може да го наруши балансот на "добрите" бактерии во дигестивниот систем

– Проголтан воздух кој што доспеал до колонот

– Констипација – колку што подолго отпадната храна останува во колонот, се зголемува и времето за нејзината ферментација.

Понекогаш, интестиналните гасови можат да индицираат на некое пореметување во дигестивниот систем како што е синдромот на иритабилни црева или нетолеранција на лактоза.

Во превенцијата на интестиналните гасови може да помогнат следните препораки:

– Избегнувајте ја храната која што ви создава најмногу проблеми

– Консумирајте храна која што не е многу мрсна

– Привремено намалете го внесот на храна која што е богата со растителни влакна. Влакната помагаат во варењето на храната, но исто така се и многу добри "производители" на гасови. По паузата, повторно пополека додавајте ги влакната во исхраната.

– Јадете полека. Обидете се оброкот да биде во релаксирана атмосфера. Јадењето при стрес или брзото јадење може да влијае на дигестијата.

– Движете се. Кратката прошетка по оброкот може да помогне.

Кога да посетите доктор

Подуеноста на стомакот, подригнувањето и интестиналните гасови вообичаено се решаваат сами по себе. Во случај симптомите да не се подобруваат и покрај промените во навиките за исхрана или ако забележите некои од следниве симптоми, јавете се на доктор:

– Дијареа

– Констипација

– Честа, пролонгирана и повторувачка абдоминална болка

– Гадење и повраќање

– Крвава столица

– Загуба на тежина

– Треска

– Болка во градите

Горните симптоми можат да бидат сигнал за некое дигестивно заболување

Интестиналните симптоми можат да бидат непријатни и засрамувачки, но не дозволувајте срамот да ве надвладее и следствено на тоа да не побарате помош. Постојат многубројни третмани кои што можат да ви помогнат.

Популарно