Открија непознати детали за пејачката: Лепа Брена со нож упадна во домот на сосетката!

Фолк ѕвездата Лепа Брена се подготвува за свадбата на нејзиниот посинок Филип, како и за големиот концерт кој ќе се одржи на 20 октомври во „Штарк Арена“.

Екипата на магазинот „Сцена“ го посети крајот каде што живее пејачката со цел да открие како течат подготовките, но и да откријат каква сосетка е Лепа Брена.

Судејќи по коментарите на соседите, газдарицата на Гранд секогаш е тука да помогне, а еве што велат тие за фолк дивата.

„Жената е нормална, како и сите. Редовно доаѓаат луѓе да и барат помош. Велат дека се “осакатени и ништо не им оди“. Сакаат Брена да им даде пари, некои доаѓаат од странство и прашуваат „Каде живее Лепа Брена да ми даде пари?“ , вели еден сосед и додава:

„Таа е фина жена. Кога ќе помине го гали мојот Лаки. Ги сака кучињата, таа има неколку. Кога ќе помине ќе не поздрави љубезно и тоа е сé, не се дружиме. Нејзиниот сопруг Боба ќе помине и ќе рече – Здраво соседе, како сте?

Тинејџерка која живее во маалото на Брена исто така е воодушевена од  Брена и вели дека се воодушевила кога пејачката покажала дека е “голем човек“.

„Имам прекрасен однос со Брена. Често доаѓа кај нас на кафе, зборуваме, се смееме. Нормална и природна жена. Добра е, се гледа дека сите ги сака. Одиме и ние кај неа. Си помагаме! Еднаш кога се активира алармот, таа и Виктор дотрчаа со нож. Мислеше дека некој сака да краде. Сите се супер“, вели девојката.

Една госпоѓа беше расположена да открие какви сосетка е Југословенската ѕвезда:

„Еднаш имаше пожар, а таа излета на улица среде ноќ. Сите се собравме, а таа кажа – Сосетке јас викнав полиција и пожарна. Не беше некој голем пожар, нешто се запали, а димот почна да се шири накај нејзината куќа, па затоа викна пожарникари. Таа е домаќинка во секоја смисла  на зборот, а Боба е различен. Тој на мајсторите ќе им даде прасе, јагне, а Брена толку не „расипува“, вели сосетката на Брена.

Ацо Пејовиќ се огласи по обвинувањата дека ја изневерува сопругата, вака им ја затвори устата на озборувачите

Пејачот Ацо Пејовиќ ужива во хармоничен брак со сопругата Билјана со која има три ќерки – Магдалена, Марија и Ива.

Неодамна почнаа да кружат приказни за неверството на Ацо Пејовиќ, а сега пејачот стави крај на прозивките и истакна дека не му е грижа за нив, бидејќи целосно и е посветен на сопругата.

-Не ме засегаат никакви натписи, ништо… Ниту мене, ниту моето семејство. Моето семејство го изградив со сериозни темели, а тие темели се толку силни што не сум сигурен дека нечии торпеда можат да ги срушат, рече пејачот и откри како неговото семејство реагира на ваквите коментари:

„Се смееме дома кога седиме, рече тој.

Да потсетиме, Билјана и тој се венчаа веднаш по завршувањето на средното училиште, а тој често истакнува колку го поддржува во животот. Билјана еднаш преживеа трауматично искуство – крварење во мозокот, Ацо остана целосно уништен, но се обиде да ја задржи присебноста и да и помогне на сопругата во најтешкиот период.

-Се трудиме да заборавиме се што ни се случи и да го оставиме на страна. Мојата сопруга сега се чувствува одлично и што е најважно, нема никакви проблеми. Продолжуваме со Божја помош, изјави тогаш Пејовиќ, но признава дека ситуацијата драстично го променила:

„И јас и мојата сопруга се сменивме многу, пред се го поправивме односот кон луѓето и работата и сосема поинаку гледаме на работите околу нас. Сè што и се случи го сфативме како своевидно предупредување да го забавиме и да го промениме нашиот начин на живот“.

Инаку, Билјана е доктор на економски науки.

(Фото) Синот на Дара Бубамара со емотивна објава за мајчинството

Дара Бубамара не крие колку е врзана за синот единец. Таа секогаш јавно зборува за таа поврзаност и љубов, но сега за прв пат се огласи и синот Коста.

Имено, Коста преку социјалните мрежи испрати емотивни зборови на својата мајка, кои Дара веднаш ги сподели со своите следбеници.

„Мајчинство, сета љубов на светот почнува и завршува со него. Мајка ми е најубавата жена, сè што сум сега, ѝ го должам. Целиот свој успех во животот го препишувам на љубовта и поддршката што ја добив од неа. Те сакам мамо“ – пишуваше на фотографијата која Коста ја сподели на својот Инстаграм профил.

Пејачката не криеше колку е горда што единственото дете за неа има само пофални зборови.

-Те сакам сине најмногу на светот, напиша пејачката и додаде срце.

Катарина Живковиќ откри дека е бремена и дека се повлекува од сцената, но една работа ќе остане тајна

Пејачката Катарина Живковиќ ја сподели со јавноста најубавата вест – бремена е.

За јавноста не е познато кој е таткото на детето, иако таа веќе долго време е во врска со човекот кој не сака да го претстави јавно.

-Ова е моето прво и последно огласување на оваа тема. Се повлекувам од јавниот живот. Стравот сè да биде како што треба е поголем од желбата да се фалам пред сите, рече Катарина.

Таа откри дека е во петтиот месец.

-Заслужив да паузирам, ова е благослов од Бога. Го завршив албумот, имав други планови, но овој мал живот е приоритет. Сакав да го кријам мажот и сакам да остане така. Не ми одговара да се знае се. Не сакам да зборувам за приватност, тој не е од јавниот свет, откри пејачката.

Популарно