(ВИДЕО) До „фит“ тело за 8 недели: Процесот и прогресот секој ден ги снимаше со камера

Ванеса Калмерс од Лондон ослабен 12,7 килограми во половината и достигна до 20 насто помалку телесни масти во само осум недели од почетокот на програмата за слабеење која вклучува кратење на калории и тренинг со висок интензитет три пати неделно.

Кога веќе не можела да ги поднесе вишокот килограми кои никако не можела да ги симне, жената ангажирала личен тренер, кој ја мотивирал секогаш кога ќе изразела сомнеж во своите можности и способности. Нејзиниот здрав начин на исхрана, кој вклучувал и високопротеински смути за доручек, ја вратил нејзината загубена самодоверба.

За Healthista оваа Британка го опиша целиот процес на слабеење во релативно краток временски рок.

НЕ ОДЕЛО СÈ КАКО ПОДМАЧКАНО

„Се обидував да вежбам сама дома, практикувајќи вежби со висок интензитет, бидејќи сакав да ослабам и да се стегнам за на плажа, но ништо не ми ги даваше саканите резултати. Ми требаше помош. Стигнав до личниот тренер Бен Камара, специјализиран и наградуван за успешни телесни трансформации. Негова работа е да го согледа целиот ваш животен стил и во него да вметне одредена стратегија со цел да ги подобри нештата како спиењето и стресот", објаснува Калмерс.

„Тој трпеливо одговараше на моите пораки дека сакам да каснам пита и да се напијам вино. Ме охрабруваше и ме одвраќаше од тоа. Тоа ја направи разликата и сега, после осум тешки недели, резултатите се вредни за сета таа мака. Но, не одеше сè така како подмачкано. Тајно јадев слатки и се меркав во огледалото. Нормално дека имаше мигови кога сакав да се откажам. Со негова помош дотуркав до тоа облеката што ја имам да ми биде сè поголема. Луѓето почнаа да ми делат комплименти", раскажува Британката.

ЈА ОТКРИВА СВОЈАТА ТАЈНА НА УСПЕХОТ

„Што е потребно за симнувањето на вишокот килограми? Крв, пот и солзи. Се шегувам, донекаде. Но, доследноста, жртвувањето и цврстата волја се вистинските зборови. Што се однесува на диетата, внимавав на калориите. Постев – тоа е популарен метод на слабеење кој значи да не јадете ништо по 15-16 часа на ден (од кои осум спиев). Се откажав од многу работи како алкохол, шеќер, преработени јаглехидрати како тестенини и леб. Сите оброци ми се базираа на протеини пред сè. Тоа е супер за одмор на мускулите, но после тоа се чувствувате и подолго сити. Секој ден си подготвував смути од протеински прашок, малини, кефир и спанаќ. Сите тие состојки докажано ги топат маснотиите".

„Мојот ручек, помалку или повеќе, се состоеше од зелени салати, зачинето пилешко и други препорачани состојки. Вечерав филе од лосос со сладок компир и уште зеленчук. Одев во теретана 5-6 пати неделно, секое утро станував во 5:45 и правев вежби со висок интензитет. Дигав тегови, чија тежина Бен ми ја зголемуваше од недела во недела, со кратки кардио интервали. Секој мој тренинг го вклучуваше цело тело. Ако еден ден работите само раце, друг ден само нозе и така натаму, тоа е програма за билдање, а тоа не ми беше целта", заклучува Калмер, која објави и видео пресек од својата осумнеделна трансформација.

Со овој тип на овошје бидете внимателни

Иако има доста благотворни дејства цитронот, со него треба да бидете многу внимателни доколку пиете лекови, бидејќи оваа комбинација може да предизвика несакани реакции.

Предностите на цитронот се бројни, – го штити срцето така што го намалува лошиот холестерол, го зајакнува имунитетот бидејќи изобилува со витамин Ц, го забрзува метаболизмот… Сепак бидете многу внимателни со ова овошје доколку пиете лекови бидејќи само еден цитрон дневно е доволен да предизвика несакани дејства од медикаментите.

Бидете особено внимателни кога пиете лекови кои се користат за намалување на холестеролот. Според извештајот на американската агенција за храна и лекови, паралелното консумирање на цитрон и лекови за намалување на холестеролот, го зголемува ризикот од заболување на црниот дроб, бубрезите и опасноста од откажување на мускулите.

Не се проблематични само овие лекови. Во потенцијално опасната група се и лековите за крвни садови и за заболено срце. Цитронот реагира и со лековите кои се препишуваат за анксиозност, заболување на централниот нервен систем, инфекциите на уринарниот тракт.

Затоа, пред да започнете со консумација на ова прекрасно овошје, проверете дали тој има штетно влијание на лековите кои ги користите. Најчесто во упатството на лекови е наведено доколку со одреден лек не се препорачува да консумирате цитрон, но и доколку не е наведено вие консултирајте се со вашиот лекар или доколку терапијата е кратка тие денови избегнувајте го ова овошје.

Чајот од ленено семе е ЧУДО

Лененото семе изобилува со минерали како што се: железо, калциум, натриум и фосфор, како и незаситени органски киселини, линолна киселина и голем број протеини и ензими. Ова семе е идеално за отстранување на мастите и токсините од телото, го подобрува метаболизмот, го намалува нивото на шеќер во крвта и го регулира апетитот.

Чајот од ленено семе ќе го поттикне разградувањето на мастите, а вашето тело ќе се снабди со важните минерали, што е од особено значење при здравото слабеење.

Состојки и подготовка:

1-2 лажици мелено ленено семе

250 мл вода

Сомеленото ленено семе ставете го во ладна вода. Нека отстои неколку часа со повремено промешување. Потоа смесата ставете ја на оган, а откако ќе зоврие гответе уште 5 минути. Потоа процедете.

Ако сакате да го подобрите вкусот можете да додадете некоја билка по ваш избор. на пример, додадете половина лажичка нане, дуња или камилица.

За оптимални резултати, пијте по 2-3 чаши дневно од овој чај, една на празен стомак наутро, односно, половина час пред оброк.

Со редовно консумирање на чајот од ленено семе, вашата кожа ќе стане мазна, сјајна и здрава.

Најбрзата диета: Слабеете килограм дневно

Нутриционистот Кенан Мандра од Босна и Херцеговина, со оваа диета изгубил 40 килограми за само 2 месеца. Тој е воедно и креаторот на оваа диета.

Исхраната треба да се состои од месо, риба, јајца, полномасни млечни производи, а забрането е да се конзумира индустриски преработена храна, алкохол и кафе.

- Во поширока смисла липосукција диетата значи да се консумираат само масти и протеини, а никакако не смеат да се внесуваат шеќери и јаглехидрати. Бидејќи од мастите и протеините добиваме многу повеќе енергија отколку од истата количина на внесени јаглехидрати, телото е создадено најпрво да ја троши енергијата од мастите. Очигледно е дека природата предодредила мастите да се нашиот главен извор на енергија, а не јаглехидратите. – вели Мандра

Оваа диета за многу кратко време ги освои познатите личности како Сузана Манчич, Тијана Дапчевиќ, а наводно и Џенифер Анинстон и Моника Белучи, кои имаат совршена фигура благодарение на липосукција диетата.

Популарно