ВИДЕО: Два прекрасни гола на Барди против Барселона!

Она што не му успеа на никого во Шпанија во 36кола, го направи малиот Леванте. Тимот на Барди го уништи сонот на Барселона за сезона без пораз во ЛаЛига. 



Во претпоследното коло од првенството, Леванте ја наполни мрежата на Барса и со 5-4 ја однесе победата и шансата на Барселона за историја. Во победата на малиот клуб со два гола учествуваше и македонскиот репрезентативец, Барди, а другите беа дело на Боетенг, кој постигна хеттрик.

Погледнете:

Шумахер се разбудил од кома и ја препознал сопругата

Легендата на Формула 1. Михаил Шумахер се разбудил од кома, по кобната несреќа која се случи на 29. декември, потврди семејството, пренесоа медиумите.

Неговото семејство се заблагодари за поддршката и молитвите на сите.

Тој ја познал неговата сопруга кога се разбудил од кома по несреќата која ја доживеа за време на скијањето на француските Алпи.

(ВИДЕО) Иниеста се збогуваше: Сам седеше на „Ноу Камп“ и неколку часа по завршување на натпреварот

Големиот Андрес Иниеста (34) можеби и најдобриот играч за врска во нашето време, вчера го одигра последниот 674 натпревар во дресот на Барселона.

Новиот шампион го победи Реал Сосиедад со голот на Фелипе Кутињо, но 90.000 гледачи дојдоа да се простат од играчот кој во Барселона помина 22 години.

После доделувањето на пехарот Иниеста одржа и проштален говор на „Ноу Камп“.

„Ова беа 22 прекрасни години и ми беше чест да ги бранам боите на овој клуб, за мене најголем на светот. Сакам да им се заблагодарам на сите соиграчи и на сите вас што сте денес тука. Сакам само да кажам дека моето срце ќе биде тука засекогаш“, низ солзи зборуваше Иниеста.

Колку на Иниеста му е тешко простувањето од Барселона говори и фотографијата на која е „уловен“ како сам седи на тревникот на „Ноу Камп“ и неколку часа по празнењето на стадионот.

ВИДЕО: Се запали автобусот полн со фудбалерите на Црвена Ѕвезда

Во текот на прославата на шампионската титула, автобусот со фудбалерите на Црвена Ѕвезда се запали.

За среќа сите играчи безбедно го напуштија возилото.

Од пожарникарската служба соопштија дека најверојатно причина за истиот е користењето на пиротехнички материјали.

Популарно