ФОТО: ДУИ го го забрани кириличното писмо во Министерството за земјоделие

Државниот секретар на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Нефрис Челику, на вработените од министерството им забранил да го користат кириличното писмо на документите на кои стои неговото име.

Ова го покажува известувањето кое Челику на вработените им го пратил преку меил, а незадоволни вработени го доставиле до редакцијата на Лидер.

-Ве известувам дека документите што ќе се носат на потпис кај Државниот секретар, неговото име и презиме да бидат напишани со Латиница. – стои во дописот од кабинетот на Државниот секретар, во кој е доставен и пример за тоа како треба да изгледа неговото име.

Челику е предлог на ДУИ за оваа позиција, а со ваквото негово барање, се крши уставот на Република Македонија, затоа што официјално писмо во земјава, според уставот е Македонскиот и документите се пишуваат на Македонски литературен јазик и неговото кирилично писмо, пишува Лидер.

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Полицијата во Охрид го приведе А.И.(48), затоа што го фотографирал гласачкото ливче на избирачкото место 1271 во Охрид.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР Охрид.

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право

Во канцеларијата на Народниот правобранител, денеска од 7 до 19 часот, на денот на одржување на првиот круг за избор на Претседател на државата, граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321.

Како што соопшти Народниот правобранител, освен на бесплатната телефонска линија,  граѓаните ќе можат да пријават повреди на избирачкото право и лично во главната канцеларија во Скопје, што се наоѓа на улицата „Македонија“ бр.19 во зградата на ТД „Макошпед“ (спроти Спомен куќата на Мајка Тереза).

Повреди на избирачкото право може да се пријават и во подрачните канцеларии во Струмица на тел.бр.(034)329-996,  Кичево на тел. бр (045).228-586, Тетово  на тел. бр.(044) 344-082, Битола  на тел. бр.(047) 242-310, Штип на тел. бр. (032) 389-701 и во Куманово на тел. бр .(031) 431-488.

Народниот правобранител најавува дека со цел заштита на избирачкото право на граѓаните ќе презема итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои, потенцира, се должни да им обезбедат заштита на граѓаните остварување на нивното загарантирано избирачко право.

Популарно