Рита Морено: Сексот со Брандо беше подобар отколку со Присли

- Елвис несомнено беше крал на сцената, но затоа во споредба со Марлон не се докажа многу во кревет - рекла 86-годишната актерка.

Холивудската икона Рита Морено во шоуто на Венди Вилијамс говореше за нејзините врски со Марлон Брандо и со Елвис Присли, па сподели информации и за нивниот сексуален живот.

– Елвис несомнено беше крал на сцената, но затоа во споредба со Марлон не се докажа многу во кревет – рекла 86-годишната актерка.

Морено, филмскиот заводник Брандо го запознала во 1954 година на снимање на филм, а со Елвис Присли почнала да се забавува подоцна, за, како што рекла, да го направи Марлон љубоморен.

– Еднаш кај Брандо најдов секси долна облека што не беше моја. Заминав дома во солзи – раскажала Морено и додала дека потоа за неа се заинтересирал Елвис, со кого излегла веднаш штом се присетила на долната облека што ја нашла кај Марлон Брандо.

Морено рекла дека Брандо бил лут заради тоа, дека фрлал столчиња во тоа време, но, додала, било прекрасно да се направи љубоморен тој човек.

Врати се, психијатарот чека!

Судот во Лос Анџелес се сврти кон Анџелина Џоли!

Битката за старателство на поранешната холивудска двојка се заострува!

Анџелина Џоли и Бред Пит водат “валкана” битка преку таблоидите, додека судот во Америка прашува – мислите ли за децата?

Бидејќи беше објавено дека оскаровката на Бред Пит му го ограничи пристапот до Медокс, Захара, Пакс, Шајло, Вивијен и Нокс, и ги однела во Британија каде што снима филм, доби пенал.

Судот на Анџелина во Лос Анџелес нареди во саботата веднаш да ги врати децата во Америка за да можат да продолжат да го контактираат својот татко. Анџела и Бред повторно ќе ги одмерат силите на суд на крајот од оваа недела. Во меѓувреме, судот нареди психијатриско вештачење “од најмалку еден експерт”, пренесува “TMZ“, но не открива дали психијатарот ќе работи само со децата или и со родителите.

Се омажи Робин Рајт

 Актерката инсистирала церемонијата да е скромна и поради тоа церемонијата се одржала во тесен круг во петокот, во Франција.

 Робин Рајт се омажи за Клеман Жироде, менаџер за односи со ВИП клиенти во „Сен Лоран“, соопшти Контакт мјузик.

Двојката ја чуваше љубовта далеку од љубопитните погледи, но обожавателите на актерката забележаа веренички прстен на нејзината рака уште минатата година.

Робин Рајт беше мажена за Шон Пен од 1996 година до 2010 година. Тие имаат две деца – Дилан на 27 години и Хопер – на 25. Актерката отсекогаш велела дека разводот за неа бил „разурнувачки“.

По разделбата со Шон Пен, таа имаше врска со актерот Бен Фостер, но се раздели со него во 2015 година.

Шон Пен во врска со 32-годишна девојка

Шон Пен ќе го прослави својот 58. роденден в петок, и тоа најверојатно во друштво на својата 32 години помлада девојка Лејла Џорџ.

Двојката е видена како ужива на плажа на хавајскиот остров Оаху. Оскаровацот стоеше и пушеше цигара додека неговата девојка седеше покрај него и му го покажуваше своето вито тело.

Тие се во врска веќе две години, а Шон има два брака зад себе. Првиот беше со популарната пејачка Мадона, а другиот со актерката Робин Рајт.

Популарно