Несреќа при слетување на скопскиот аеродром

Во 19.35 часот од Градската општа болница „Св. Наум Охридски" било пријавено дека кај нив било донесено повредено момче.

Се работи за 28-годишниот В.К. од Скопје, вработен во авиокомпанија како стјуард.  Полициски службеници излегле на местото и констатирале дека В.К. се повредил околу 18.05 часот во авионот.

Авионот се подготвувал за слетување и влегол во турбуленции, при штои В.К. паднал на подот и се здобил со тешки телесни повреди, кои му биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски".

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

„Поздрави ја Јована сега сте заедно и горе"

26-годишниот Стефан Илиќ кој ја носеше својата сопруга Јована на породување, при што во нив се заби автобус, па тој почина на лице емсто, а таа во болница откако и го извадија бебето, е испратен во вечниот дом.

Ден по трагедијата во која тој почина, почина и неговата сопруга и покрај напорите на лекарите, а бебето се бори за живот, се напѓа приклучено на апарати и докторите прават се за него.

Оние кои го познаваат парот велат дека многу се сакале и дека таква љубов еднаш се случува. Тој бил заљубен во неа до уши.

Семејството го испрати во вечното живеалиште скршено од болка. - Сине мој што ќе правам без тебе Стефане, викала неутешно мајката.

- Поздравија својата Јована, сега сте пак заедно, викала таа.

Инаку, докторите рекоа дека ако бебето преживее ќе се вика Вук.

Скопјанка повредена во автобус на ЈСП

Во 07,05 часот во СВР-Скопје било пријавено дека на булеварот “Кузман Јосифовски-Питу“ додека 51-годишната А.К. од Скопје се качувала од задната врата во автобус на ЈСП број 35, управуван од 55-годишниот З.П. од Скопје, вратата се затворила и А.К. се здобила со тешка телесна повреда, констатирана во Градската општа болница “Св. Наум Охридски“. Се работи на расчистување на случајот.

Се работи на расчистување на случајот.

ТРАГЕДИЈА: 15 годишно девојче загина во сообраќајка кај Струмица

Петнаесет годишно девојче од селото Радово загина утрово во сообраќајна несреќа што се случи кај селото Дабиле, а две лица се повредени и се пренесени во струмичката болница.

Според полицијата, во 4,30 часот било пријавено дека на излез од Струмица кон селото Дабиле патничко моторно возило „фолксваген кеди“ со струмички регистарски таблички излетало од патот.

Возилото го управувал Ф.С.(21) од село Радово. Покрај него е повредена и другата сопатничка Н.С.(21) , од истоименото село.

Увид на местото на настанот се врши од страна на увидна екипа од СВР Струмица.

Популарно