ФОТО: Ана е жена-пилот, има само 21 година и на Инстаграм ја следат 48.000 луѓе

Девојката од Парагвај, Ана Паула Кеспадес привлекла повеќе од 48.000 следбеници на Инстаграм, благодарение на фотографиите од луксузните патувања и најинтересните дестинации од светот, кои има прилика да ги посети благодарение на својата работа. Накратко, Ана е жена-пилот.

Симпатичната бринета како копилот со својот татко управува со авионот King Air F90, а сама управува Cessna 152.

21-годишната Ана со оваа работа се занимава една година, а станала пилот откако одлучила да го напушти образованието и да тргне по стапките на својот татко, пренесува Дејли Меил.

„Му се восхитував на татко ми уште како мала, тој исто така е пилот и отсекогаш се угледував на него. Кога наполнив доволно години колку што беа потребни за да се запишам на курс, тоа и го направив, бидејќи тоа ми беше сон“, раскажала таа.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Feliz como una lombriz ✈️❤️ al infinito y más allá! 🙌🏻 #pilot #pilotlife #aviation

A post shared by Ana Paula Cespedes (@anapaulacespedes) on

Вели дека во својата работа најмногу го сака токму тоа што има прилика да посети толку многу различни дестинации. Исто така, додава дека се труди својот живот редовно да го документира на Инстаграм, за да може на луѓето да им ги прикаже сите авантури кои ги доживува, благодарение на летањето.

ФОТО: Инди го прифати предизвикот и предизвика „бура“ меѓу фановите

Пејачката Индира Инди Арадиновиќ неодамна се пофали на Инстаграм дека после долгата борба со килограмите, конечно успеала линијата да ја доведе до совршенство.

Бидејќи ги следи светските трендови, ѕвездата сега одлучи да одговори на фамозниот предизвик #10yearchallenge и објави фотографија од пред една деценија, која ја спореди со тоа како изгледа денес.

Додека едни сметаат дека некогаш била само мачка, а денес е лавица, други се убедени дека природниот изглед поубаво ѝ прилега.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

10#yearschallenge 2009\2019.

A post shared by INDY Singer (@indy_ara_indira) on

ФОТО: Најубавата девојка во светот објави фотографија од пред 10 години

Француската манекенка Тилан Блондо е прогласен за најубава девојка во светот по избор на ТЦ Кендлер за 2018 година.

Тилан се прослави во 2007 година кога на шестгодишна возраст беше прогласена за најубаво девојче на светот. На 10 години, таа беше најмладиот модел што некогаш се појавил во „Вог“.

Сега Тилан го прифати предизвикот, кој завладеа на социјалните мрежи # 10yearschallenge и објави своја фотографија од пред 10 години.

Тилан сега има 17 години, а на фотографијата што ја објави има шест години.

„Ти си убава и сега и пред 10 години”, беа коментарите за нејзиниот изглед.

Популарно