Увијач полнет со мелено месо и златна мешавина

Подготовка

- Сварете одредена количина од златната мешавина, ставете во цедалка да се цеди.

- Пилешкиот стек се истенчува, сосема малку се зачинува со сол, се премачкува со сенф измешан со малку масло, оставете да стои додека го приготвувате месото.

- Измешајте го месото со јајцето и зачинките. Во него додадете го мешаниот зеленчук, исецканата кисела краставичка и ситно сецканиот кашкавал. На фолија поставете ги тенко исечените парчиња сланина сосема малку преклопувајки ги, поставете го истенчениот стек, премачкајте од приготвената смеса од мелено месо, замотајте го, ставете на алу-фолија, добро запакувајте. Се така додека имате од месото и пилешкиот стек.

- Запакуваните стекови ставете ги во длабока тавка, залијте со вода до 2/3 и оставете во загреана рерна на 200 степени да се варат околу 40 мин. Потоа извадете ги, отворете ја фолијата и вратетете ги во рерната да се допекуваат додека да заруменат. Одличен прилог за ручек и мезе.

Напомена

- Нема точни мерки, целото тоа е скоро речи од око. Сами одредувате од што ќе ставите повеќе. Јас користев златна мешавина конзервирана (пченка, пиперка и грашок) додадов кисела краставичка. Направив три увијача од 250 гр. мелено месо, остатокот се по вкус.

Дали е завршена романсата на овој познат пар

Кејти Холмс и 11 години постариот актер Џејми Фокс, конечно, ја открија својата долгогодишна врска пред јавноста, со романтичната прошетка на плажата во Малибу. Оттогаш не престануваат шпекулациите за нивната врска, за која познатата двојка никогаш не зборува во медиумите.

На почетокот на летото почнаа шпекулации за кризата во љубовната врска на двајцата холивудски актери – Кејти Холмс и Џејми Фокс. Како главна причина за несогласувањата се наведува изневерувањето на Фокс и забавата со други девојки, но според најновите фотографии, по сè изгледа тоа е обична шпекулација.

ВИДЕО:Јоце Панов проговори за “недоразбирањето “ со Панчо

Јоце Панов, во гостувањето во „Ексклузив“ на 1 ТВ проговори и за несогласувањата со Владимир Блажев – Панчо од ДНК. Панов се уште не знае зошто толку, како што вели, негативни коментари биле испратени на негова адреса од членот на ДНК.

Не разбирам зошто сум му влегол во очи на Панчо. Можеби дека сум цело време актуелен. Јас сум човек што постојано работи. Не сум се сретнал лично со него“, порача Панов.

Јосип Броз Тито остана без вилата

Поради фактот дека Србија не може да издвои 2,5 милиони евра за реновирање на вилата на Дедиње во која живееше Јованка Броз, па заради тоа објектот наскоро ќе биде понуден на продажба или ќе биде даден под наем, изјавил за „Вечерње новости“ директорот на Републичката дирекција за имот, Јован Воркапиќ.

– Можно е некој да ја изнајми вилата на подолг период, што би ги оправдало таквите вложувања, а тоа да му се одбива од киријата, до половина од вредноста на недвижноста – појаснил Воркапиќ и додал дека државата како сопственик има право да го прави со вилата она што мисли дека е најполезно.

Постојат неколку земји кои бараат токму вакви објекти за потребите на своите дипломатско-конзуларни претставништва. Поранешниот дом на вдовицата на Јосип Броз Тито, со површина од 750 квадратни метри, е во надлежност на српската Управа за општи добра на републичките органи, кои се грижат за тековно одржување и физичко-техничко обезбедување.Куќата беше под клуч по смртта на Јованка Броз во 2013 година до годинава, додека траеше оставинската постапка. Накитот, облеката, фотографиите и државниот мебел биле складирани на друго место, за да не се уништеле.

Популарно