Фатиме Фетаи ги расплака роднините на убиените деца кај Смилковското Езеро

Судијата Огнен Ставрев како претседател на советот и колегата Осман Шабани го почнаа повтореното судење во Кривичниот суд за случајот „Монструм“, објави Макфакс.

Обвинителката Фатиме Фетаи од СЈО, кое го презеде случајот откако Врховниот суд ги укина пресудите против шестемина обвинети, го читаше  старото обвинение и ги расплака во судницата родителите на убиените деца.

Потоа за убиството на децата: Цветанчо Ацевски, Кире Тричковски, Александар Наќевски и Филип Славковски, како и на рибарот Борче Стефковски на Смилковското езеро на 12 април 2012 година, обвинението на СЈО со мала измена, го прочита обвинителот Гаврил Бубевски.

СЈО останува на речиси истото обвинение од организиран криминал за извршен тероризам против обвинетите, од кои двајца 6 години се недостапни. Но, претходно Фетаи најави дека на повтореното судење СЈО ќе изведе нови докази, досега неизведени.

Во тек е сослушувањето на третообвинетиот Агим Исмаиловиќ.

Премиерот го реобјави избришаниот “твит”

По пауза од речиси еден час премиерот Заев повторно го објави твитот кој предходно го избриша по критиките од твитерџиите.

Откако во 22.20 Заев го избриша твитот во кој раскажува кое е можното прашање на референдумот во 23.18 тој повторно го објавува истиот текст.

На неговиот избришан твит реагираат и други луѓе како екс министерката за култура Ганка Цветановска.

Првиот текст е избришан по силните реакции на групата #бојкотирам која на социјалните мрежи води кампања за бојкот на референдумот.

Expres.mk

Премиерот Заев принуден да избрише “твит”

Твитерџиите од движењето #бојкотирам го принудија премиерот Заев да избрише твит во кој објаснува што договарал на лидерската средба.

Откако го објави прашањето за референдумот премиерот доби низа коментари од членови на движењето #бојкотирам по што тој го избриша твитот.

Движењето #бојкотирам според информации од твитер заедницата обединува десетина активисти, дел од нив активни и во Шарената револуција кои што сега сметаат дека Владата на Заев влече погрешни потези за името.

ВИДЕО: Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот со Грција?

Премиерот Зоран Заев по лидерската средба вечерва изјави дека на средбата било разговарано за можното референдумско прашање, како и за тоа референдумот да биде консултативен.

-Оваа лидерска средба ја свикавме за да одлучуваме заедно и да избереме стабилност, безбедност и иднина. На средбата разговараме за можното референдумско прашање во насока на „Дали сте за членство за ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот со Грција?" Во услови кога Собранието треба да донесе некоја важна одлука, референдумот да биде консултативен, пред Собранието да донесе важна одлука. Сепак волјата на граѓаните сите партии ќе треба да ја почитуваат. За ова разговараме сите кои останавме на средбата до крај – рече Заев.

- Одлуката се смета за конечна доколу изглеле најмалку 50% од запишаните граѓани, без разлика каков карактер ќе има референдумот, законот вели претходен или дополнителен и јасно кажува каков треба да биде. Консултативен е кога ние сакаме да го консултираме нашиот народ претходно, како што прашањето за промена на уставното име. Историски гледано, ВМРО-ДПМНЕ е за референдум, изјави Заев.

За ДИК ќе се знае епилогот утре, во потесен формат. Заев не одговори кога би се одржал референдумот. Порача дека добил поддршка од сите партии, и оние коалициските на ВМРО-ДПМНЕ кои останаа откако Мицкоски ја напушти средбата.

Популарно