Цел свет мисли дека знае што се крие на фотографијата, а вистината е сосема поинаква

Можете ли да претпоставивте што се крие зад оваа заматена слика. Веројатно претпоставувате, но и сигурно грешите.

Ако на прв поглед помисливте на перверзна работа, тотално ви е погрешна перцепцијата.

Навистина не станува збор за машки полов орган, туку вистината е всушност тотално невина.

На сликата всушност е малечко кученце без влакна. Се вика Димитри и стана вирален хит на социјалните мрежи.

Сликата ја стави неговиот сопственик, 12-годишно дете.

-Мене навистина ми е невозможно овде да гледам пенис. Гледам малечко кутре. Кога ја ставив сликата доби предупредување од Фејсбук и за малку ќе ми го исклучеа профилот, а на луѓето ситуацијата им е урнебесна, вели детето.

Се јави Тошо од Австралија: Еве што би им порачал на политичарите пред референдумот

Во интервју за Точка.ком.мк, Васко Тодоров, познат по легендарниот лик од К-15, Тошо, открива што му фали од Македоија и каков му е животот во Австралија.

- Најмногу ми недостасуваат природните убавини, од кои што би ги извоил, Охрид, кањонот на Радика, плоштадот во Скопје, Козјак, крстот во Аеродром, Пелистер, Галичица, крстот на Водно, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Од се што набројав дел се природни, дел се натприродни убавини!

Гиро, хамбургер, пица и лазањи, а од пијалок, џин тоник и водка џус...Шала на страна ништо не ми фали, затоа што овде има се што има во Макеоднија: и македонски продавници и кафани со македонска храна, а посебно македонски пијалоци, барем тие мене што ме интересираат, а тоа е логично, затоа што мислам дека во последните години бројот на Македонците овде ништо чудно да е поголем од бројот на Македонците во Македонија! 

Предреферендумски како социолог, што би им порачал на политичарите? 

Васко Тодоров: Па, би им порачал по една пијачка, за јадење нема да имам пари, многу се накотија. 

Целото интервју прочитјте го на Точка.ком.мк.

За кого ќе гласаат земјоделците?

Со досегашните епизоди, сезона 4 ветува дека ќе биде најдобрата до сега на „Фчерашни новости“. Во пародичните вести оваа недела последни ќе дознаете:

- Фчерашни истражува: Како живее едно кумановско семејство 

- Дознаваме: За кого ќе гласаат земјоделците 

- Ексклузивно: Се враќаат Алфа и Буби 

- Кој заѕвони на вратата на домот на семејството Лазовски? 

Гледајте „Фчерашни новости“ во недела од 19:30 на Канал 5.

НОВОТО CITROËN BERLINGO VAN ЈА ОСВОИ НАГРАДАТА “INTERNATIONAL VAN OF THE YEAR 2019”

На годинешното 67-мо издание на Саемот за комерцијални возила во Хановер, на новото Citroën Berlingo Van му беше врачена најпосакуваната титула во секторот на лесни комерцијални возила, наградата за "INTERNATIONAL VAN OF THE YEAR 2019”. Ова е веќе втор пат како Citroën Berlingo Van ја освојува оваа награда, првиот пат му беше доделена во 1997 година и оттогаш се продадени повеќе од 1,5 милиони возила.

Оваа трета генерација на Berlingo е наградена и поради неговите извонредни достигнувања во однос на удобноста и технологијата. Верен на слоганот на Citroën "Inspired by Pro" посветен на комерцијалните и товарни возила, новото Berlingo Van е идеален партнер за сите професионалци.

Berlingo Van ја продолжува долгата историја на Citroën во сегментот на фургони која вклучува легендарни возила како што се 2 CV Van, Acadiane и C15. Првата генерација на Berlingo се појавува во јули 1996 и целосно ги поместува границите за овој сегмент на возила во делот на карактеристиките и комфорот. Во текот на годините името Berlingo претставува синоним за репер во сегментот.

Новиот модел со афирмиран и модерен изглед се издвојува со својот уникатен изглед достапен во 2 големини (M и XL). Опремен со 20 системи за помош во возењето и 4 технологии за поврзување, новото Berlingo Van во ништо не може да им позавиди на патничките автомобили бидејќи нуди вистински комфор во возењето и оптимална сигурност.

Новото Citroën Berlingo Van кое е скроено за сите намени и претставува вистински генерациски отскок во смисла на стил, опременост и модуларност, ќе биде достапно на пазарот кон крајот од 2018 година.

Популарно