„Го прашав син ми кога ќе се ожени“

Имам двајца синови. Едниот одамна се ожени и си отиде од дома, но другиот го родив во 40-тата година и тој е сеуште со мене. Јас сум пензионер со пензија која изнесува 8.000 денари, а тој е работник во приватна фирма со плата од нешто повеќе од 12.000 денари. Порано знаев да го прашам: „Сине, имаш ли девојка, дали ќе дочекам да ви играм на свадба?“ Наместо одговор, само тажно ќе ме погледнеше и ќе се повлечеше во собата. Не можев да го разберам зошто така реагира и му се лутев. Мислев, еве ќе живее заедно со мене, а јас ќе им помагам колку што можам. Но, тоа беше мое мислење, а неговото беше потполно различно, а од него срцето ми се кинеше…

Пред некој ден го затекнав порасположен. Седнав до него, го фатив за рака и го прашав: „Сине мој, како си? Ми делуваш уморно и разочарано. Дали си среќен?“ Молчеше, а на крајот изусти: „Не, мамо, не сум среќен“, па продолжи: „Ме прашуваш дали имам девојка. Не, мамо, немам. Се чувствувам бедно и од самата помисла дека треба да ја доведам во нашиот дом каде што нема кујна, каде што креветите се стари, мебелот е стар, прозорите… Помислувам, која би сакала да се омажи за мене? Љубов? Само од неа не се живее, љубовта нема да ти даде пари за храна, облека, нема да ти ги плати сметките, само ќе внесе раздор и ќе те уништи…“

Низ моето старо лице полно со брчки се слеа една солза. Не можам да ја опишам тагата која ме обзеде. Го погледнав синот – висок, убав, здрав и силно го стиснав за рака без да проговорам збор.

„Мамо, јас си одам одовде“, изговори тој. „Знам дека ќе ми биде тешко и мачно, но морам да одам на печалба. Не можам да ти ветам дека ќе дочекаш да ме видиш како младоженец, но секогаш ќе ти помагам колку што можам“.

Тоа ме растажи. Отидов во кревет, легнав и се стуткав. Цела ноќ размислував како можам да му помогнам и дали доволно сум му го дала во животот тоа што му е потребно…

Отиде во Канада, таму далеку. Пред да оди ме поврза со социјалните мрежи за да можеме да комуницираме. Три години се мачеше, но се исплатеше. Конечно се снајде. Со насмевка секоја вечер ми велеше: „Еј мамо, кога ќе дојдам ќе ти купам се што ти треба за дома, ќе шетаме…“

Бев пресреќна за него, но празна во срцето и душата. Наоколу слушав приказни колку ми е мене лесно, синот ми помага, но јас сама во себе си велев: „Ех, да е близу до мене. Што ќе ми се полни џебови кога срцето ми е празно“.

Има 121 година, одгледува кокошки и планира да си „гази“ барем до кај 125

121-годишниот Мануел Гарсија Хернандез има шанси да е најстариот човек на светот кој со својата длабока старост би влегов во Гинисовата книга на рекорди.

На свои 121 година се грижи за кокошки на семејна фарма во Веракруз, Мексико. Тој е осум години постар од Масаз Ненаке од Јапонија, кој во моментов го држи Гинисовиот рекорд како најстар човек во светот.

Овој Мексиканец не се обидел да го официјализира податокот и да влезе во Гинисовата книга на рекорди. За него, годините се само број. Гарсија вели дека не чувствува дека има повеќе од 80 години. Тој додава дека само жали за двете работи во животот – дека го изгубил својот татко во раните години и дека повеќе не може да работи.

Иако веќе нема работа, тој се грижи за кокошките и ја дели куќата со неговата ќерка Тома.

„Среќен сум, но се чувствувам уморен. Се трудам, работам, бидејќи ако останам да лежам во кревет или да седам во фотелја, можам да се разболам. Јас би сакал да работам како што сум навикнат, во полињата да заработувам, но не можам. Тоа ме прави тажен. Како млад работев напорно“.

Се оженил на 45 години со Росма Медино, која во тоа време имала само 13 години. Тие имаат пет деца, 15 внуци и 6 правнуци. Во брак биле речиси седум децении, додека Роса не умрела пред осум години. По нејзината смрт, Гарсија се преселил во куќата на неговата ќерка Тома, која има 54 години.

Ако се утврди дека Гарсија навистина има 121 година, тој ќе биде официјално најстар човек во светот.

Гарсија го изгубил прстот на 80-годишна возраст, но има многу добро здравје. Се движи изненадувачки брзо, гледа добро, иако пред три години правел операција од катаракта. Тој се надева дека ќе дочека 125 години, а како причина за долг живот вели дека е добар сон, рано станување, здрава исхрана, земање витамини и работа.

Секое утро станува во 5:30 часот, денот го започнува со банани и смути од јаболко, а потоа појадува овесна каша и две јајца. Потоа оди да направи обиколка кај кокошките.

„Понекогаш тој ми кажува дека неговата свеќа се забавува, но јас не мислам така. Тој е сѐ уште е жив и среќна сум поради тоа“, вели неговата ќерка.

(ВИДЕО) Оваа мачка се однесува како вистинско куче

Сопственикот на оваа мачка сподели интересно видео на социјалните мрежи. Тој фрла играчка со надеж дека по неа ќе истрча кучето, меѓутоа, на тоа изреагира мачката и тоа не само еднаш.

-Нешто не е во ред тука, напиша тој.

Ослободете се од подочниците засекогаш!

Ако имате темни кругови околу очите кои секое утро ги прекривате со коректор, ова алтернативно решение дефинитивно ќе ви биде добредојдено.

Брзо е, евтино, ефикасно и долготрајно.

Потребно е да земете неколку ливчиња свежо нане, да ги измешате во блендер и да додадете неколку капки маслиново масло.

Откако ќе ја изблендирате оваа смеса и ќе добиете свежата маст нанесете ја под очите пред спиење и оставете ја да делува.

Постапката повторувајте ја додека не забележите подобрување.

Подочниците се последица на неправилна исхрана, таложење на токсини во организмот и недостаток на сон.

Покрај овој лек практикувајте сон од најмалку 8 часа дневно, пијте најмалку 1 литар вода и намалете го количеството на алкохол или цигари.

Популарно