ВИДЕО: Јелена Карлеуша заигра во ултра мини фустанче

Во текот на снимањето на шоуто „Ѕвездите на Гранд“ пејачката Јелена Карлеуша ја понесе ритамот на познатите хитови меѓу кои се најде и еден од нејзинтие, па стана од столицата и лудо заигра пред сите.

Одлично се забавуваше, а таа глетка секако е една од оние што не се пропуштаат.

Во мини фустанче кое ги откриваше нејзините долги нозе и бујното деколте, потскокнуваше во неодлоливите потпетици од познат дизајнер, и сите гледаа само во неа.

Еве како Цеца ослабе 8 килограми за еден месец - Кога ќе дознаете што пие пејачката секој ден ќе подзинете

Фолк пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ својата линија ја одржува во совршенство веќе подолго време, а особено во последните години никогаш не била позгодна, пишуваат српските медиуми.

Имено таа својот струк не го променила од 2006 година од кога линијата ја довела до перфекција.

„Ја доведов својата линија онака до перфекција, но без никаква ригорозна диета и без апчиња за слабеење и слично, а тоа е сега многу популарно иако е опасно и нездраво и директно влијае на штитните жлезди и панкреасот. Со тоа не треба да се игра. Бидејќи тој лек се користи кај дијабетичарите, но не е важно“, вели Цеца.

Таа сепак открила дека за месец дена ослабела осум килограми со помош на едноставна диета.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by C E C A (@cecaraznatovic)

„Едноставно одлучив после седум да не јадам ништо и да конзумирам само вода. А во една прилика кажав, понекогаш и некое пиво, а потоа ме прашаа како пијам пиво кога тоа ме дебелее. Јас велам, мене пивото не ме дебелее, мене ме сака и навистина тоа е така. И мене тоа ми појде од рака и јас ослабев 8,5 килограми за месец дена, а во ниту една секунда не гладував и јадев се што сакам“, вели пејачката.

Вели дека навистина влијае внесувањето на храна после 8 часот навечер.

Инаку Цеца освен корегирано мени, таа редовно вежба и во теретана.

Тијана сопругот го фати на дело со келнерка - Нејзината одлука ги шокираше сите

Македонско – српската пејачка Тијана Дапчевиќ веќе 20 години ужива во бракот со сопругот иако низ годините наназад имале турбулентни периоди.

Приказната за овој љубовен пар започнала на еден натпревар во Сомбор многу одамна, а по неколку дена врска пејачката се одлучила да живее под исти кров со него, а неколку години подоцна својата љубов ја крунисаа со брак.

Тијана неколку пати доживеа брачни кризи поради кои нивната љубов била на тест, а како што тогаш се пишувало нејзиниот сопруг Милан бил фатен во акција со една келнерка, меѓутоа Тијана му простила, пренесуваат српските медиуми.

По неколку години одекна и веста дека бракот повторно им е на удар, поради што пејачката и се иселила од домот, но по неколку дена приказната сепак добила среќен крај и одлучила на бракот да му даде нова шанса.

Пејачката неодамна на својот Фејсбук профил сподели и статус по повод нивната годишнина од брак.

„Го запознав Милан на место на кое не знаев дека умеам да бидам (кошаркарски натпревар), бидејќи спорт не поднесувам. Од тогаш, ние двајца поднесуваме се. И од тогаш мислите ни почнуваат во множина… среќна 18 годишнина љубов“, напиша тогаш Дапчевиќ.

Инаку Милан пред неколку години започна нов бизнис поврзан со земјоделството.

-Тој се занимава со земјоделство во последните неколку години, па ми вели: „Конечно не мора да одам нигде со тебе и да се сликам“. Не прашувај ништо, само давам и давам пари, ме разбираш. Но фала му на Бога оваа година се очекува првиот вистински род, изјави во една прилика Тијана.

Марија Шерифовиќ ги напушта Ѕвездите на Гранд

Марија Шерифовиќ за кратко ќе го напушти местото во жирито на музичкото натпреварување Ѕвездите на Гранд, а нејзината позиција ќе ја заземе млада музичка ѕвезда.

Пејачката Сања Вучиќ во една епизода од Ѕвездите на Гранд ќе ја замени својата колешка Марија Шерифовиќ, која поради лични обврски беше спречена да се појави на снимање.

„Тоа е голема работа, чевлите на Марија се големи за пополнување, но јас ќе бидам многу објективна. Мислам дека ќе придонесам со некое мое мислење. Тоа е само за една емисија, мене ми е многу интересно. Мара брзо се враќа. Зборував со Марија, таа ми даде список со нејзините желби, како би сакала да оценувам“.

Популарно