Пет надоместоци што газдата мора да ви ги исплати

Секој работник има право на надоместок на трошоците кои се направени поврзани со работата, а се уредени со Закон за работни односи и колективниот договор.

Надоместок ви следува за следните трошоци:

1 Дневници за службени патувања во земјата (8% од основицата)

2 Дневници за службени патувања во странство во согланост со уредбата за издатоци за службен пат и селидби во странство

3 Теренски додаток доколку работите на терен (сместување, исхрана и слично)

4 Надомест за одвоен живот од семејството утврден во колективниот договор, но не помалку од 60% од основицата.

5 Ако користите сопствен автомобил ви следува надоместок од 30% од цената на литар гориво што го користи автомобилот за секој изминат км

Законски надоместоци:

-Доколку се селите за потребите на работата, трошоците ги покрива работодавачот

-Регрес за годишен одмор или к-15 во висина од најмалку 40% од основицата

Покрај надоместоците наведени нагоре, на работникот му се исплатува надоместок и:

-Во случај на смрт на работникот, на неговото семејство се исплатува надоместок во висина од три основици

-Во случај на смрт на член на семејството, на работникот му се исплатува надоместок во висина од две основици

-Во случај на потешки последици од елементарна непогода, на работникот му следува надомест во висина од една основица

-За непрекинато боледување подолго од 6 месеци поради повреда на работа или професионално заболување на работникот му следува надоместок во висина на една основица

-За 10 години работа кај истиот работодавач, на работникот му се исплатува јубилејна награда во висина на основицата

-При заминување во пензија на работникот му следува најмалку двократен износ на основицата

Основицата за пресметување на надоместоците на работниците е всушност просечната месечна нето плата по работник во Република Македонија која е исплатена во последните 3 месеци.

Најатрактивни огласи за работа во Македонија во моментов

Најатркативните слободни работни позции во моментов на Кариера.мк

Sales Representative локација Македонија и Косово за ManpowerGroup ЛИНК до огласот

Студентски координатор за Code Academy ЛИНК

Robotic Engineer за тимот на Matrix Global ЛИНК 

Возачи со Ц категорија - 3 работни места ЛИНК

Работа "Live booking" со почетна плата од 20.000 денари за територијата на цела Македонија ЛИНК

Царински декларант ЛИНК

Лепач на ПВЦ фолии ЛИНК

Доставувач во Нептун во Битола ЛИНК

Менаџер одговорен за магацин и логистички операции за работа во интернационална компанија  ЛИНК 

Product design engineer за работа во близина на Дубаи, Обединети Арапски Емирати ЛИНК 

Дизелот поскапе за 15 денари - се очекува бран поскапувања

Македонија се наоѓа на прагот на нов нафтен ценовен шок. И денеска, како и што се очекуваше, Регулаторната комисија за енергетика ги коригираше малопродажните цени на нафтените деривати во нагорен правец.

Од денеска, Дизелот има нова рекордна цена, највисока во оваа година. Сега тој се продава за 69 денари по еден литар..

Денешната цена на дизелот е на нивото од 2013 година и под рекордот од јуни 2008 година кога беше 76 денари за еден литар. Тогаш барел нафта на светските берзи чинел 140 долари, а денеска чини 84 долари. 

Само од почетокот на годината дизелот е поскап за скоро 15 денари по литар што значи дека за помалку од 10 месеци, тој станал поскап за повеќе од четвртина од својата цена или нешто над 26,5%.

Па така, во декември лани, литар дизел се точел за 54,5 денари за до денеска, заедно и со новата акциза која ја воведе владата на почетокот на годината ја достигне сумата од 69 денари за еден литар.

Дизелот како гориво е клучен во речи си секој бизнис каде што транспортот е дел од импутот во производството.

Зголемената цена од над 25% значи и зголемени трошоци за компаниите за ист толкав износ што отвора простор за нов бран поскапување на сите производи во малопродажба.

Ново поскапување на бензинот во Македонија

Со последната одлука на РКЕ малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемија во просек за 1,58%.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, не се промени односно останува на исто ниво, како што била утврдена со Одлуката од 03.09.2018 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 74,00 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголеми за 0,50 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 03.09.2018 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 72,50 ден/лит.

Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 03.09.2018 година и со тоа, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 66,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 54,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,347 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 03.09.2018 година и со тоа цената на мазутот М-1 НС изнесува 34,351 ден/кг.

Нов скок на цената на суровата нафта на светските берзи. Во моментов барел северноморска нафта од типот „брент“ на берзата во Лондон се продава за 81,4 долари за барел. 

Цената ја проби границата од 80 долари уште во понеделникот со скок од над 2 долари во само 1 ден тргување.  Цените се највисоки во последните 4 години.

Се очекува новата цена на РКЕ денеска.

Популарно