Хорор во Сибир: Ја нашле мртва, со отсечени дланки

18-годишната студентка Ангелина Литвињенко била пронајдена мртва, а телото било осквернавено со отсекување на дланките. Безживотниот труп бил пронајден на 13 мај, на нешто помалку од три километри од Краснотуранск, Сибир.

Ангелина била пронајдена мртва со отсечени дланки во Сибир, откако влегла во автомобилот на поранешен осуденик за убиство, чиј оглас го пронашла на популарната апликација за споделување на превоз – “BlaBlaCar”.

Руската полиција објавила фотографија од сопственикот на возилото, 47-годишниот Н.В Лебедев, кој бил осуден за двојно убиство, но ослободен по 15 години минати во затвор.

Неговиот автомобил марка “Hyundai Solaris” бил пронајден во непосредна близина. Лебедев во меѓувреме се јавил во полиција. Рекол дека не ја убил тинејџерката и дека ќе поднесе докази кои ќе му помогнат, јавиле медиумите. Меѓутоа, тој сега се наоѓа во бегство, и во Сибир во тек е голема потера.

Девојката влегла во неговиот автомобил во Абакан за да оди до селото Краснотуранск, оддалечено на 120 километри, каде живеат нејзините родители. На својата мајка и јавила дека е на пат, но никогаш не пристигнала дома.

Телото на тинејџерката без дланки било пронајдено на 13. мај, на околу два и пол километри од Краснотуранск, ден откако родителите го пријавиле нејзиното исчезнување.

Индиската полиција во желудник на жена откри 106 капсули кокаин

Индиската полиција извадила 106 капсули со кокаин од желудник на жена којашто се обидела дрогата да ја прошверцува во земјата, што претставува рекорден број капсули со кокаин кој ги проголтал шверцер откриени од индиската полиција, пренесува во понеделникот BBC.

Дваесет и петгодишната странска државјанка била упасена на аеродромот во индиската престолнина Њу Делхи на 14-ти мај откако полицијата добила дојава. Според полицијата, таа и претходно на ист начин пренесувала кокаин патувајќи како турист во Индија, а за возврат ѝ биле ветени 5.000 долари

Целиот изминат викенд го минала во болница и пиела лаксативи за кокаинот да излезе од телото. Вкупната тежина на дрогата изнесувала 903 грама, а вредноста е проценета на 734.160 американски долари.

Во полицијата веруваат дека капсулите ги проголтала во Сао Паоло во Бразил и дека во Њу Делхи требало да му ги предаде на еден Нигериец. Велат и дека станува збор за висококвалитетен кокаин од Колумбија, многу подобар од евтиниот „крек“ кој вообичаено се открива во вакви случаи.

ВИДЕО: Руското оружје од кое Америка не може да се одбрани

Руското хиперсонично оружје кое може да погоди било кое место во светот за само неколку минути ќе биде подготвено до 2020. година.

Англиските медиуми пишуваат дека имаат пристап до американсите извештаи кои тврдат дека оружјето „Авангард“ патува со 20 пати поголема брзина од звукот. Во моментов, САД не може да се одбрани од него, а Русија го тестирала двапати во 2016. година.

Последното тестирање во 2017. година не поминало добро, зашто се срушила платформата неколку секунди пред да ја погоди целта. Меѓутоа, Москва продолжува да го развива оружјето.

Русите летово би требало да направат ново тестирање на оружјето, а како изгледа и за што станува збор, може да погледнете на видеата.

(ВИДЕО) Започна да се остварува најлошото сценарио, Вулканот на Хаваи пред експлозија

Започна да се остварува она на што геолозите предупредуваа, вулканот на Хаваи почна да „исфрла проектили“ со големина на микробранова печка.

Многу извесно е дека вулканот и ќе експлодираа сметаат геолозите.

Доколку се исполнат предупредувањата на вулканолозите, вулканот Килауе на Хаваите, кој веќе десетина дена исфрла лава, ќе влезе во фаза на експлозивни ерупции со кои ќе исфрла огромни количини на пепел и камења во воздухот.

Според наводите на Ројтерс, размерите на  таквите ерупции не се забележани уше од минатиот век.

-Се очекуваат уште експлозии и тие ќе бида се посилни и посилни, информираат од Американскиот геолошки институт. Според нив , вулканот  ќе исфрла во воздухот  огнени топки тешки и по неколку тони кој ќе претставуваат опасност за авионите.  По експлозиите вулканскиот пепел би можел да стигне и до 6 километри во воздухот.

Токму поради активноста на вулканот, на Хаваи константно се бележат силни земјотреси.

Популарно