ВИДЕО: Ова е состојбата по верижниот судир кај Железничка

Верижен судир на шест возила се случи претпладнево на улица „Никола Карев“, пред поштата на железничката станица во Скопје.

Во несреќата нема повредени лица, меѓутоа причинета е голема материјална штета.

Еден од директните учесници во судирот изјави за МИА дека биле преплашени кога виделе како еден од автомобилите се движи наназад кон нив. 

- Тоа беше страшно, во моментот не знаевме што да правиме и како да реагираме, истакна вознемирената жена.

Всушност на возачот на автомобилот, кој ја предизвикал сообраќајната несреќа, му се слошило, по што ненадејно го запрел возилото, се обидел да излезе од него, но не ја кренал рачната сопирачка и автомобилот тргнал наназад.

Полицијата врши увид на местото на сообраќајката.

ФОТО од сообраќајката на српскиот пејач

Српскиот пејач Дарко Лазиќ кој годинава се најде на мета откако го фатија со дрога, па се разведе, доживеа тешка сообраќајка по која се бори за живот.

27-годишниот Дарко со автомобилот излетал од патот и се превртел на кров, а потоа едвај го извадиле од смачканото возило.

Во моментот на несреќата тој во своето БМВ бил сам, а го извлекувале пожарникари.

Пејачот немал појас, тешко е повреден и ќе му се земе крв да се види дали бил пијан.

„Лапнале“ 150.000 од кладилница во Битола - полицијата трага по нив

Две маскирани лица синоќа ограбиле Спортска обложувалница на улицата „Прилепска“ во Битола.

Како што соопшти МВР, околу 22:40 часот било пријавено дека две маскирани лица со закана со пиштол извршиле разбојништво над вработениот при што одзеле околу 150.000 денари од дневниот промет.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Возилото на српската водителка и вистинската мета ги разликува само ова

Во вторникот околу 13 часот при експлозија на рачно направена експлозивна направа повреден е Небојша Мичиќ, татко на познатата водителка Маријана Мичиќ, кој управувал со возилото.

-Пластичен експлозив од околу 200 грама беше поставен под совозачкото место. Бомбашот или поради неискуство или брзање експлозивната ја ставил под „голфот“ на Маријана, кој од метата на нападот се разликува само по гумите. Инаку првите резултати кажуваат дека напаѓачот го чекал „голфот“ на Вождовац и дека експлозивот го активирал оној момент кога му се појавил на видно поле - објаснува извор близок на истрагата за „Србија денес“.

Братот на српската водителка во изјава за медиумите кажал дека бомбата по грешка е поставена под нивниот автомобил.

Популарно