Македонија загуби уште еден планинар: Георги Петков од Гевгелија не успеа да го оствари сонот

Георги Петков од Гевгелија е македонецот кој почина при искачување на Монт Еверест.

63 годишниот Петков починал од срцев удар за време на финално искачување на врвот Еверест. Петков беше дел од експедицја под искусно водство на британецот Тим Мосдејл. Од страна на шерпасите се прават напори телото да се пренесе на пониските кампови.

Искусниот водач на експедицијата, Тим Мосдејл, претходно истакна дека сите подготовки и  логистика, фиксирање на јажиња, скали, боци со кислород и аклиматизација се направени и се чека на „временски џеб“ што овозможува поволни услови за да се тргне кон врвот.

Доктор Петков се надеваше да го оствари најголемиот сон на секој алпинист, да го искачи Монт Еверест, ќе бeше првиот гевгеличанец и шестиот Македонец кој го освоил Монт Еверест. Георги Петков беше долгогодишен планинар и член на планинарското друштво Кожуф од Гевгелија.

18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка

Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради  „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.

На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.

На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.

Им дал 800 евра а за возврат му ветиле дијаманти, измамен кумановец во Скопје

На 26.03.2024 во 14.30 часот во СВР Куманово, 73 - годишен маж од Куманово пријавил дека на плоштадот „Македонија“ во Скопје бил измамен од две лица за сума од 800 евра.

Според пријавеното, лицата му кажале дека направиле сообраќајна незгода и дека им требаат парите за да одат на лекар и за возврат ќе му дадат дијаманти, а откако ќе завршат ќе се вратат и ќе му ги дадат парите. Како што е пријавено, тој им ги дал парите, а тие му дале накит за кој подоцна утврдил дека е бижутерија. Исто така, според пријавеното, лицата не се вратиле, по што сфатил дека е измамен, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Ужасната болест го згасна младиот живот на големиот талент

Омилениот актер на многумина, а сигурно еден од најталентираните Маринко Маџгаљ, на денешен ден пред осум години ја загуби битката со ужасната болест – ракот на панкреасот.

Маринко Маџгаљ, вечното момче, како што го нарекуваа, ќе остане запаметен по бројните величествени улоги.

Маџгаљ имаше само 37 години кога дознал за болеста, но за жал, веќе било доцна.

Лекарите му рекле дека му остануваат само уште три месеци живот, кои според пријателите и семејството ги живеел најдобро што можел. Снимаше серија во Црна Гора, отиде на хемотерапија и 20 дена пред смртта се крсти во манастирот Острог, иако поради својата слабост едвај издржа, што го криеше од многумина.

Маринко до последниот ден веруваше во опоравување и победа, што го докажа со објава на Фејсбук:

-Пријатели, пристигнаа многу пораки! Сите сте толку слатки, љубезни и полни со убави зборови и желби! Ви благодарам за секој напишан збор, ви благодариме за сите лекови што ги препорачувате, ви благодараме за желбите за брзо закрепнување! Ќе се обидам што поскоро да танцувам на сцената, да застанам пред филмската и ТВ камерата и повторно да бидам со сите вас. И пеам! Вашиот Маки ве сака сите!

За жал, тоа не се случи. Маринко беше погребан на 29-ти март на гробиштата Ново Бежание.

Популарно