(ФОТО) Тенисерката блескаше на кралската свадба, но чорапите на нејзиниот сопруг станаа најголем хит

Ако некогаш сте се посомневале дека тенисерата Серена Вилијамс нема стил, тенисерската ѕвезда ќе ве разувери со комбинацијата која ја носеше на кралската свадба на Меган и Хари.

Но, она што најмногу привлече внимание се необичните чорапи на нејзиниот сопруг. Можеби познатиот бизнисмен сака да носи впечатливи чрапи, но на денот на кралската свадба можел да заборави на таа љубов.

Погледнете:

ФОТО: Добро протријте ги очите, ова се двајцата некогаш најпосакувани мажи

Заедничката фотографија на познатиот актер и пејачот предизвикала лавина од коментари на интернет.

66-годишниот Мики Рурк и 56-годишниот Ексл Роуз некогаш важеле за најпосакувани мажи на светот, по кои жените лудувале и правеле глупости, кои веројатно не можете ни да ги замислите. 

Меѓутоа, славните ѕвезди ги стигнале годините, а поради сличниот имиџ кој двајцата го имаат, нивната заедничка фотографија станала невиден вирал на социјалните мрежи.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

My new bros #axlrose #mickeyrourke 👍😎 at #wildervsfury fight

A post shared by George Lambros (@glambros) on

Еден од фановите ги фотографирал Рурк и Роуз на еден бокс меч кој го следеле заедно, а кога ќе ги видите ќе сфатите зошто многумина најпрво помислиле дека станува збор за две постари, симпатични госпоѓи.

Да се потсетиме како изгледал Мики Рурк кога глумел во филмот "9 и пол недели" од 1986-та година:

Еве како Ексл Роуз изгледал во спотот за песната "Patience" од 1988-ма година:


ФОТО: Тамара ја покажа новогодишната атмосфера во домот и еден специјален детаљ за неа

На пејачката Тамара Тодевска и остана уште многу малку време додека нејзиното второ бебенце дојде на свет.

Тамара и нејзиното семејство годинава ќе имаат прекрасен почеток на Новата 2019 година, ќе го добијат најубавиот подарок – бебето Дарен.

Домот на пејачката веќе е украсен во празнично-новогодишен амбиент, а најкомфорното место на софата е резервирано за мама Тамара која одмара на специјална перница за трудници која исто така е со новогодишен принт и се надополнува на посебен начин.

Тамара на социјалната мрежа Инстаграм го покажа местото каде се рекалсира и е во исчекување на првиот знак дека е време да тргне на пат кон болница.

А Дедо Мраз оваа 2019 година ќе и го донесе најубавиот подарок и на Хана- нејзиното братче.

ФОТО: Сопругата на Ричард Гир го покажа трудничкото стомаче

Непосредно пред првата годишнина од бракот на холивудскиот актер Ричард Гир и неговата трета сопруга Алехандра Силва, брачната двојка ќе го добие првото заедничко дете.

Веста за бременоста е откриена уште во август, четири месеци по свадбата, а 35-годишната Алехандра сега гордо го покажа своето трудничко стомаче.

Третата сопруга на Ричард Гир на својот инстаграм-профил објави фотографија на која позира пред огледалото во бањата во тесен црн фустан, што уште повеќе го истакнува нејзиното трудничко стомаче и под неа на шпански јазик напиша: „Многу сум среќна”.

Гир ја започна врската со убавата публицистка уште додека беше во брак со Кери Лоуел. Но, тоа не го спречи да ја „освои” 33 години помладата Алехандра Силва, ќерка на Игнасио Силва, поранешен финансиски потпретседател на „Реал Мадрид“.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

¡Soy muy feliz! ❤️ ... I’m so happy! #happygirl

A post shared by Alejandra Gere (@alejandragere) on

Популарно