ВМРО ДПМНЕ откри каде е Груевски

Порнешниот лидер на партијата и експремиерот Никола Груевски мислам дека е во Скопје, но за причините зошто не беше во судот на изрекување на пресудата, образложија од адвокатскиот тим, изјави Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ. Тој денеска ја искритикува судската одлука со која Груевски беше осуден на казна затвор од 2 години.

<div id="mvp-content-body-top" class="left" relative"="" style="margin: 0px; padding: 0px; border: 0px; vertical-align: baseline; outline-style: none; float: left; width: 820px;">

„Оваа пресуда не е пресуда поради тоа што некој се стекнал со противправна имотна корист, или поради тоа што била нанесена некаква штета на државата, затоа што штета нема, ‘мерцедесот’ и сега се вози, Груевски не си го зема дома. Оваа пресуда има повеќе цели, Никола Груевски, кој беше симбол за зачувување на националните интереси, економски успеси и привлекување инвеститори, да се засени и да биде политички дисквалификуван“, рече Николоски.

Според Николоски, судот не го интересирале ниту докази ниту факти, туку само реализација на политичките нарачки на Заев и СДСМ, за пресметка со сите што мислат поинаку.

Експремиерот Груевски денеска не присуствуваше на изрекувањето на пресудата за предметот „Тенк“, во кој покрај него, обвинет е и поранешниот помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски, и ексминистерката Гордана Јанкуловска. На Поповски му беше изречена казна затвор од 6 години и 6 месеци.

Груевски утрото беше во кривичниот суд, каде ги слушаше бомбите за предметот „Тракеторија“, но потоа не дојде на судењето во 13 часот, на кое беше осуден на 2 години.

Поразителни бројки: Македонија се иселува!

Иселувањето стана сериозен проблем во Македонија. Изминатите денови беа пласирани фрапантни податоци дека за три месеци од почетокот на оваа учебна година од основните и средните училишта во Општина Кочани се отпишале 20 ученици, за кои родителите навеле дека причината е иселување во странство.

За една година, пак, од штипските основни и средни училишта заминале во странство со своите родители вкупно 77 ученици. Податоците на Секторот за јавни дејности во Општина Штип покажуваат дека бројките се поголеми во основните училишта, од каде што биле отпишани 48 ученици, а од средните 29.

Според истражувањата на терен бројката на отпишани ученици поради иселување на фамилиите во странство процентуално е приближно иста како во Кочани и Штип односно изнесува околу десетина проценти на годишно ниво.

Истражувањето на Центарот за истражување и креирање политики покажа покрај тоа дека 76,7 отсто од младите кои живеат во државава размислуваат да се иселат. Клучна причина за иселувањето е лошиот квалитет на живот кој, покрај материјалните аспекти, ја опфаќа целокупната ситуација на политичка и економска несигурност во државата, квалитетот на јавните услуги во образованието, здравството, социјалната заштита, можностите за личен и кариерен развој, вклученоста во процесите на носење одлуки што ги засегаат.

Овие тенденции се сосема спротивни од најавите на актуелната Влада дека ќе ги врати иселените млади лица од државава но реалноста е сосема поинаква до тој степен што во последнава година иселувањето дури и е драстично забрзано.

Мијалков ја прислушкувал и својата сопруга, па дури и својот брат!

Освен стотината политичари, бизнисмени и новинари, тарге на прислучкувањето за кое е обвинет Сашо Мијалков, биле и броевите на Александра Мијалкова, сопругата на Мијалков и на неговиот брат Влатко Мијалков.

Ова денес го откри сведокот Ѓорги Лазаревски, кој на прашање на обвинителот дали имало сензитивни таргети, ги посочи Александра и Влатко Мијалков.

На ова, со гестикулации, негодуваше екс директорот на УБК Сашо Мијалков.

Лазаревски заедно со Звонко Костовски со години прибирале докази од нелегалното прислушување во УБК, и подоцна  ја открија аферата „Таргет“.

Поранешниот градоначалник на општина Ново Село Боро Стојчев пуштен порано од затвор!

Боро Стојчев, поранешниот градоначалник на општина Ново Село кој требаше да биде во затвор шест месеци поради обид за шверц со цигари е пуштен порано на слобода поради примерно однесување. Наскоро во општина Ново Село следуваат избори за избирање на нов градоначалник.

Веста ја потврди директорот на струмичкиот зaтвop, Борче Цветков. Тој информираше дека Стојчев од зaтвop излегол еден месец порано, бидејќи имал примерно однесување и според член 206 од Законот за извршување санкции директорот на затворот може да му одобри 30 денови скратување на казната.

Популарно