Серија навреди на Саманта Маркл кон мајката на Меган и кралското семејство

Во серијата објави на Твитер, таа ги навредувала членовите на кралското семејство, како и мајката на Меган, Дорија Маркл, пишува британски Мирор.

На Твитер таа прво го споделила линкот со сатиричната приказна во која пишува дека пријателите на Меган се ставени да седат со болни хабсбуршки роднини.

„Тие се како семејството Адамс, само со милијарда долари“, напишала Саманта.

Потоа својот гнев го насочила кон мајката на Меган, која за кралската венчавка, седела сама на клупа. „Не мисалм дека го украла целото внимание. Мене ми изгледа како хокејаш во боксот за казна“, напишала таа.

Саманта која до неодамна го користеле презимето Грант, е позната по критиките кои ги носела на сметка на нејзината помлада сестра, а нејзината мајка Дорија ја обвинила дека ја искористила венчавката на ќерка и за да се збогати. Корисниците на социјалните мрежи остро реагирале на изјавите на сестрата на Меган Маркл.

Во некои од коментарите може да се забележат и молби до медиумите да не и даваат премногу простор за тоа.

ФОТО: Грците се вљубија во ќерката на Заев

Зоран Заев е во центарот на вниманието на медиумите во регионот, како поради договорот со Атина за новото име на Македонија, така и поради неговата преубава ќерка Александра. Па така голем број медиуми во Грција, но и во целиот регион, деновиве пишуваа и за неговата ќерка која е мошне популарна на социјалните мрежи во нашата земја, а некои од нив пренесоа и дека Александра е толку е убава и згодна што слободно може да се пријави и да ја претставува Македонија на некој натпревар за убавина.

 

A post shared by Aleksandra Zaeva (@aleksandrazaeva) on

 

A post shared by Aleksandra Zaeva (@aleksandrazaeva) on

 

A post shared by Aleksandra Zaeva (@aleksandrazaeva) on

(ВИДЕО) Нови проблеми за Меган Маркл: Нејзиниот татко за 7.500 фунти ги разоткрил сите нејзини тајни!

Членовите на нејзиното семејство никако да престанат да ја срамат Меган Маркл.Освен што нејзината полусестра малку – малку па ќе се појави со нова „плунка“ упатена кон војвотката од Сасекс, сега е откриено дека нејзиниот татко, Томас, земал пари за последното интервју во емисијата „Good Morning Britain“ (Добро утро Британијо). 

Пензионираниот мајстор за светло на филм се расприкажал за деталите од односот со својата ќерка и принцот Хари, а за тоа, според Daily Mail земал 7.500 фунти.

Томас Маркл и пред венчавката заработил 100.000 фунти договарајќи со папараците да го снимаат и да ги продадат тие фотографии, а кога била откриена неговата „игра“ се извинил и завршил во болница.

Водителот на емисијата, Пирс Морган, тврди дека парите не биле примарниот мотив на Маркл за интервјуто, туку само сакал на Британците да им ја раскаже својата страна на приказната. Наводно, добивал многу повносни понуди од америкнските телевизии, од кои некои биле и милионски, но тој сите ги одбил.

Продуцентите на емисијта за снимањето не го известиле кралското семејство бидејќи мислеле дека во тој случај Маркл нема да сака или нема да смее да гостува.

Така ниту Меган не знаела дека нејзиниот татко ќе се појави на телевизија ниту што ќе каже, а Маркл се надева дека не ја навредил или ги повредил нејзините чувства.

Така меѓу другото открил дека Хари по телефон ја побарал раката на Меган, а тој се согласил откако принцот му ветил дека никогаш нема да крене рака на неговата ќерка.Но, открил и дека Меган веќе некое време сака деца па е сигурен дека кога-тогаш ќе ги има.

Томас Маркл открил и дека никогаш не го запознал Хари, но дека тој и Меган му простиле што ги продавал фотографиите.

Популарно