Шенки Версаче го напушта Арачиново: Купил куќа за развратни журки на луксузна локација

Познат по единтвениот стил, Шенки Версаче од Арачиново го освои Балканот, а почна и да го населува.

Богатството тој го троши на луксузни автомобили, гардероба, куќи и станови. Подолго размислувал да купи куќа во Србија, зашто земјата за него била рај.

– Србија е преубава, уживам во природата, а она што мене ми е најбитно – има преубави девојки и богат ноќен живот. Затоа и решив да најдам куќа во која ќе можам да правам развратни журки какви што не сте виделе во Србија, објаснува Шенки за српски медиум.

Бидејќи се во неговиот живот мора да биде на највисоко нииво, не жалел пари и за вилата во Белград платил 4 милиони евра.

Џејда Смит: "Плачев на денот на својата венчавка"

Актерката Џејда Пинкет Смит е во брак со актерот Вил Смит веќе 20 години.

Откако во емисијата на Џејда, "Red Table Talk", парот открил дека имале потешкотии во бракот, сопругата на Вил Смит признала дека била несреќна на денот на нивната венчавка во 1997 година. 

"Знаев дека не требаше да се венчам", изјавила оваа 47-годишна актерка. Џејда тогаш била во третиот месец од бременоста.

"Првото тримесечје од бременоста ми беше многу тешко. Бев вознемирена што мораме да се венчаме. Плачев цело време додека чекорев кон олтарот", признала таа.

"Никогаш не се сложував со правилата кои ги пропишува бракот. Едноставно не се сложувам со тоа. Додека смртта не не' раздели е едно правило за мене, но останатите идеи ... Терминот "сопруга" и целата дефиниција на жената во бракот ... јас едноставно не сум таа личност", открила Џејда Пинкет.

Таа додала и дека венчавката ја направиле само за да ја задоволат нејзината мајка, а всушност таа и Смит сакале да се ветат еден на друг во природа.

Ариана Гранде љубовната болка ја лечи како најголем дел од девојките

Пејачката Ариана Гранде, неодамна ја раскина веридбата и врската со комичарот Пит Дејвидсон, со кој беше во врска неколку месеци.

Парот живеел во луксузниот стан на Ариана, во Њујорк, а имале и заедничко милениче, прасенце, на кое му го дале името Пиги Смолз и кое после раскинувањето ѝ припаднало на Ариана.

За да го излечи скршеното срце после раскинуваето и барем малку да ги ублажи анксиозните напади кои ги има веќе некое време, Ариана се одлулила за омилената терапија на сите жени – шопинг!

Во друштво на пријателите, пејачката ги „нападнала“ луксузните продавници во центарот на Њујорк, а шопингот го завршила со две преполни ќеси потпишани од Шанел, пренесува „Cosmopolitan“.

Овој скап излет не предизвикал никаква штета за буџетот на Ариана, со оглед на тоа дека пејачката не го крие износот на својата заработка, кој моментално изнесува вртоглави 50 милиони долари.

Од друга страна, Пит се пошегувал дека после раскинувањето, тој активно е посветен на барање цимер.

Нереиде Гаљардо: "Подготвена сум да сведочам на суд"

Во светската јавност веќе неколку недели се шират гласини за случајот Кетрин Мајорга, жената која тврди дека Кристијано Роналдо ја силувал во 2009 година во хотелската соба во Лас Вегас.

Фудбалерот тврди дека станува збор за лажни обвиненија, а сега се огласи и неговата поранешна девојка Нереида Гаљардо. Роналдо со сексапилната Нереида се забавуваше во 2008 година, а прекинале неколку месеци после наводното силување. 

Таа одлучила јавно да проговори за оваа тема и вели дека верува дека Роналдо не би силувал некоја девојка.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Si llego a más de 200 me gustas subiré más fotos!!.

A post shared by Nereida Gallardo (@nereidagallardo) on

"Кон мене никогаш не беше агресивен. Ниту малку. Тој не е тип кој некој би присилил на секс, многу е нежен во кревет", тврди Нереида.

"Сè уште никој не ме контактирал од обвинителството, но доколку се случи тоа јас би сведочела на суд", додава Нереида.

Роналдо и Нереида ги полнеа страниците на светските таблоиди во летото 2008 година со провокативни фотографии на кои често таа била топлес. Фудбалерот последните неколку недели се соочува со најголемиот скандал во неговата кариера, но длабоко верува дека судот ќе ги отфрли обвиненијата на жената која тврди дека ја силувал.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Momentos ❤️

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) on

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Mis amores ❤️❤️❤️❤️

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) on

Популарно