Обликот на вашиот нос открива многу за вас

Иако звучи помалку чудно, потврдено е дека формата на вашиот нос открива повеќе работи за вас, осносно за вашите карактерни особини.

Познатиот професор Абрахам Тамир од Универзитетот Бен-Гурион во Израел ги потврдил овие резултати добиени во неговата студија која подоцна била објавена и во списанието „Journal of Craniofacial Surgery”.

Според неговиот резултат, ова се 8 различни облици на носови и нивните посебни карактеристики.

1. Нубијски нос

Нубијскиот облик на нос се одликува најмногу со својата должина. „Мостот“ е скоро рамен, а широката точка на носот е насочена надолу. Личностите со овој облик на нос се многу љубопитни. Тие се оптимистични, симпатични и секогаш бараат решение за секој проблем.

2. Грчки нос

Неговото име доаѓа од античките грчки скулптури. Поголемиот дел од нив го добиле тој нос од страна на уметниците. Овој облик се одликува со тесна должина и рамен облик. Сопствениците на овој вид нос се резервирани и не сакаат да бидат во центарот на вниманието. Тие се доста практични и лојални. За нив е тешко да разговараат за сопствените чувства и се сметаат за повлечени.

3. Кукаст нос

Многумина го споредуваат овој облик на нос со птичји клун. Личностите со овој вид нос се креативни и пожртвувани. Тие гласно ги бранат своите верувања и не се плашат да ризикуваат за да ги остварат своите цели.

4. Извиткан нос

Сличен е како претходниот облик, но овој нос е превиткан од носната коска до врвот. Луѓето со ваков нос се сметаат за одлучни. Тие се тесно поврзани со својата работа и добри се во организацијата.

5. Копчест нос

Доста краток и изгледа нежно. Ова е најпопуларниот облик, бидејќи не е толку воочлив. Според професорот Тамир, луѓето кои имаат ваков нос многу често се спонтани во своите одлуки кои често ги иритираат другите луѓе. Тие имаат цврста волја и со задоволство доаѓаат на работа.

6. Рамен нос

Овој облик на нос е најчест во Азија. Малку е порамен од останатите облици. Неговите носници се широки. Личностите со рамен нос имаат силен карактер. Тие се многу темпераментни и страсни. Доколку си играте со нивното трпение може да станат доста лути.

7. Конкавен нос

Има мал лак на носната коска. Тоа не е особено впечатливо, бидејќи целиот облик изгледа нежно. Луѓето чиј нос го имаат овој облик честопати се великодушни и секогаш се подготвени да им помогнат на другите кои имаат проблеми. Поради таа своја страна, овие личности може лесно да ги повредите.

8. Накривен нос

Дури и ако самиот назив не е особено ласкав, овој облик на нос означува нежен карактер. Мостот на носот се истакнува, додека врвот е доста заоблен. Личностите со ваков нос се добри слушатели, што ги прави совршени пријатели или партнери.

(Фото) Оваа крава е продадена за 4,8 милиони долари, еве што ја прави посебна

Гинисовата книга на рекорди собира бројни, интересни достигнувања на едно место, а сега на таа листа се запиша и една крава.

Виатина-19, крава од Бразил, стана најскапата крава продадена на аукција.

Вредноста на кравите Нелоре лежи во висококвалитетното месо кое се истакнува по својата мекост и вкус.

-Признавањето на нашата сакана Виатина-19 од Гинисовата книга не е само лично достигнување, туку и извонредна пресвртница во историјата на расата Нелоре и генетското подобрување во целина, рече одгледувачот.

Оваа крава го собори Гинисовиот рекорд откако беше продадена за 4,8 милиони долари.

Кравата Нелоре се карактеризира со светло бело крзно, лабава кожа и грпка.

Кога бебето почнува да си го препознава името?

Во текот на првата година од животот, кај едно бебе има доста пресвртници, а можеби едно од најбитните нешта е она кога ќе почне да го препознава и да одговара на довикнувањето на неговото или нејзиното име.

Според науката, препознавањето имиња се случува поради тн. „рецептивен јазик“ што вклучува обработка на изговорените зборови и гласови. Така, оваа уникатна радост за родителот кога малечкото ќе ја сврти главата откако ќе го чуе своето име, обично се јавува неколку месеци пред првиот роденден. Меѓутоа, важно е да се забележи дека бебињата своите јазични вештини ги развиваат секое во различно време, пишува списанието „Перентс“ (Parents).

Повеќето бебиња почнуваат да го препознаваат своето име на возраст меѓу четири и девет месеци. Штом бебето ќе ја совлада оваа вештина, може да се забележи дека тоа продолжува да го гледа возрасниот – или други реакции, кога и некој да го повика по име.

Родителите веројатно ќе забележат и други промени поврзани со говорот пред тоа. На возраст меѓу четири и шест месеци, на пр., бебето обично веќе може да почувтвува промени во тонот кога нелкој му зборува, според Американското здружение за говор, јазик и слух (АСЛХА).

Не’ очекува космичка експлозија видлива со голо око, се случува еднаш во 80 години

Небесниот танц меѓу две ѕвезди оддалечени 3.000 светлосни години ќе резултира со толку силна експлозија што ќе биде видлива со голо око со денови, изјавија во петокот астрономите од Универзитетот Нотингем Трент.

Експлозијата што се случува еднаш во животот во системот T Coronae Borealis ќе се појави како светла нова ѕвезда на ноќното небо, пред да избледи и да исчезне повторно во следните 80 години.

Професорот Даниел Браун објаснува дека овој небесен настан се нарекува „нова“, кога сјајот на ѕвездата брзо се зголемува.

Според него, не е лесно да се предвиди кога ќе се случи тој настан, но верува дека тоа би можело да се случи во секое време до септември.

„Почестени сме, ќе видиме т.н нова ѕвезда на небото“, рече Браун, посочувајќи дека T Coronae Borealis всушност не е една ѕвезда, туку две ѕвезди кои орбитираат една околу друга.

„Сега е време за уште една ваква експлозија за T Coronae Borealis, чија светлина од 11 mag, едвај видлива на темното небо, ќе се зголеми на 2 mag, споредлива со ѕвездите во Големата Мечка и ќе биде видлива со голо око дури и на загадено небо. „Новата“ ќе стане видлива во близина на соѕвездието Херкулес.

Астрономите објаснуваат дека овие „нови“ во суштина се како водородни бомби.

Популарно