Пијан возач направил сообраќајна несреќа во српскиот град Нови Сад кога со автомобил се забил во паркирани возила.
Инцидентот се случил во населбата Мишелук.
Два автомобили се оштетени, а медиумите пишуваат дека е чудо што никој не е повреден.
Снимката од несреќата на која се гледа како луѓе во последен момент успеваат да го избегнат возилото кое брза кон нив е објавена на социјалните мрежи.
Возачот имал 1,4 промили алкохол во крвта по што е уапсен.