Измени во Законот за работни односи: новини во договорот за вработување, годишниот одмор на работниците, испратнината…

Измените на Законот за работните односи се во собраниска процедура. Предлагач на измените е Владата на РМ. Со измените се воведуваат повеќе новини во врска со договорот за вработување, годишниот одмор, исплатата на приправниците, пробната работа, испратнината.

Со членот 1 од измените се доуредува прашањето со кое се проширува забраната за дискриминација на работниците вработени на определено време, и тоа забраната да не се однесува само на условите на вработување, туку и на сите права и обврски од работен однос.

Со членот 2 се пропишува дополнителна заштита за дете под 15 години возраст, или дете кое не завршило задолжително образование, во смисла истото да може да учествува во активности кои со закон е утврдено дека може да ги извршува, не подолго од 2 часа дневно, односно не подолго од 12 часа неделно, а за време на училишен распуст не подолго од 6 часа дневно, односно не подолго од 30 часа неделно, при што задолжително треба да му се обезбедат две непрекинати работни недели на одмор.

Со членот 3 се намалува времетраењето на рокот за пријавување на јавниот оглас од 5 работни дена на 3 работни дена.

Членот 4 предвидува обврзувачка содржина на договорот за вработување, со што работниците со потпишување на договорот точно ќе ги знаат правата и обврските во согласност со договорот за вработување.

Со членот 5 се намалува периодот на пробна работа од 6 на 4 месеци.

Со членот 6 се допрецизира причината кога работодавачот мора да го предупреди работникот во постапка пред откажување на договорот за вработување, односно при постоење на лична причина на страна на работникот.

Со членот 7, со кој се дополнува членот 76, се дава правен основ престанокот на работниот однос од деловни причини да се врши врз основа на критериуми утврдени со колективен договор и критериуми за заштита на инвалидни лица, самохрани родители и родители на деца со посебни потреби.

Со членот 8 се врши утврдување на рокот во кој работникот треба да го подобри своето работење (15 дена) од приемот на писменото предупредување дадено од страна на работодавачот. Со ова се воведува разумен рок со цел да се избегнат злоупотребите од страна на работодавачите отказот да го даваат набрзо/непосредно по дадено предупредување.

Со членот 9 се врши прецизирање во членот 88, кој ги уредува минималните отказни рокови, при што во случај на откажување на договорот за вработување од страна на работникот, отказниот рок е еден месец, но само во случаи по писмено предупредување и ако не настанала некоја од причините предвидена со членот 100 (необезбедување на работа повеќе од 3 месеци, исплаќање на намалена плата најмалку 3 месеци, необезбедување на заштита при работа на работникот откако ја побарал и сл.).

Во членот 10 се изедначуваат роковите за застареност на отказот на договорот за вработување поради причини на вина на страна на работникот со рокот на застареност од лични причини.

Со членот 11 се дополнува членот 96 со одредби со кои се обезбедува заштита од злоупотреба од страна на работодавачот при отказ на договорот од деловни причини, како и дополнителна заштита на работникот на кој му престанал договорот за вработување од деловни причини со давање на приоритет за вработување при потреба за вршење на истите работи.

Со членот 12 се менува членот 97, со кој се регулира исплатата на испратнината во случај на откажување на договорот за вработување од деловни причини, при што висината на испратнината се зголемува од 12,5 % до 25 % во зависност од годините поминати во работен однос.

Со членот 13 се менува ставот 3 од членот 104, со кој се прецизира рокот за поднесување на писмена изјава за продолжување на договорот за вработување.

Со членот 14 се врши измена на членот 114, односно се зголемува процентот на минималниот износ на плата за приправник од 40 % на 70 %.

Со дополнувањето на членот 128 се допрецизира значењето на терминот соодветна храна за работник кој работи ноќно време, преку утврдување на надоместок на трошоци за исхрана во висина од 20 % од просечната нето-плата по работник исплатена во Република Македонија во претходната година, и тоа само за деновите кога работникот работи ноќе (член 15). Со истиот член се прецизира дека работникот не може да се распореди на ноќна работа доколку нема јавен превоз, а работодавачот не обезбедува услови за превоз до и од работа.

Со членот 16 и со бришењето на ставот 3 од членот 138 се овозможува еднаквост на правото на користење на годишен одмор на работниците кои работат шест дена во неделата со работниците кои работат пет дена во неделата.

Со членот 17 се надминува неусогласеноста на ставот 3 од членот 141 со ставот 2 од истиот член во поглед на времетраењето на делот на годишниот одмор кој треба да биде искористен во текот на календарската година за која се дава одморот.

Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во 3, Османи во 15, Таравари и Димитриевски во по една

Гордана Силјановска Давкова, претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ, на вчерашниот прв круг избори за шеф на државата, победи во 60 општини во земјава, кандидатот на СДСМ Стево Пендаовски освои најмногу гласови три, Бујар Османи од ДУИ во 15, а Арбен Таравари од Вреди и Максим Димитриевски од ЗНАМ во по една општина. 

Гордана Силјановска Давковска победи во: Аеродром (51,48 %), Берово (54,92 %), Битола (48,44%), Богданци (49,59 %), Босилево (57,61 %), Брвеница (33,54 %), Бутел (43,91%), Валандово (50,29 %), Василево (60,18 %), Вевчани (56,15 %), Велес (53,57 %), Виница (56,71 %), Гази Баба (53,68 %), Гевгелија (52,62 %), Ѓорче Петров (51,58 %), Градско (64,27 %), Дебарца (57,06 %), Делчево (47, 08 %), Демир Капија (54,77%), Демир Хисар (52,92 %), Дојран (52,58 %), Зелениково (53,35 %), Зрновци (61,15 %), Илинден (62,96 %), Јегуновце (47,49 %), Кавадарци (50,84 %), Карбинци (61,22 %), Карпош (40,82 %), Кисела Вода (57,67 %), Кичево (39,84 %), Конче (57,85 %), Кочани (53,10 %), Кратово (62,84 %), Крива Паланка (47,05 %), Кривогаштани (54,84 %), Лозово (53,09 %), Македонска Каменица (50,96 %), Македонски Брод (55,86 %), Могила (63,48 %), Неготино (49,02 %), Новаци (61,88 %), Ново Село (56,84 %), Охрид (53,89 %), Петровец (59,05 %), Пехчево (53,97 %), Прилеп (51,42 %), Пробиштип (52,03 %), Радовиш (56,34 %), Ранковце (54,34 %), Ресен (47,64 %), Росоман (51,36 %), Свети Николе (57,63 %), Сопиште (49,44 %), Старо Нагоричане (37,59 %), Струмица (47,06 %), Центар (39,98 %), Чашка (32,70 %), Чешиново-Облешево (58,93 %), Чучер Сандево (36,35 %) и во Штип (53,44 %),

Стево Пендаровски освои најмногу гласови во: Крушево (43,02 %), Маврово и Ростуша (44,04 %) и во Центар Жупа (34,95 %).

Бујар Османи победи во: Арачиново (53,51 %), Боговиње (55,33 %), Врапчиште (58,02 %), Дебар (49,88 %), Долнени (32,95 %), Желино (49,45 %), Липково (56,83 %), Пласница (66,91 %), Сарај (55,49 %), Струга (39,38 %), Студеничани (50,54 %), Теарце (41,30 %), Тетово (37,91 %), Чаир (40,65 %), Шуто Оризари (37,11 %)

Арбен Таравари освои најмногу гласови во Гостивар (32,26 %), а Максим Димитриевски во Куманово (22,89 %). 

Времето денес со повремени врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег.

Локално, врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Од петок следува период на претежно стабилно и потопло време со пораст на температурите на воздухот.

Популарно