Дознајте колку долго треба да се допишувате при запознавањето, а колку е сепак премногу?!

Запознавањето преку социјалните мрежи е прифатлив начин на запознавање луѓе кој инаку тешко можат да се сретнат, но постои и низа замки во кои можете да се вплеткате.

Сте запознале интересна личност преку интернет, се допишувате со денови, имате пеперутки во стомакот поради тоа што речиси сте сигурни дека тој\таа е вистинскиот\та? Им се случува тоа на многумина, бидејќи онлајн состаноците се и како замки во кои лесно може да паднете – тврди Ели Џи Финкел од Универзитетот Нортвестерн.

Психолог, со својот тим спроведе истражување за да се открие зошто овој начин на запознавање се разликува од оној традиционалниот – во живо, очи во очи. Заклучокот на истражувачите беше дека е прифатлив начин на запознавање на луѓе кои инаку тешко би можеле да се сретнат, но дека постојат низа замки во кои можат да се вплеткаат.

Првиот проблем – преголемо потпирање на профилот на потенцијалниот партнер. Тие се полни со податоци од лексиконот – за музика, омилен филм, книга, што и не е пресудно за сериозна врска. Истражувањата покажуваат дека во текот на интернет запознавањето луѓето често не знаат какви особини да очекуваат од партнерот, иако се убедени дека знаат. Во прилика на средбата во жив, се покажува дека тотално им се неважни карактеристиките кои претходно се барале во профилот.

Ели Џи Финкел наведува дека вториот проблем е тоа што во морето профили луѓето стануваат пребирливи и никогаш не се задоволни. Склони се на заклучоци дека сигурно постои уште некој подобар од нив во сите нив.

Третиот најчест проблем е тоа што предолгото допишување доведува до поголеми очекувања и идеализација. Истражувачите открија дека „куцкањето“ порака подолго од три недели е контрапродуктивно. Студијата покажа дека сите кои првпат се нашле по месец или два допишување, се помалку задоволни за повеќе разочарани.

Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти

Танчерки во бели „пачка“ фустанчиња се собраа вчера во њујоршкиот хотел „Плаза“ за да го соборат светскиот рекорд во танцување на прстите.

Меѓу танчерките имаше девојчиња на возраст од девет до 19 години кои се натпреваруваат за стипендии, но и професионални танчерки. На музика од Петар И. Чајковски, балерините се префрлаа од едната нога на другата и обратно - на прсти и со поголема брзина. Тоа движење се нарекува „бурè“ на француски и девојките го правеа тоа цела минута.

Тина Ши, претставничка од „Гинисовата книга на рекорди“, го објави резултатот: „Имаше 353 девојки, тоа е нов Гинисов рекорд. Честитам!“.

Претставата е организирана од американската младинска програма за стипендии за балет „Јут Америка гранд при“, којашто ја прославува својата 25-годишнина со три вечерни изведби во „Линколн центарот“ за изведувачка уметност. 

Руси поставија светски рекорд со скок со падобран

Истражувачи од Русија минатата недела поставија светски рекорд со скок со падобран спуштајќи од Земјината стратосфера над Северниот Пол. Мисијата служеше и како тест за нов прототип на комуникациски систем за употреба на Арктикот, изјави денеска организаторот Никита Цаплин.

Падобранците Михаил Корниенко, Александар Линик и Денис Јефремов скокнаа од авион „Иљушин-76“ на височина од 10.500 метри и слободно паѓаа две и пол минути пред да ги отворат своите падобрани на 1.000 метри од земјата. Сите тројца падобранци паѓаа со брзина од повеќе од 300 километри на час, на температура некаде и околу -50 Целзиусови степени, според Цаплин.

Михаил, Александар и Денис слетале во близина на руската поларна база „Барнео“.

Инаку, стратосферата е слој од атмосферата на Земјата којшто се протега од 10 километри (околу 8 километри на Земјините полови) до 55 километри. Комуникациите на Арктикот ќе стануваат сè поважни бидејќи Русија, САД и Кина се натпреваруваат за ресурси, трговски патишта и воена предност.

– Нашето решение засега е прототип, но сепак се поврзавме со сателитот од нашиот сервер и го извршивме преносот на податоци… Направивме мали чекори во таа насока и тоа беше нашата задача, рече Цаплин.

Компанијата, или системот „Иридиум“ – именувани по реткиот хемиски елемент, работи така што сателитите за комуникација се поставуваат во ниската орбита на Земјата – на височина од околу 781 километар (наместо вообичаените 33.000 км). На тој нов современ начин податоците се пренесуваат на помалите компактни уреди за илјадити дел од секундата.

„Најубава станбена зграда во светот“ се наоѓа во Хрватска

Објектот е изграден во 2021 година, а вкупната негова квадратура е 1.969 квадратни метри. Главен белег на поголемите апартмани се кујните на предната страна, коишто може да се користат како трпезарии. Становите се прилично светли и имаат нетипично богат просторен стандард за современото домување, се наведува во описот.

Приземјето е малку повисоко од станбените катови и е целосно застаклено, поделено со врати, што му дава достоинство на јавен простор. На истото приземје, има и пекара и кафуле споени едно до друго. 

Популарно