Знаци дека пиете премногу кафе

Ретки се оние кои го започнуваат денот без кафе. Добрата вест  за зафисниците од кофеин е што кафето нуди многу здравствени придобивки, како што се подолг животен век и намален ризик од деменција. Меѓутоа, ако претерате со оваа напивка, може да дојде до негативни последици кои можеби и сте ги почувствувале досега, но не сте ги поврзале со кафето. Секако дека не мора да се откажете од овој пијалака, само водете сметка да на претерате со дневната количина. Ова се знаците дека пиете премногу кафе.

Вознемирени сте

Може да станете нервозни од премногу кафе, бидејќи кофеинот го стимулира средишниот нервен систем додека истовремено го покачува нивото на адреналин, допамин и глутамин.  Оваа комбинација може да доведе до тегоби, нервоза, забрзано срцебиење и раздразливост, па дури и лутина.

Енергијата ви паѓа во текот на денот

Кафето може многу брзо да ве разбуди и да ви даде многу енергија, но кога ќе се потроши таа енергија ќе дојде силен пад. Некои истражувања покажале и како кофеинот може да ја уништи продуктивноста, што доведува до одбегнување на работните обврски.

Често одите во тоалет

Кофеинот е диуретик што значи дека по пиењето кафе почесто ќе уринирате, особено ако не пиете кафе толку често. Иако истражувањата покажуваат дека не можете да дехидрирате од кафе, вистина е дека ако не пиете доволно вода, вашето тело нема да биде доволно хидрирано.

Распоредот на спиење ви е нарушен

Експертите се согласуваат дека кафето може да го наруши сонот и да го намали неговиот квалитет, како и неговото траење. Дури и да пиете кафе 6 часа пред спиење, може да ви се случи да не заспиете навечер. Кафето исто така може да го наруши дневниот ритам на вашиот организам, поради што ќе се чувствувате многу уморно и забавено во текот на денот.

Популарната пеачка на никој не му останува должна

Поради  објавеното „порно“ видео на Дара Бубамара се огласи Сека Алексиќ, експресно возврати Дара Буба Мара.

ИакоСека не ја прозва директно својата колешка, но се претпоставува дека пораката била наменета токму за нејзе.

-Поединци да се изгаснат од социјалните мрежи, напиша Сека.

Меѓутоа, реакцијата на Бубамара била многу пожестока. Таа исто така коментарот не го насочи директно кон Сека Алексиќ, но се верува дека пораката се однесувала токму за нејзе.

-Дебела, дудлај го тој клип и ќути, напиша Дара БУбамара.

Напиток кој го закрепнува целиот организам

Ви препорачуваме  да пробате мешавина од цвекло и морков, а ако ви станува мака уште на самата помисла на оваа комбинација, не сте единствени.

Веќе со децении наназад овој сок им се препорачува на сите оние кои одат на хемотерапија, бидејќи совршено се бори против сите последици од ваквиот вид на лекување на карциномите. Иако сите велат дека има грозен вкус, никој сепак не престанал да го пие бидејќи резултатите се фантастични.

Токму затоа велат дека овој сок буквално „подига од мртвите“ – и не е наменет само за оние кои имаат здравствени проблеми.

Доколку се чувствувате преморено, немате енергија и депресивни сте, можеби токму овој домашен сок е она што ви е потребно.

Се подготвува многу едноставно:

Состојки:

– 1 кг цвекло

– 1 лимон

– 1/2 кг моркови

– 3 портокали

– 3 јаболки

– 1 килограм мед

Подготовка:

Сите состојки едноставно исчистете ги и ставете ги во блендер. Ќе добиете сок со црвена боја, кој потоа може да го распределите во шишиња или тегли, внимавајте тоа да не бидат пластични садови. Смесата би требало да ја чувате во фрижидер. Сокот дава најдобри резултати доколку го консумирате наутро, на празен желудник и доволно е само половина чаша.

А ако го пиете овој сок секој ден, веќе за десетина дена ќе почувствувате неверојатни промени, пред се кога се работи за вашата енергија, но и вашето расположение.

Со овој тип на овошје бидете внимателни

Иако има доста благотворни дејства цитронот, со него треба да бидете многу внимателни доколку пиете лекови, бидејќи оваа комбинација може да предизвика несакани реакции.

Предностите на цитронот се бројни, – го штити срцето така што го намалува лошиот холестерол, го зајакнува имунитетот бидејќи изобилува со витамин Ц, го забрзува метаболизмот… Сепак бидете многу внимателни со ова овошје доколку пиете лекови бидејќи само еден цитрон дневно е доволен да предизвика несакани дејства од медикаментите.

Бидете особено внимателни кога пиете лекови кои се користат за намалување на холестеролот. Според извештајот на американската агенција за храна и лекови, паралелното консумирање на цитрон и лекови за намалување на холестеролот, го зголемува ризикот од заболување на црниот дроб, бубрезите и опасноста од откажување на мускулите.

Не се проблематични само овие лекови. Во потенцијално опасната група се и лековите за крвни садови и за заболено срце. Цитронот реагира и со лековите кои се препишуваат за анксиозност, заболување на централниот нервен систем, инфекциите на уринарниот тракт.

Затоа, пред да започнете со консумација на ова прекрасно овошје, проверете дали тој има штетно влијание на лековите кои ги користите. Најчесто во упатството на лекови е наведено доколку со одреден лек не се препорачува да консумирате цитрон, но и доколку не е наведено вие консултирајте се со вашиот лекар или доколку терапијата е кратка тие денови избегнувајте го ова овошје.

Популарно