(ВИДЕО) Потресна сцена на гробиштата во Скопје: Вака навивачите на „Црвена Ѕвезда“ се простија од младиот Драган

Навивачите на Црвена Ѕвезда, популарно наречени Делии, денеска на градските гробишта Бутел во Скопје, се простија од нивниот пријател Драган Крстев, во навивачки дух, со навивачка песна и со запалени факели.

Видеото е објавено на официјалната ФБ страница на Спона-Културно-информативен центар на Србите во Македонија.

Драган Крстев (24) од скопската општина Кисела Вода почина вчера додека играл фудбал на едно од игралиштата во населбата. Момчето се пожалило дека му е лошо и паднало на земја, по што веднаш била повикана брза помош. Лекар, кој бил присутен во близина се обидел да му пружи прва помош, но момчето не покажувало знаци на живот.

Крстев бил член на навивачката група „Комити“. На групата „Комити Кисела Вода“ на Фејсбук е напишано:

„Нашиот пријател и другар – Драган Крстев, ненадејно го напушти овој свет. Голема трагедија и огромна загуба. Драган беше поим за верност и знаеше како треба да се сака еден клуб. Сочувство до неговата фамилија и најблиските. Почивај во мир, пријателе…“

Немој да бараш да се вратам во Македонија!

По не знам кој пат го завршувам разговорот на Скајп со моите со нивното фамозно прашање „Кога ќе се вратиш тука?”

Немам повратен одговор, го избегнувам прашањето и се трудам да не одговорам, не сакам, не затоа што не можам, туку знам дека мојот одговор нема да им се допадне. Во главата само си помислувам „За што да се вратам?”

Во земјата каде имаш професори кои се помалку те инспирираат, каде што најчесто подлизурковци, со третокласно знаење стануваат искомплексирани асистенти, кои потоа своите фрустрации ќе ги истураат врз студентите.

Каде секој втор збор е мито, каде секој гледа да стигне до диплома и да фати врски за вработување. Каде што образовниот систем продуцира полуписмени студенти кои подоцна ќе бидат причина за катастрофални грешки?

Каде да се вратам, каде што ќе работиш како стока од утро до мрак, за без пари, богатејќи го ненаситниот газда кој ќе ти ги додели сите позиции од шофер, до бебиситер, преку шопинг асистент на неговата сопруга, кои секако не влегуваат во твојот работен опис, а притоа нема да добиеш ни трошка почит?

Таму каде што треба да си го продадам гласот, да си го дадам задникот на закуп под кирија и да играм по ноти кои не ми се мили на увото. Таму каде што нема воопшто да го ценат мојот морал, интегритет, мојот квалитет и моите вредности, таму каде што ќе ме претворат во едно безлично, бесчувствително суштество кое ќе стане дел од една корумпирана елита која не носи ништо ново?

Каде да се вратам, каде што самохрани мајки се бркаат од работа само затоа што не се гласачи на една партија, каде што студентските легла се полни со деца на големци, а оние кои со социјална помош пуштаат деца да учат ги отпишуваат затоа што становите им се прескапи.

Онаму каде што интелектуалната елита краде од народот, а студентите се оставени со сиромашни оброци, да гладуваат по студентски домови, додека да стигнат до она што го сонуваат. Каде да се вратам, во тие кучешки услови, сите би сакале поинаку, но каков избор имаме. Не дека е подобро, туку тоа е поевтино. Се жртвуваме себеси, само за да поминеме поефтино. Нели е тоа трагично?

Таму каде што ако бидеш храбар и го кажеш она што го мислиш, а тоа е поразлично од толпата ќе бидеш јавно обвинет и исплукан поради своите верувања. Каде што секој знае се од сите области и треска со рацете на слави по масата, за да се истакне да биде виден од другите. Каде што повишен тон од некој на позиција се цени повеќе од делата на оној паметниот кој се ќе сработи во тишина?

Каде да се вратам, каде што веќе луѓето немаат мотивација, половина од нив заради тоа што немаат да јадат леб, а половина поради тоа што веќе кренале раце по сите неправди на кои биле сведоци. Каде што се трошат пари за глупости, а умираат деца од примитивни болести?

Каде да се вратам?

Престанав да се борам со ветерници, застанав да исправам криви Дрини. Мене срцето ми се кине што мора да биде вака, но ние нормалните, оние колку што останавме не можеме да го искорениме неморалот и алчноста за моќ и пари, тоа безредие кое владее во таа нивна шефовска хиерархија. Колку и да ми недостигате, кога ќе стигнам таму и повторно ќе се соочам, кога ќе видам ништо не се променило ми доаѓа само да ве прегрнам и да го фатам патот за назад.

Овде можеби не цветаат рози и не врнат пари од небото, но барем има некаков ред. Правилен начин по кој се живее еден живот, а ако нешто сакав во животот, тоа беше секоја единка да има достоен живот. Нешто што кај нас со текот на времето, за жал стана луксуз.

Приказна од која ќе ви растрепери душата: „Понекогаш немаме храна но јас готвам било што, само тој да јаде“(ВИДЕО)

Азур и Омер Хусејновиќ, момчиња кои ги оставила мајка им, ја раскажуваат својата тaгa и ја отвориле својата детска душа.

Мајка им со сестра им отишла во Германија, а тие останале да живеат со татко им, раскажуваат во емисијата „Исполни ми ја желбата“.

Престојуваат во колективниот центар Караула, во Живинице ( град во североисточна Босна и Херцеговина, јужно од Тузла) , а покрај тоа што условите за живот се тешки, децата се и неизмерно тажни, осамени и повредени бидејќи нивната мајка заминала и не мисли да се врати.

-Кога тато оди да работи, тогаш брат ми нешто ќе направи да јадеме-вели десетгодишниот Азур.

-Понекогаш немаме храна но јас готвам било што , само тој да јаде-раскажува дванаесетгодишниот Омер.

На овие момчиња Азур и Омер најголема желба им е семејството повторно да биде заедно, а мајка им со нивната сестра да се врати, да ги гушне и бакне.

Австралија бара тработници од Македонија

Ако барате работа во странство, Австралија ви нуди широк спектар на најразлични работи. Она што ви е потребно се добро познавање на англискиот јазик и работна виза.

Во Австралија платите се движат од 3.900 до 4.800 евра. Ако добро го познавате англискиот јазик и имате барем три години работно искуство на пола од патот сте на најдете солидно платена работа.

На листата најбарани работи се менаџери, медицински работници па до тесари, бравари и водоинсталатери.

Работата како медицинска сестра е платена околу 3.000 евра, лекарите 4.500 додека оние помалку квалификувание околу 2.500 евра.

Иако платите се солидни во Австралија не се исплати да изнајмите сами стан. Цените се приближно исти како на оние кои отплаќаат рата за кредит за куќа, во просек изнесува околу 330 евра.

Покрај Австралија, Македонците одат и во Канада, каде се најбарани медицинските сестри, а работата како лекар е платена до 10.000 евра.

За работна виза во оваа земја се чека околу 6 месеци, па за почеток е добро да земете туристичка виза. Постојат два вида на виза, една се добива од работодавачот а другата е карактеризирана како програм за миграција на општоквалификувани работници и виза за оние кои немаат гаранција од работодавачот.

За работна виза по електронски пат преку VEVO подносителите мораат да иматт помеѓу 18 и 45 години и мораат да имаат положен тест за познавање на англискиот јазик.

За програмерите златна оаза е Америка каде се платени овие стручњаци па стигнуваат идо 6.000 евра . Исто така барана е работата како спасувачи и бебиситери.

Популарно